RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ПОТЕКЛОТО НА МОРАЛНОСТА
Среда, 18 Јануари 2012
Слика
НАМИРИСАЈТЕ ГО ПАТОТ ДО СРЕЌАТА
Понеделник, 08 Ноември 2010
Слика
СЕКСУАЛНОСТА И СПИРИТУАЛНОТО
Вторник, 27 Декември 2011
Слика
УБАВИ, А ДИСКРИМИНИРАНИ
Четврток, 24 Февруари 2011
Слика
КАКО ДА БИДЕТЕ ПОСРЕЌНИ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
СИТЕ СМЕ МУТАНТИ?!
Вторник, 12 Јули 2011
Слика
СЛОБОДНАТА ВОЛЈА Е МОТИВИРАЧКА
Среда, 21 Септември 2011
Слика
ТРЕНИНГ ЗА УСПЕШНА ВРСКА
Четврток, 15 Септември 2011
Слика
ТЕРОРИСТИТЕ НЕ СЕ ЛОШИ ЛУЃЕ
Среда, 10 Август 2011

Разумот е како некоја јавна тајна која може да стане позната на секого во секое време; тоа е она тивко место каде што секој може да влезе преку својата мисла.

Карл Јасперс


Сваштарник


НЕ МИСЛЕТЕ НЕГАТИВНО ЗА ДА СИ ГИ РЕШИТЕ ПРОБЛЕМИТЕ PDF Печати Е-пошта
(3 гласови, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 8101 пати
Петок, 22 Јуни 2012 01:00

Ако сте постојано задумани и размислувате за вашите негативни чувства, таквата состојба ќе влијае врз битни аспекти на вашите способности за решавање на проблеми. Непосредната дистракција од таквите чувства ќе ви ги зголеми капацитетите за решавање на проблеми.

дистракција

Ова го тврди една нова студија направена од отсекот за Психологија на Универзитетот во Мејн. Во неа учествувале 51 испитаник на кои има било дадено да изгледаат краток видео материјал кој требало да предизвика тажни чувства кај нив. Откако го изгледале, оние учесници кои непосредно по краткиот филм си направиле дистракција од ваквиот стресор покажале подобра способност да продолжат кон решавање на проблеми во споредба со оние учесници кои веднаш по видео материјалот се препуштиле на размислување за она што го гледале.

гледање во лошо расположение

Професорката на Мејн, Лира Јун, заедно со професорката Јута Јурман од отсекот за Психологија на Унивезитетот во Мајами, откриле дека не се работи за специфична стратегија за емоционална регулација, туку за добриот тајминг на примена на стратегијата е критичниот фактор кој предизвикал намалување на тажните чувства и отворил пат за ефективно решавање на проблемите. Јун и Јурман ги објавиле своите наоди и во списанието Когнитивна Терапија и Истражување.

 дистракција со мобилен телефон

„Без оглед дали учесниците се препуштиле понатаму на дистракција или на размислување за темата, оние кои одговориле на индуцираното предизвикување на негативно расположение со иманентна дистракција продуцирале поефективни решенија за интерперсоналните проблеми во споредба со учесниците кои на индукцијата на негативно расположение одговориле со руминација. Задуманоста немала штетен ефект врз решавањето на проблеми ако личноста иницијално реагирала со дистракција. Иницијалниот период на дистракција, значи, изгледа дека ги штити индивидуите од штетните ефекти на руминацијата врз решавањето на проблеми.“ - пишуваат Јун и Јурман.

 млад човек во руминација

Според авторките, овие наоди може да обезбедат подобар увид во релацијата помеѓу руминацијата и депресијата. Слабото решавање на интерперсонални проблеми може да одведе кон повисоки нивоа на интерперсонален стерс, кој понатаму го зголемува ризикот од депресивна епизода. Импликациите за подобрување на терапијата во ваква ситуација може да вклучат не само таргетирање на стратегиите за решавање на проблемите директно, ефективна интервенција кога се работи за третман на депресија, туку и да им помогнат на индивидуите да пристапат кон правовремена дистракција.


дистракција

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.