RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ФИНАНСИСКА ТЕРАПИЈА
Вторник, 12 Април 2011
Слика
ДЕЛФИНИТЕ СЕ БУДНИ И ДОДЕКА СПИЈАТ
Понеделник, 15 Ноември 2010
Слика
ПОДОБРЕТЕ ЈА МОЗОЧНАТА ФУНКЦИЈА!
Понеделник, 21 Ноември 2011
Слика
СЛИКИ АНАЛГЕТИЦИ
Среда, 09 Март 2011
Слика
ЗОШТО СМЕ СИТЕ ЛУДИ
Вторник, 23 Ноември 2010
Слика
КОЈА БОЈА ГИ ПРИВЛЕКУВА МАЖИТЕ?
Вторник, 27 Септември 2011

„Цивилизацијата започна кога за прв пат некој гневен човек фрли збор наместо камен“

Зигмунд Фројд


Сваштарник


ЕФЕКТОТ НА ВРЕМЕНСКИТЕ ПЕРСПЕКТИВИ PDF Печати Е-пошта
(2 гласови, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 7419 пати
Среда, 16 Мај 2012 18:52

Луѓето кои живеат во сегашноста, гледаат со топлина на минатото и ја антиципираат иднината се веројатно најсреќни.

 балансирање со времето

Рајан Хаувел, истражувач од Државниот Универзитет во Сан Франциско, заедно со своите колеги, открил дека имањето на „балансирана временска перспектива“ може да ги направи луѓето поведри, поблагодарни и позадоволни од својот живот.

Според него, ако сте преекстремни или се потпирате премногу само на една од овие перспективи, тоа станува штетно за вас и може да се приклоните кон многу деструктивни типови на однесување. Затоа најдобро е временските перспективи да ви се балансирани.

човек со часовник 

Хаувел смета дека избалансиран однос кон минатото, сегашноста и иднината е неопходен за да се оптимизира чувството на добросостојба.

„Ако кај вас доминира еден од аспектите, тогаш сте многу ограничени во некои ситуации. За да се справите со некоја ситуација, потребна ви е когнитивна флексибилност. Ова е и веројатно причината зошто луѓето со избалансирана временска перспектива се најсреќни“ – рече тој.

 временски перспективи

Персеверацијата или поминувањето премногу психолошко време во било која од овие димензии може да ја лимитира индивидуалната способност да се тргне нанапред. Убаво е да се имаат пријатни спомени од детството, на пример, но да се поминува премногу време со мислите во присетување на минатото може да ве спречи да уживате во сегашноста.

персеверација за минатото

Исто така, можеби е супер да си се частите убава вечера, но таквото „живеење во моментот“ секоја вечер, може да ве спречи да си ги остварите целите во иднината.

Иако нема доволно истражувања, експертите веруваат дека луѓето можат активно да вршат „ребаланси“ на нивните временски перспективи. „Ако сте премногу ориентирани кон иднината, добро е да си дадете оддишка и да се опуштите и уживате во сегашниот момент.“ предлага Хаувел. „Ако сте пак премногу хедонистични и целосно го живеете моментот, можеби е време да почнете да планирате некои идни цели.“

 скокање од среќа

Хаувел ја води Лабораторијата за Личност и Добросостојба. Тој и неговите студенти собираат податоци за нивните истражувања преку интернет. Се надеваат дека нивните резултати ќе им помогнат на луѓето да ги зголемат предностите од избалансираните временски перспективи во областите од нивен интерес.

Тие имаат изградено сајт на кој има повеќе кратки тестови и прашалници, особено за потрошувачките навики и вредности и нивната поврзаност со среќата.

Од аспект на потрошувачите, промоторите на производи би очекувале луѓето со одредени временски перспективи да бидат многу по склони кон тоа да се решат да купат нешто кое се совпаѓа со нивната временска перспектива.

 временски патокази

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.