RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ВИСТИНСКА ПРИКАЗНА ЗА ПРИВЛЕЧНОСТА
Понеделник, 03 Октомври 2011
Слика
ФОРЕНЗИЧКА ПСИХОЛОГИЈА
Понеделник, 18 Јули 2011
Слика
ПОЛОТ И МОЗОКОТ
Понеделник, 30 Јануари 2012
Слика
КАЛЕНДАР НА ТАЖНИ ДЕНОВИ!
Четврток, 17 Ноември 2011
Слика
СРАМЕЖЛИВЦИТЕ УМИРААТ МЛАДИ
Понеделник, 01 Ноември 2010
Слика
И МОМЧИЊАТА, ЖРТВИ
Четврток, 03 Март 2011

Луѓето се многу поморални отколку што си мислат и далеку понеморални отколку што можат да си замислат.

Зигмунд Фројд


Сваштарник


6 РАЗЛИЧНИ НАЧИНИ НА КОМУНИКАЦИЈА МЕЃУ МАЖИТЕ И ЖЕНИТЕ PDF Печати Е-пошта
(3 гласови, просечно 4.00 од можни 5)
прочитано 17885 пати
Среда, 04 Април 2012 23:11

Мажите и жените се различни на многу начини. Тие го гледаат светот преку сосема различни перспективи. Клучот за разбирање на нивните разлики е во начинот на кој тие комуницираат.

комуникација мажи жени

Еве шест важни разлики во комуникацијата за кои треба да бидете свесни, ако сакате да ја поправите комуникацијата со вашите партнери или да ја направите поефективна.

1. Зошто да се зборува?

Според него, комуникацијата треба да има јасна цел. Зад секој разговор постои проблем кој треба да се реши или поента која треба да се изнесе. Комуникацијата не нешто кое се употребува за да се дојде до коренот на дилемите што е можно поефикасно.

 двојка во разговор во кревет

Таа ја употребува комуникацијата за да открие како се чувствува и што е она што сака да го каже. Гледа на разговорот како акт на споделување и можност да се зголеми интимноста со нејзиниот партнер. Преку споделувањето, таа се ослободува од негативните чувства и ја зацврстува врската со човекот кој го сака.

2. Колку треба да се каже?

Тој и дава приоритет на продуктивноста и ефикасноста во неговиот живот, па ни разговорот не е исклучок. Кога тој раскажува некоја случка, веќе ги има средено деталите во својата глава, и ги споделува оние кои смета дека се есенцијални за приказната. Тој можеби се прашува, „Зошто жените имаат потреба толку многу да зборуваат?". Многу често, тој може и да ја прекине жената додека зборува откако слушнал доволно за да понуди некакво решение.

 маж и жена разговараат

Таа ја користи комуникацијата за да ги истражи и организира своите мисли – да ја открие поентата на случката. Таа можеби и нема точно да знае која информација е неопходна или непотребна се додека зборовите не излезат на површина. Но, жената нужно не значи дека бара решение кога ќе иницира разговор. Таа во најчест случај бара некој да ја слушне и да разбере како се чувствува.

разбирање

3. Што значи да се слушне?

Тој е навикнат да слуша активно. Кога жената ќе иницира разговор тој по автоматизам претпоставува дека таа бара совет или помош. Тој се ангажира околу жената, филтрирајќи се што ќе каже таа преку такви леќи кои велат „Што всушност може да се направи околу оваа работа?". Да научи да слуша стрпливо – не само пасивно – не е лесна работа за него.

разговор покрај езеро

Таа гледа на разговорот како на делотворна цел сама по себе. Ако се почувствува доволно слушната или разбрана можеби нема да и треба понатамошна акција за да го реши проблемот или да ги „направи работите подобри". Фактот што е слушната ја намалува анксиозноста и ја отапува болката од негативните чувства. Споделувањето со некој кој ја разбира и ја сака ја оздравува однатре и ја оспособува со потребните емоционални алатки да се справи со предизвиците на надворешниот свет.

пар разговара на кауч

4. Кога Таа се чувствува лошо ...

Тој ќе сака да го реши нејзиниот проблем директно, како пожарникар. Дури и ќе се чувствува нестрплив да го изгаси огнот што е можно побрзо. За него најбрзиот начин да се изгаси огнот е да продуцира решенија. На пример, затоа што сака да биде обезбедувач за својата сопруга, може да го сфати нејзиното расположение лично и да се брани себеси. Може да ги слуша работите буквално, не сфаќајќи дека кога неговата сопруга е вознемирена ќе ги користи зборовите како средство за истражување и изразување на тешките емоции.

пожарникар

Со користење на зборовите како алатки за истражување и изразување на своите тешки емоции кога е вознемирена, таа ги обработува нејзините негативни емоции и се ослободува од нив. Она што го цени е поддршката и негата, најисполнувачки за неа е споделувањето, соработката и заедништвото. Кога тој ќе покаже интерес за неа со поставување на грижливи прашања или со израз на искрена загриженост таа се чувствува сакана и згрижена. На ваков начин тој ја исполнува нејзината примарна љубовна потреба.

двојка разговара на кревет 

5. Кога Тој се чувствува лошо ...

Тој честопати ќе се повлече во неговата „пештера" (станувајќи тивок и повлечен) кога е вознемирен или под стрес. Неговото „пештерско време" е како краток одмор: го редуцира стресот заборавајќи на проблемите и се фокусира на работи како гледање телевизија, читање весници или играње видео игри.

 

човек јаде и гледа тв

Тој може дури и да избегнува комуникација со својата партнерка за време на лошото расположение. Ако таа биде упорна со прашања на грижа или критика, тој ќе се повлече уште повеќе, плашејќи се дека партнерката не му верува доволно дека може сам да се справи со своите работи. Но, ако таа е полна со подршка и разбирање, тој ќе се поврати од ваквата состојба и ќе биде емоционално попристапен, грижлив и полн со љубов.

грижа

Таа може да ја интерпретира тишината која доаѓа од нејзиниот партнер како знак дека го разочарала или пак дека го губи. Инстинктивно ќе се обиде да го негува низ неговиот проблем со поставување на цела низа грижливи прашања. Или пак, може да реагира дефанзивно со страв дека нејзината потреба за здрава отворена комуникација не е респектирана во врската.

Конечно, таа може да направи многу повеќе преку респектирање на неговиот простор, со што ќе му покаже дека му верува дека ќе се справи сам со неговиот проблем. Довербата е еден од најголемите подароци кои може да му ги понуди. Во меѓувреме треба да направи нешто исцелувачко за себе за да не и се појават чувства на одбивност откако тој ќе излезе од „пештерата".

маж лежи на кауч

6. Комуникацијата се распаѓа кога ...

Тој се чувствува како да му кажуваат што да прави. Најважната работа за еден маж е сознанието дека добро прави некоја работа. Кога неговата компетентност се става под знак прашалник, тој не само што ќе се почувствува повреден, туку и ќе изгради ѕид на отпор, па комуникацијата почнува да се распаѓа. Секој маж посакува околина во која тој е експертот. Наместо да му се каже, „Ти треба ова да го направиш", во секој случај подобар одглас ќе се постигне со „Што мислиш дека треба со ова да се направи?". Ако сакате да направите подобар човек од него, тогаш откажете се од пристапот да му кажувате што да прави.

кавга

Таа слуша од својот партнер дека нејзините проблеми не се толку реални и итни како што и изгледаат во тој момент. Нејзиниот партнер можеби си мисли дека и помага со тоа што и обезбедува „појасна слика на реалноста" како на пример: „Правиш од мува слон" или „Премногу емоционално реагираш на оваа работа." Нејзе тоа може да и изгледа како тој да се обидува да ги минимизира нејзините чувства или пак да ја одврати од тоа да ги има.

Мажите и жените посакуваат да ги задоволат своите партнери, но може да ја промашат метата затоа што е навистина тешко да се разберат и прифатат различните начини на комуникација на партнерот. На мажите и жените им е потребна едукација за нивните разлики за да им помогне во нивните врски, за да не завршат во исфрустрирана состојба на одбивност и чувство на заглавеност. И двете страни мора да се потрудат да ја добијат, на овој или оној начин. Преку читање на книги за тоа, искрена комуникација или пак барање на професионални совети од психолози.

 машко женска комуникација

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.