RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ШТО Е ЕМОЦИОНАЛНО НАПУШТАЊЕ?
Четврток, 25 Октомври 2012
Слика
НОВОГОДИШНА АФЕРА
Понеделник, 03 Јануари 2011
Слика
ИГРИЦИ ЗА ДОБРИ ОДЛУКИ
Четврток, 27 Јануари 2011
Слика
САМО НЕ ПАРИТЕ
Вторник, 08 Февруари 2011
Слика
ПОМАЛ IQ ЗА САМОУБИСТВО
Понеделник, 31 Јануари 2011

„Рационализацијата може да се дефинира како себезалажување со помош на разумот“

Карен Хорнај


Сваштарник


НЕРАСПОЛОЖЕНИ? ЈАДЕТЕ ЦРВЕНО МЕСО! PDF Печати Е-пошта
(2 гласови, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 4956 пати
Петок, 23 Март 2012 00:14

Доколку црвеното месо е во помали количини на вашата трпеза од препорачаните, може да станете депресивни и анксиозни, особено ако сте женско.

девојка јаде ражнич 

Вонредниот професор Феличе Јака и колегите од австралијанскиот институт за здравство Баруон Дикин го истражуваше односот помеѓу потрошувачката на говедско и јагнешко месо и присуството на депресивни и анксиозни нарушувања кај повеќе од 1000 жени од регионот Џилонг во Австралија. Резултатите се објавени во тековната издание на списанието Психосоматска Психотерапија.

разно црвено месо 

„Иако во почетокот се мислеше дека црвеното месо не може да биде добро за ментално здравје, имајќи ги во предвид бројните студии од многу земји кои покажале дека црвеното месо може да биде поврзано со ризици за физичкото здравје, по изработувањето на оваа студија излегува дека всушност може да биде многу важно", рече вонредниот професор Јака.

 анксиозна жена

„Кога ги проанализиравме резултатите од нашата студија за жените кои консумираат помала количина на црвено месо од препорачаната, откривме дека тие имаат двојно поголема шанса да бидат дијагностицирани како депресивни или анксиозни во споредба со оние кои ја консумирале препорачаната количина.

 депресивна девојка

Дури и кога го зедовме во предвид целокупниот степен на здрава исхрана на жените, како и други фактори како што се нивниот социо-економски статус, ниво на физичка активност, пушењето, телесната тежина и старост, поврзаноста помеѓу малата количина на црвено месо во исхраната и менталното здравје остана." - објасни Јака.

 заби закачено во црвено месо

„Она што е многу интересно е дека не се покажа некоја врска со друга форма на протеини како што се пилешкото, свинското, рибиното месо или пак некои протеини базирани на зеленчуци, со менталното здравје.

пилешки ражнич 

Вегетаријанството не се покажа како објаснување исто така. Само 19 жени од вкупниот број во студијата беа вегетаријанци, а резултатите беа сосема исти кога ги исклучивме од анализата во студијата" – рече професорката Јака и нагласи дека веројатно не е добра идеја и да се претерува со црвеното месо.

 вегетаријански оброк

Имајќи ги во предвид резултатите од оваа студија, професорката Јака верува дека препорачаната неделна доза за јадење на црвено месо би можела да го поттикне нашето ментално здравје.

 дози црвено месо

„Од поодамна е познато дека севкупниот квалитет на вашата исхрана е важен за менталното здравје. Но се чини дека умереното јадење на посно црвено месо, кое отприлика би било околу 3-4 мали, во големина на една дланка порции неделно, може да се покаже исто така како важно" – рече Јака и исто така препорача дека секогаш кога е тоа можно, би било добро да се јаде месо од животни кои пасат свежа трева.

девојка јаде живо црвено месо 

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.