RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали го лажете ликот во огледалото?
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ШТО Е ЕРОТСКИ КАПИТАЛ?
Вторник, 08 Февруари 2011
Слика
МРАВКИТЕ ВОДАТ
Четврток, 23 Декември 2010
Слика
ГЕН ЗА АУТИЗАМ
Понеделник, 07 Февруари 2011
Слика
СМЕЕЊЕ ЗА ДОБАР АПЕТИТ
Четврток, 20 Јануари 2011
Слика
МУЗИКА И ЕМОЦИИ
Вторник, 01 Февруари 2011

„Рационализацијата може да се дефинира како себезалажување со помош на разумот“

Карен Хорнај


Сваштарник


КАКО ДА ИМ ОДОЛЕЕТЕ НА ИСКУШЕНИЈАТА PDF Печати Е-пошта
(2 гласови, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 9361 пати
Петок, 16 Март 2012 17:35

Ако се обидувате да ги избегнете искушенијата, престанете да се борите и едноставно опуштете се.

 лого стоп

Во едно ново истражување, истражувачите од Универзитеот од Илиноис откриле дека луѓето кои се „активно" мотивирани да си ги сменат лошите навики, може не само да си го поплочуваат патот кон неуспех во тоа туку и да се однесуваат импулсивно. Додека оние кои употребуваат „неактивни" зборови, како запирање или пауза, се порелаксирани, и во крајна смисла, поуспешни.

 опуштање во природа

„Нашето истражување покажува дека состојбата на опуштеност е подобра во справувањето со повикот на искушенијата“ – вели Долорес Алберасин професор по психологија на наведениот универзитет.

Студијата, опишана во списанието Мотивација и Емоција, открива дека луѓето кои се бодреле со зборови кои повикуваат на акција биле многу по склони од другите да носат импулсивни одлуки кои ќе ги поткопаат нивните долгорочни цели. Спротивно на нив, оние кои користеле зборови како „одмори" или „запри" полесно им се спротивставувале на импулсивните одлуки.

 стоп знак самоконтрола

„Според популарните погледи на самоконтролата индивидуите треба да пројават сила на волјата, да се изборат со искушенијата, да ги надминат желбите и да си ги контролираат импулсите ако сакаат да бидат успешни во контролата на сопственото однесување. Иронично, во овие ситуации луѓето честопати се борат да не направат нешто – на пример, да не изедат некое парче торта" – изјави апсолвентот Џастин Хелпер, еден од предводниците на студијата заедно со Алберасин.

 девојка со парче торта

Во студијата, истражувачите сакале да утврдат дали успешната самоконтрола вклучува активно следење на целите или пак луѓето се поуспешни ако ги одложуваат некои постапки. За да го утврдат ова, направиле два експерименти.

Во првиот, ги изложиле доброволците на зборови кои сугерираат акција, како започни или активен, или неактивност, како запри или паузирај. Потоа тие ги тестирале во однос на самодовербата преку мерење на подготвеноста да се откажат од непосредна монетарна награда во замена за поголема која би дошла подоцна.

 самодисциплинирање

Во вториот експеримент истражувачите исто така ги поттикнувале доброволците со зборови на акција или неактивност а потоа ги тестирале колку можат да си ги контролираат импулсите преку видео игра.

 тастери самоконтрола

Истражувачите откриле дека и во двата експерименти, доброволците кои биле мотивирани да бидат активни многу почесто ја одбирале непосредната награда а исто така покажувале и послаба контрола на импулси во споредба со оние кои биле поттикнувани на неактивност.

 човек со сендвич

Ова покажува дека луѓето кои се обидуваат да се мотивираат себеси на активност кога се соочуваат со некое искушение всушност се ставаат себеси во позиција да постапуваат импулсивно. Од друга страна, мотивирањето на неактивност или смирувањето на себеси е можеби најдобриот начин да се справите со импулсивните постапки, заклучи Хелпер.

 човече со вклучено исклучено

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.