RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ЗОШТО СМЕ СИТЕ ЛУДИ
Вторник, 23 Ноември 2010
Слика
СИНДРОМ НА РОДИТЕЛСКА ОДБИВНОСТ
Вторник, 18 Октомври 2011
Слика
ЧУВСТВИТЕЛНИ МОМЦИ
Вторник, 11 Јануари 2011
Слика
ВИСТИНАТА ЗА ИНТЕРНЕТ ЗАВИСНОСТА
Четврток, 29 Септември 2011
Слика
ШТО СЕ ФЛЕКСИ-СЕКСУАЛКИ?
Среда, 16 Март 2011
Слика
10 ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ ЗА ОРГАЗМОТ
Среда, 26 Септември 2012

„Ако единственото нешто што го поседувате е чекан, тогаш секој проблем ви се гледа како клинец“

Абрахам Маслов


Сваштарник


ЕДНОСТРАНАТА РОМАНТИКА И ПРИЈАТЕЛСТВОТО PDF Печати Е-пошта
(4 гласови, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 10142 пати
Петок, 02 Март 2012 21:14

Кога едниот од пријателите ќе признае дека е „загреан" за другиот, а таквото чувство не е взаемно, пријателството навистина може да биде во опасност.

 маж и жена пријатели

Неретко, пријателствата се рушат во вакви околности, но според Хајди Ридер професор за комуникации, не секогаш.

Истражувачкиот тим на Ридер сакал да разбере што го разликува пријателството кое се распаѓа од она кое опстојува откако едниот од пријателите ќе признае дека е заинтересиран за другиот во поромантична смисла.

изненадена жена и јадење

Тие ги прашале и заљубените и посакуваните за времето кога нивното пријателство било на крстопат или да преживее или да се распадне по обелоденувањето на чувствата. Потоа, ги споредиле факторите кои биле присутни кај оние чие пријатество преживеало со факторите кај оние оние чие пријателство се распаднало. Статистички гледано, истражувачите откриле дека постојат јасни разлики.

маж зборува со жена во црвено

Кај пријателствата што опстанале:

  • Пријателите активно се труделе околу пријателството. Ова можеби и изгледа како да се подразбира, но некои луѓе се посклони да го прекинат пријателството по ваква објава. Истражувачите нагласија дека мора свесно да се трудите да правите нешта кои го одржуваат пријателството, особено кога е ранливо. Треба вербално да се афирмира важноста на пријателството и да се продолжи со истото однесување и активности како и пред тоа.

пријатели после џогинг

  • Пријателите искрено сакале да останат пријатели. Дали некоја индивидуа вистински сака да го одржи пријателството, дури и ако не може тоа да премине во романтична врска, е прашање кое секој сам мора да си го одговори. Ако пријателството не било значајно, тоа најверојатно нема да ја совлада оваа пречка.

 пријатели јадат лубеница

  • Пријателите го прифатиле фактот дека чувствата не се взаемни. Ова е навистина добар став, без оглед дали сте заљубениот или посакуваниот, да прифатите дека чувствата едноставно не се исти и да преминете преку тоа.

 машко и женско пријатели

  • Пријателите го сметале пријателството за „цврсто" пред објавата. Едно добро прашање кое може да се постави пред да се објави вакво нешто е :„Дали ова е цврсто пријателство?" Цврстите и долготрајни пријателства се со поголеми шанси да ја пребродат бурата, додека новите пријателства се многу поранливи.

 маж и жена разговараат со кафе

  • Пријателите го перципирале пријателството како „отворено" пред да се случи објавата. Ако пријателите претходно веќе разговарале искрено за работи како сопствени несигурности, други врски, соништа и цели, шансите дека пријателството ќе се одржи се многу поголеми отколку кај оние луѓе кои немале вакви интимни разговори.

пријатели

Кај пријателствата кои се распаднале:

  • На пријателите им станало незгодно, биле засрамени или се чувствувале неудобно. Избегнувајте ја непријатната тишина, одбегнувањето на погледите и бескрајните извинувања.

загрижена девојка

  • Заљубениот продолжил да се надева дека другиот на крајот сепак ќе возврати. Истражувачите предупредуваат да се избегнуваат прашања од типот :„Па што ми фали, зошто не ме сакаш?"

 маж подарува јаболко на жена

  • Посакуваниот признал дека порано имал романтични чувства за заљубениот или пак навестил дека такви чувства може да се појават во иднина. Во ваква ситуација не е време да се правите фини, барем не на овој начин. Тоа само ќе им даде лажна надеж.

 пријатели на кафе

„Сосема е во ред да се биде во ваква ситуација. Обидете се да не се обвинувате себеси, а исто така и да не ја обвинувате другата страна. Може да го зачувате пријателството ако се придржувате до некои совети и останете смирени" – вели Ридер.

 срце пронижано со стрела

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.