RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО ПСИХАГОН

Слика
ИМЕТО КАЖУВА МНОГУ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА ХАРИЗМА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ВАШЕТО ТЕЛО Е ВАША ПОРАКА
Понеделник, 19 Март 2012
Слика
ТОП 10 МЕНТАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
СИТЕ СТРАНИ НА ЉУБОВТА
Вторник, 31 Јануари 2012
Слика
КАКВИ СЕ КРЕАТИВНИТЕ ЛУЃЕ?
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
ОЧИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
6 ЧЕКОРИ ДО ПОГОЛЕМА САМОДОВЕРБА
Вторник, 08 Ноември 2011
Слика
ПОВЕЌЕ ПАРИ, ПОНЕСРЕЌЕН БРАК
Среда, 26 Октомври 2011
Слика
КАКОВ БИЛ СЕКСОТ ПРЕД ТРИ ВЕКА?
Петок, 03 Декември 2010
Слика
ШТО Е СИНЕСТЕЗИЈА?
Сабота, 11 Декември 2010
Слика
КАКО ДО ПОГОЛЕМО СЕКСУАЛНО ЗАДОВОЛСТВО
Понеделник, 03 Октомври 2011
Слика
7 СОВЕТИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА СВЕСТА
Понеделник, 05 Декември 2011
Слика
САБОТАЖА НА РАБОТНОТО МЕСТО
Вторник, 18 Октомври 2011
Слика
МАШКО ИЛИ ЖЕНСКО?
Четврток, 30 Декември 2010

„Повеќето од сликите кои ги имаме за реалноста врз кои го базираме нашето однесување всушност се темелат на посакувани искуства“

Алберт Бандура


Сваштарник


БЕСПЛАТНО! НО ПО КОЈА ЦЕНА? PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 3356 пати
Сабота, 30 Октомври 2010 15:25

Постои една волшебна цена која не ја вреднуваме како останатите. За разлика од другите цени, штом ја видите неа излудувате од желба да го купите предметот на кој таа се наоѓа. Таа не тера да правиме чудни работи и си игра со нашиот ум. Таа цена е... "БЕСПЛАТНО"!

купон за пица

Замислете дека треба да купувате преку Интернет. Која од овие две понуди би ја одбрале (изберете брзо):

•    Бесплатен ваучер за подарок во вредност од 10 $
•    Ваучер од 7 $ за подарок во вредност од 20 $.       

Доколку размислувате како и сите останати во истражувањето спроведено од Шампанер и Ариели (2006) тогаш ја избравте бесплатната опција, првата. Сепак, од економска гледна точка, таа е бесмислена. Кога ќе погледнете малку подобро всушност доаѓате до заклучок дека подобра е втората опција, со која добивате подарок во вредност од 13 $, но ова е закамуфлирано со самото прашање. Самиот збор "бесплатно" ја елиминира секоја рационалност кај нас.

Сега споредете ги овие две понуди и решете која би ја избрале:

•    Ваучер за подарок во вредност од 10 $ кој чини 1 $.
•    Ваучер за подарок во вредност од 20 $ кој чини 8 $.  

Ако сте како повеќето испитаници (64%) во студијата на Шампанер и Ариели (2006) ќе го изберете ваучерот за подарок во вредност од 20 $.

ваучер за подарок

ЗБУНУВАЧКАТА МОЌ НА ЗБОРОТ "БЕСПЛАТНО"

Доколку обрнете внимание ќе видите дека цената на секој ваучер за подарок се зголеми за 1 $. Ваучерот за подарок во вредност од 10 $ е првин бесплатен (0 $) а потоа чини 1$, додека пак ваучерот за подарок во вредност од 20 $ прво чини 7, а во вториот обид 8 $. Сепак без збунувачката моќ на зборот "бесплатно" врз нашиот рационален ум, повеќето одненадеж сфаќаат дека понудата од 20 $ е подобра, и решаваат да вложат во неа како поисплатлива.

ЕМОЦИОНАЛНАТА МОЌ НА "БЕСПЛАТНО"

Ова значи дека зборот "бесплатно" е толку моќен што своеволно избираме полоша понуда. Зошто еден толку едноставен збор има толкава моќ? Шампанер и Ариели тврдат дека има две главни причини зошто "бесплатно" има толкава моќ, и двете се од емоционална природа. Она што е "бесплатно" прави да се чувствуваме добро и нема никакви негативни ефекти; со самото тоа што не сме го платиле, нема што ни да изгубиме доколку се испостави дека сме згрешиле. Така да е навистина тешко да се чувствувате лошо за нешто што е "бесплатно".   

За да го проверат емоционалното влијание на "бесплатно" научниците замолија 243 учесници да назначат колку задоволни ги направија следниве понуди:

1.    Бесплатно чоколадо "Херши".
2.    Чоколадо "Херши" за 1 цент.
3.    Чоколадо "Линдт" (со повисок квалитет) за 13 центи.
4.    Чоколадо  "Линдт" (со повисок квалитет) за 14 центи.

Резултатите покажаа дека луѓето беа многу позадоволни кога "Херши" чоколадото е бесплатно, во однос на тоа дека чини само еден цент помалку. За споредба, испитаниците беа само малку посреќни кога "Линдт" чоколадото беше 1 цент поефтино.

девојка со чоколадо

ЕДЕН + ЕДЕН ГРАТИС

Ова итекако добро го разбираат маркетинг професоналците и стручњаците за рекламирање веќе со децении наназад. Со самото тоа што ќе се вметне зборот "бесплатно" се зголемува привлечноста на одреден производ, дури и кога, строго земено, не добивате ништо бесплатно.

Помислете на насекаде присутните понуди од типот "купи еден, добиј еден гратис" во кои ништо не сте добиле бесплатно – само ги плаќате предметите по половина цена. Иако и половната цена е добра, таа сепак не звучи толку добро како "бесплатно", нели?

Бидете свесни за заводливата моќ која зборот "бесплатно" ја има врз вашиот ум – и можеби ќе решите дека не сакате да ја платите таа цена.

бесплатни карти

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.