RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ВИРУСИ ЗА КОНТРОЛА НА МОЗОКОТ
Вторник, 20 Декември 2011
Слика
ТРЕТО ОКО
Вторник, 12 Април 2011
Слика
МОЗОК И МУДРОСТ
Петок, 31 Декември 2010
Слика
ШТО Е ДЕПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА?
Вторник, 12 Април 2011
Слика
МЕЃУСЕБНА ИНХИБИЦИЈА
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
КАКО ДА СТАНЕТЕ ВОЕН ПСИХОЛОГ?
Среда, 26 Октомври 2011
Слика
СО ПОЗИТИВНИ МИСЛИ ДО ЗДРАВЈЕ
Четврток, 01 Декември 2011
Слика
ШТО Е ДВОЈНА ДИЈАГНОЗА???
Понеделник, 19 Септември 2011

Никогаш не сме толку беспомошни како кога сме заљубени.

Зигмунд Фројд



ШЕФОТ ШТЕТЕН ЗА БРАКОТ PDF Печати Е-пошта
(1 глас, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 4214 пати
Вторник, 10 Јануари 2012 12:29

Шефовите лесно можат да ви го расипат бракот и тоа без воопшто да се запознаат со вашиот партнер.

кавга

Стресот и тензијата што ги предизвикува насилниот шеф, има многу негативно влијание врз бракот на подредените.

"Веројатно тоа е така затоа што малтретирањето на работа ја зголемува тензијата во врската. Тогаш вработениот е помалку мотивиран и тешко воспоставува позитивна интеракција со партнерот и остатокот од семејството", објаснува водачот на студијата Мередит Фергусон од универзитетот Бејлор во Тексас.

raspravija

 

Во обид да го откријат вистинскот ефект од насилството на шефовите, нејзиниот тим истражувачи анкетирал 280 испитаници со полно работно време и нивните партнери. Просечното времетраење на врските било 10 години.

лош шеф

Резултатите укажале на тесна врска помеѓу несогласувањата во бракот и дрскиот шеф. Но, колку бил подолг бракот и колку повеќе деца имале испитаниците, толку послабо влијаел мобингот врз нивниот брачен живот.

Како најчести насилнички потези на надредените биле издвоени: истурање гнев врз вработените со подигнат тон, јавно критикување пред другите вработени и суров однос кон подредените.

мобинг

Една друга пообемна студија спроведена на универзитетот во Торонто, покажала дека речиси половина од 1.800-те испитаници ја носат својата работа дома, што има долгорочно влијание врз нивните семејни врски. Ефектот бил највидлив кај оние со поголем авторитет на работа.

ѓаволот носи прада

Постојат научни докази и дека мобингот е особено штетен по здравјето на луѓето. Резултатите од неколку други истражувања, покажале дека жртвите на насилни шефови имаат 2,5 пати поголеми шанси да починат во рок од 20 години како последица на хроничен стрес, во споредба со оние кои се изјаснуваат дека работат во горе-долу пријатна средина.

мобинг жени

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.