RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ЗАКОН НА ПРИВЛЕЧНОСТА
Среда, 13 Април 2011
Слика
БУБА КИБОРГ ОД ПЕНТАГОН
Петок, 10 Декември 2010
Слика
ЛАЖНА СРЕЌА
Среда, 02 Февруари 2011
Слика
ОТКРИЕН ГЕНОТ НА СРЕЌА
Вторник, 06 Септември 2011
Слика
МИТ ЗА ПОЛОВИТЕ
Понеделник, 19 Септември 2011
Слика
ОПШТ АДАПТАЦИОНЕН СИНДРОМ
Понеделник, 18 Ноември 2013
Слика
БОРБА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
Среда, 04 Мај 2011

„Повеќето од сликите кои ги имаме за реалноста врз кои го базираме нашето однесување всушност се темелат на посакувани искуства“

Алберт Бандура



НАЈДЕПРИМИРАЧКИ ПРОФЕСИИ PDF Печати Е-пошта
(1 глас, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 12931 пати
Вторник, 27 Декември 2011 22:23

Кај секоја работа постојат периоди кои можат да придонесат за појава на депресирачки состојби. Експертите ги утврдиле професиите кои се поврзани со постојан притисок и може да доведат до тешка депресија, доколку не се пронајде начин за адекватен одмор.

човек чита весник 

Негуватели на болни

11% од вработените како лични асистенти на луѓе со здравствени проблеми страдаат од тешка депресија. Работниот ден на негувателите на болни обично вклучува грижа за пациенти кои не можат да се грижат за себе самите и често не се во состојба да изразат благодарност кон оној што се грижи за нив. Дефинитивно ова е стресно за оние кои ја работат оваа професија.

негувател на старо лице

Келнери

Обично платите се ниски, а работата е исцрпувачка и непријатна. Келнерите постојано ги трпат луѓето да им велат што да прават, освен тоа треба да може да одговорат на физички напори и работа во текот на ноќта. 10% од оние кои работат како келнери страдаат од депресија. Од депресија се засегнати речиси 15% од жените кои работат во оваа област.

келнер

Социјални работници

Работата со малтретирани и проблематични деца и семејства на работ на финансиска или друга криза, во комбинација со бирократијата, придонесува за сместување на оваа професија меѓу стресните.

Медицински работници

Во оваа група влегуваат лекари, медицински сестри, физиотерапевти и други здравствени работници. Медицината е хумана, но и исклучително одговорна – вработените во здравството се одговорни за животот на пациентите. Секојдневните притисоци предизвикуваат високо ниво на стрес и склоност кон депресија.

медицинско лице

Секој ден медицинските работници се соочуваат со различни и тешки болести, повреди и смрт, што по една или друга причина влијае на нивната психа.

Уметници, писатели, актери

Луѓето кои се посветени на креативни професии често работат во изолација, што може да доведе до депресија. Освен тоа, доаѓаат и до периоди на креативен застој. Понекогаш се соочуваат и со многу ниско плаќање на трудот и мали можности за професионална реализација. Затоа изведувачите и уметниците често страдаат од биполарно растројство и депресија.

писател со проблеми

Наставници

Барањата кон наставниците постојано растат. Тие треба да се обидуваат да ги задоволат индивидуалните потреби на секој ученик. Навистина професијата на наставниците е една и од најодговорните, но и најстресните поради генерално ниската плата и по некогаш преоптеретувањето при работата со деца.

професор

Административен помошен персонал

Работата на канцелариските менаџери често е обемна и динамична, а истовремено потценувана од другите вработени во фирмата. Нивниот труд не им се признава, а тој го прави животот на сите останати колеги полесен.

администрација

Финансиски консултанти и сметководители

Професиите поврзани со работа со пари се едни од најдепресирачките. Само една минимална грешка на финансиски службеник може да доведе до огромни загуби и проблеми. Затоа и вработените во оваа област имаат стресно секојдневје, што во одреден момент може да доведе и до тешка депресија.

 сметководител

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.