RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
СМИСЛЕНА УЧТИВОСТ
Среда, 06 Април 2011
Слика
ПСИХО МОЗОК
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ГОРЧЛИВИ ГЕНИ
Понеделник, 01 Август 2011
Слика
СЕНКАТА
Среда, 06 Февруари 2013
Слика
СКРИЕНА ИЛИ МАСКИРАНА ДЕПРЕСИЈА
Вторник, 03 Септември 2013
Слика
НАСМЕВКА ЗА ПОДОБАР БРАК
Среда, 10 Ноември 2010
Слика
ДАЛИ ЖЕНИТЕ САКААТ КРЕТЕНИ?
Четврток, 17 Февруари 2011
Слика
СО ВЕЖБАЊЕ ДО ПОДОБАР СЕКС
Среда, 06 Април 2011

Постигнувањето во општеството се проценува со погрешно дефинираниот критериум според кој принудно сте ставени во позиција другите да ви определуваат колку сте успешни.

Алберт Бандура



ШТЕТИТЕ ОД ПРЕБУКИРАНОСТА СО ИНФОРМАЦИИ PDF Печати Е-пошта
(2 гласови, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 5024 пати
Четврток, 22 Декември 2011 15:23

Културата на модерниот бизнис мора да се менува, затоа што работниците денес се дават во море од информации кои ни од далеку не им се неопходни, тврдат експертите.

фрустриран работник 

Културата на модерниот бизнис мора да се менува, затоа што работниците денес се дават во море од информации кои ни од далеку не им се неопходни, тврдат експертите.

Корпорациите не се снаоѓаат најдобро во тоа да им помогнат на своите вработени полесно да го носат технолошкиот багаж, проткаен со дневни состаноци и постојана поврзаност, што доведува до покачени нивоа на стрес и психолошки болести и чини огромни средства.Психолозите и другите експерти во оваа област велат дека информациската презаситеност станува се поголем проблем за фирмите и се бара реалистичен одговор на проблемот.

жена монитори

Според еден неодамнешен извештај под покровителство на Хитачи, 40% од компаниите во Австралија и Нов Зеланд страдаат од информациска презаситеност, за разлика од 34% колку што биле пред само 2 години.Во овој извештај 81% од испитуваните компании го сметале ова прашање како многу битно, за разлика од 68% пред 2 години.

Др. Бен Сиарле, предавач на Психологија во Универзитетот Маскари, предупредува дека информациската презаситеност денес претставува голем извор на психолошки болести кои потекнуваат од работното место и очекува тоа да стане уште поголем проблем. Некои вообичаени решенија предложени од менаџерите, како на пример емаилите да се проверуваат само во одредени делови од денот се покажале како тешки за имплементација и честопати нефункционални.

information-overload1

„Овие солуции нема да работат ако вашата компанија навистина не им се посвети" – вели Сиарле. „Ако постои очекување дека одговорот на емаилот треба да стигне веднаш до другата страна, ваквото решение нема да работи." Според него, промените мора да настанат со темелно утврдување на нови политики во функционирањето и тие политики мора да дојдат и да се применуваат од горе.

Повеќето работници примаат по околу 36 пораки дневно и маса на други информации. Ако на ова ги додадеме социјалните мрежи, инстант месинџерите, дневните состаноци и секогаш присутниот телефон плус се поновите и понапредни технологии на кои вработените мора да се привикнуваат и учат за нив, ситуацијата станува алармантна.

information overload

Марк Петер, директор на технологија во ЛексисНексис минатата година направи истражување за ефикасноста на продуктивноста на интернационално ниво во кое утврди дека многу вработени достигнале „точка на кршење" со количеството на информации кое го примаат и постои голема потреба менаџерите да помогнат околу тоа. Петер вели дека повеќето работници признаваат дека преголемиот квантитет на информации се одразува на квалитетот на нивната работа, при што тие се деморализираат и се свртуваат кон менаџерите за насоки како да се снајдат.

„Има две клучни точки за ваквата информациона пребукираност" - вели тој. „Најголемиот дел од сите тие информации е ирелевантен за личноста која ги прима и втора точка, неможноста а честопати и непостоењето на системите и процесите и организациите да ги менаџираат информациите ефикасно."

Information-Overload

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.