RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ТАЈНА НА ДОЛГОВЕЧНОСТА
Среда, 16 Март 2011
Слика
ШТО Е СВЕСНОСТ?
Петок, 01 Април 2011
Слика
КАРАКТЕР И ПЛОДНОСТ
Среда, 09 Февруари 2011
Слика
МАЈМУНСКА ПРОСТИТУЦИЈА
Недела, 23 Јануари 2011
Слика
СИНДРОМ НА СКРШЕНО СРЦЕ
Четврток, 01 Декември 2011
Слика
НОВ ПЕРСОНАЛЕН РОБОТ
Сабота, 12 Февруари 2011
Слика
КАКО ДА ГО ПРЕЖИВЕЕТЕ РАСКИНОТ
Понеделник, 03 Октомври 2011
Слика
КАКО ПРОТИВ КРЕАТИВНАТА БЛОКАДА?
Четврток, 02 Февруари 2012
Слика
КОИ СЕ ПРВИТЕ ЖИТЕЛИ НА САД?
Понеделник, 18 Јули 2011

„Рационализацијата може да се дефинира како себезалажување со помош на разумот“

Карен Хорнај



КАКО ДА СЕ ЗБОГАТИТЕ PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 2993 пати
Четврток, 25 Ноември 2010 22:52

Сакате ли да дознаете како да се изборите за своето место под сонцето и да влезете во клубот на богатите луѓе?

збогатување

Тоа можете да го постигнете со силна верба дека дека имате контрола врз својата судбина, и така што ќе ја прифатите понудената помош од влијателните наставници и професори. До такви резултати се дојде по спроведената петнаесетгодишна студија врз луѓе кои ги надминаа сите социјални и економски пречки на патот до успехот.

сиромашно семејство

Студијата, опишана во "Патеки до успехот" (Harvard University Press), споредува 60 луѓе кои сами се пробиле во животот наспроти 40 личности од привилегирани семејства со сличен успех. Првите не само што беа повеќе мотивирани и отворени за помош, туку и беа порешителни да ја искористат секоја шанса за напредување во кариерата, да ја напуштат незадоволителната работа за подобро платено работно место, да создаваат нови работни места, и да ги претворат неуспесите во успеси.

богато семејство

Но пребрзото искачување на врвот си има своја цена. Оние кои сами се збогатиле имаа поголеми шанси да се грижат за иднината за разлика од наследниците од богатите семејства. Исто така, меѓу нив имаше повеќе бивши пушачи или алкохоличари; помала беше веројатноста дека ќе се оженат и дека ќе ги одржат контактите со своето семејство. И покрај сето ова, луѓето кои сами се пробиле имаа тенденција да бидат поголеми алтруисти. Најголеми алтруисти од сите беа припадничките на женскиот пол со црна боја на кожата, кои најмногу беа погодени од семејното отуѓување.

Опра Винфри

Ко-авторот на студијата, проф. Др. Чарлс Харингтон, гледа на овие наоди како на еден вид завештание на способноста на самостојните богаташи да ги искористат социјалните ресурси. "Патот до успехот функционира како спирала," вели Харингтон. "Учителот или менторот му овозможува на студентот да дојде до нагорна линија, и студентот започнува да се искачува се погоре и погоре, до највисоките скалила на успехот."

пат до успехот

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.