RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
СПРАВЕТЕ СЕ СО ДРДОРКОВЦИ
Сабота, 22 Јануари 2011
Слика
ПРОЗОРЕЦ КОН ИНТИМАТА
Петок, 08 Март 2013
Слика
БРАКОТ И ПРОСТУВАЊЕТО
Среда, 30 Март 2011
Слика
МАРКЕТИНГ И СЕ Е МОЖНО
Понеделник, 19 Декември 2011
Слика
ЖИВОТИНСКИ ЕМОЦИИ
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
МАЖИТЕ И НИВНАТА ОПСЕСИЈА - ГЕЏЕТИ
Понеделник, 14 Ноември 2011
Слика
ОД ПОГРЕБ ДО ОПШТЕСТВО
Четврток, 03 Февруари 2011

„Кој гледа нанадвор, сонува. Кој гледа навнатре, се буди“

Карл Јунг



РАБОТНИ МЕСТА ЗА ИНТРОВЕРТНИТЕ PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 5967 пати
Среда, 12 Октомври 2011 16:23

Најдоброто работно место за луѓе што сакаат да бидат сами...интровертите!

интроверт

Еве едно објаснување за некои од најдобрите работни места за луѓето кои сакаат да бидат сами.

Типови на интроверти според Шаткин:

- Реалистичен тип

- Љубопитен тип

- Уметник

- "Друштвен тип"

- Авантуристички тип

- Конвенционален тип

интровертна девојка

Значи, ако сте "уметнички тип на интроверт", ќе бидете најсреќни кога работите затоа што самата работа ви дозволува да творите. Најдобрата работа за "друштвените интроверти" се оние кои "се дружат" со луѓето со тоа што работат сами.

Меѓутоа, наместо да се фокусираме на различните видови на интроверти, еве неколку видови на работа која би одговарала за луѓето кои сакаат да бидат сами.

работа од дома

Самовработување, хонорарна работа или работа од дома

Може да се каже дека работењето од дома е најдобра за луѓето кои не сакаат друштво. Има луѓе кои сакаат да работат, да пишуваат и им одговара да работат за самите себеси. Ако сте талентирани интроверти (се занимавате со пишување, монтажа, графички дизајн итн.), и имате самодисциплина, мотивација за независна работа како и способност да се инвестира година или две во сопствениот бизнис, тогаш самовработувањето е вистинскиот избор за вас.

работа во канцеларија

Онлајн кариера

Ако добро се снаоѓате како блогер или сакате да објавувате статии на интернет, имате можност за минимална интеракција лице во лице и многу време за вас. Вистинските работни места за луѓе кои сакаат да пишуваат вклучуваат и други полиња за работа, не само пишувањето.

работа на интернет

Контролор на воздушен сообраќај

Еве една интересна идеја: Ако сте контролор на воздушен сообраќај, немате потреба од никаква комуникација со никого освен со пилотите но тој разговор се сведува на минимално разменување зборови. Нема никаква комуникација со други луѓе, тука сте само вие и пилотите и уште неколку луѓе кои само го слушаат разговорот бидејќи им треба информација за локацијата. И нема никаков дополнителен разговор – нема време за муабетење кога носите одговорност за стотици луѓе кои патуваат со авион.

контролор на воздушен сообраќај

Останати професии за луѓе кои сакаат да работат сами:

- Шофери

- Уметници

- Фотографи

- Програмери

- Чистачи/служители

- Чувари

- Истражувачи во лабораторија

- Занаетчии

уметник

Но, проблемот со ваквите работни места е дека не секој што е интровертен поседува вакви вештини. На пример, одлично е да работите како контролор на воздушен сообраќај, но треба да знаете како да го работите тоа и како да се снајдете со таа стресна ситуација. Затоа, прво секој треба да се пронајде себеси во работата што сака да ја има, а потоа да научи за можностите кои работата ги дава.

Неколку совети за интровертите

Запомнете дека за да ја пронајдете вистинската професија не треба само да знаете дека сакате да бидете сами, туку и да сфатите што знаете да работите, кои се вашите силни страни и што ве исполнува.

работа од дома

Исто така, никогаш нема да најдете работа каде што ќе бидете целосно сами. Наместо тоа, најдете работа каде ќе има минимална комуникација со луѓето. Ова е добра опција затоа што не мора да значи дека вие барате работа која целосно ве изолира вам од остатокот од светот. Постојат работни места, како на пример, писателството, кое целосно го изолира писателот. Но, од време на време, и писателот запаѓа во криза и бара друштво, затоа, внимавајте што посакувате!

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  

Коментари  

 
0 #1 RE: РАБОТНИ МЕСТА ЗА ИНТРОВЕРТНИТЕМики 21-11-2011 21:46
Само ви пропадна статијава. Очигледно е преведена од американски сајт и нема никаква реална основа со Македонија.

ВО Македонија неможе да се живее само со блогерство, неможеш да извадиш хонорар како фриленсер и неможеш да станеш КОНТРОЛОР ЗА ЛЕТАЊЕ (?!!!) преку ноќ...
Цитирај
 
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.