RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
10 ДЕЛОВНИ ГРЕВОВИ
Вторник, 04 Јануари 2011
Слика
РАКУВАЊЕ ЗА УСПЕХ
Среда, 29 Декември 2010
Слика
ДРУШТВЕНА АМИГДАЛА
Вторник, 01 Март 2011
Слика
5 ТИПОВИ НА ЖЕНИ
Понеделник, 05 Септември 2011
Слика
ТЕРАПИЈА СО ЗБОРУВАЊЕ
Четврток, 03 Март 2011
Слика
СМИСЛЕНА УЧТИВОСТ
Среда, 06 Април 2011
Слика
БИНГО ЗА СИРОМАСИ
Сабота, 18 Декември 2010

Постигнувањето во општеството се проценува со погрешно дефинираниот критериум според кој принудно сте ставени во позиција другите да ви определуваат колку сте успешни.

Алберт Бандура



КОЛЕГИТЕ ВИ ГО ПРОДОЛЖУВААТ ЖИВОТОТ PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 5519 пати
Четврток, 22 Септември 2011 15:25

Едно ново истражување ве потсетува дека треба да бидете благодарни на вашите пријатели на работа затоа што тие ви го продолжуваат животот.

колеги

Резултатите покажуваат дека поддршката од вашите колеги го намалува ризикот од смрт од било каква причина во текот на 20 години.

При истражувањето беа вклучени и други фактори кои можат да влијаат врз животот, како што е нивото на холестерол и крвниот притисок, конзумирањето алкохол, пушењето, вежбањето, полот и нивото на образование.

Поддршката што една личност ја добива на работа е показател за тоа колку тој/таа е социјално интегрирана на своето работно место, велат истражувачите од Универзитетот во Тел Авив, Израел.

колеги на прослава

Интересен е податокот дека не постои врска меѓу поддршката од надредените со намалениот ризик од смрт, што покажува дека врската помеѓу вработениот и директорот нема исто влијание врз здравјето на вработениот.

Во истражувањето беа вклучени 820 возрасни лица од Израел кои беа на постојан рутински преглед. Оние кои имаа проблеми со физичкото или психичкото здравје и оние кои имаа хронични болести беа отстранети од истражувањето. Испитаниците работеа на различни позиции, во финансии, осигурување, јавни услуги, здравство и производство. Просечното работно време на испитаниците им беше 8,8 часа.

колеги се возат

На почетокот на истражувањето, испитаниците пополнија анкета во врска со условите на нивното работно место, задачите и поддршката од колегите.

Испитаниците потврдија дека полесно ги завршуваат задачите ако имаат поддршка од колегите.

Истражувањето траеше од 1988 до 2008 година, а во овој период починаа 53 испитаници.

Врската меѓу поддршката од колегите и стапката на смртност беше најсилна кај испитаниците на возраст од 38 до 43 години.

колеги слават роденден

„Нашите податоци даваат придонес кон подобрувањето на здравјето на работното место." – пишуваат истражувачите. „Зголемената поддршка меѓу колегите на работното место може да го намали ризикот од смрт."

Сепак, треба да се продолжи со работа на случајот за откривање на механизмот позади оваа врска. Во секој случај, околностите на работното место влијаат врз здравјето. На пример, едно претходно истражување покажа дека продолженото работно време го зголемува ризикот за добивање срцев удар. Исто така, оние кои работат за мала плата имаат полошо психичко здравје отколку оние кои воопшто не работат.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.