RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
СПОРТ ЗА ФОКУСИРАНИ
Среда, 13 Април 2011
Слика
ПАРИ ИЛИ МОТИВАЦИЈА?
Сабота, 22 Јануари 2011
Слика
МЕРКАЊЕ ЗА НЕУСПЕХ
Понеделник, 28 Март 2011
Слика
3 ГОДИНИ ЛОЈАЛНОСТ
Вторник, 19 Април 2011
Слика
ДЕХИДРАЦИЈАТА ОПАСНА ПРИ СЕКС
Среда, 05 Октомври 2011
Слика
ТЕХНОЛОШКА ЗАВИСНОСТ
Понеделник, 07 Март 2011
Слика
4 ЧЕКОРИ ДО БЛАГОДАРНОСТА
Петок, 11 Ноември 2011
Слика
УТРОТО СЕПАК ПОМУДРО ОД НОЌТА
Понеделник, 03 Октомври 2011

„Токму она што го знаеме е тоа што не спречува да научиме нешто“

Клод Бернард



УМИЛКУВАЊЕТО НА ДИРЕКТОРОТ Е ДОБРА РАБОТА PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 3998 пати
Вторник, 20 Септември 2011 16:46

Едно ново истражување покажува дека умилкувањето на директорот не само што им помага на поединци да добијат унапредување, туку им го намалува и нивото на стрес.

лош шеф

Истражувањето, објавено во Journal of Management Studies, вели дека кога вработените ја користат политиката на работното место за подобро да се интегрираат, ја намалуваат критиката од страна на директорот како и останатите психолошки вознемирувања со кои останатите вработени треба да се справуваат.

Вработените кои се критикувани, често чувстуваат притисок на работното место, емоционален умор и депресивно расположение на работното место.

најдобар шеф

Критиката на работното место е возрасен начин на исмејување и често се објаснува како верување на поединецот дека е игнориран и омаловажуван од страна на нивниот надлежен или од страна на колегите на работното место.

Истражувачите анализирале една анкета од 2005 година направена врз 262 вработени со полно работно време и открија дека во период од 5 години, 66% од нив се почувствувале системски игнорирани од страна на колегите, а 29% изјавиле дека колегите намерно ја напуштале канцеларијата каде што ќе се појавеле тие.

унапредување

Претходните истражувања покажале дека критиката е интерперсонален фактор за стрес и може да предизвика психолошки стрес, кој понатаму се поврзува со проблеми во животот и други проблеми со физичкото здравје.

Во ова истражување, истражувачите ја разгледувале врската помеѓу критикувањето на работното место и психолошкиот стрес на вработените, со фокус на смирувачките ефекти на интеграција и вештините за преговарање.

канцелариски кловн

Истражувањето било направено врз вработени во две компании за нафта и гас од Кина, нивниот број бил околу 215.

„Нашите податоци покажуваат дека критикувањето на работното место е позитивно поврзано со психолошкиот стрес," – вели Хо Конг Кван, коавтор на истражувањето и докторант на менаџмент на Универзитетот Дрексел.

„Се покажа дека всушност умилкувањето на работното место го намалува стресот."

пијани шеф и вработен

Иако тактиката со умилкување делува успешно, авторите препорачуваат дека организациите треба да создаваат култура на работното место со која ќе се намали критиката.

Во овие тактитки можат да биде вклучена обука на менаџерите и вработените за тоа како да ја зголемат самодовербата, да станат подобри во решавањето на проблемите и да ги развијат вештините на преговарање.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.