RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ЗДРАВ ШОПИНГ
Вторник, 03 Мај 2011
Слика
ДАЛИ СТЕ САЈБЕРХОНДРИК?
Вторник, 13 Декември 2011
Слика
БУБА КИБОРГ ОД ПЕНТАГОН
Петок, 10 Декември 2010
Слика
МММ, ПОМФРИТ...
Недела, 23 Јануари 2011
Слика
ВЕЖБАЊЕТО ВЕ ПРАВИ ПОБИСТРИ
Среда, 31 Октомври 2012
Слика
МАГНЕТ ПРОТИВ МОРАЛ
Вторник, 08 Март 2011
Слика
ЖЕНИТЕ И МЕДИУМИТЕ
Четврток, 28 Април 2011
Слика
150 МИНУТИ НЕ ДЕЛАТ ОД КВАЛИТЕТЕН СОН
Понеделник, 28 Ноември 2011

Луѓето се многу поморални отколку што си мислат и далеку понеморални отколку што можат да си замислат.

Зигмунд Фројд



6 СОВЕТИ ЗА КОРИСЕН СТАВ КОН ПАРИТЕ PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 3918 пати
Среда, 07 Септември 2011 12:16

Денес, со ваква економија, не постои човек на планетата кој нема проблеми со парите. Дури и најбогатите луѓе на светот се плашат дека нивните богатства ќе бидат опустошени и дека нивните акции со текот на времето ќе опаднат, па дури и ако имаат 5 милјарди долари, ако само замислат дека таа сума може да се преполови, добиваат напад на паника. Не дека ние би знаеле, тоа е само претпоставка...

пари

Постои една книга од Карен Ли, се вика Станува збор само за пари, зошто мора да има толку проблеми?. Ли работи во финансискиот отсек од 1987 година. Во тој период, работела со стотици фамилии, поединци и мали бизниси за да им помогне да ги постигнат нивните финансиски цели. Исто така, таа е еден од финансиските експерти на CNN.

Еве 6 совети кои таа ги нуди за народот кој сака добро да ги искористи парите:

1. Пишувајте автобиографија за Вашите пари

Нашите веројатно би се викале: „Бев сиромашен/а. Потоа не бев. Сега пак сум. Крај." Но, таа сака детали. Таа предлага да започнете од најраното детство, од Вашите први спомени за парите. Запрашајте се што Ви се случило во животот за да Ви предизвика проблеми со парите и што Ве натера да измислувате цели финансиски филозофии. Со малку размислување, ќе станете свесни за Вашата врска со парите. Точно така. Тоа е една врска за која мора да бидеме свесни.

пишување

2. Признајте дека постои проблем

Ли не вели дека треба да се приклучете во некоја група за поддршка или слично. Но, мора да престанете да се лажете и да признаете дека постои проблем кој треба да се разгледа. Исто така, треба да дознаете зошто се појавил проблемот. Што и да сте направиле, не чувствувајте вина. Потсетете се дека секому му се случуваат ваквите проблеми. Едноставно се случуваат. Секому. И можеби не сте имале пример за тоа како треба да се справувате со парите. А, ако не сте имале обука, не би можеле да знаете како да работите.

жена со пари во рацете

3. Кажете ги Вашите проблеми на некому кому му верувате

Тука веќе го гледате проблемот како зависност или лоша навика. Со тоа што ќе го признаете проблемот пред некој пријател од доверба, ќе можете да се опуштите и ќе почнете сами да го менувате начинот на кој размислувате и се справувате со парите. Исто така, лесно е да се лажете самите себе. Но не е лесно кога лажете пријател или роднина кому му верувате.

жени разговараат

4. Направете план и тргнете во акција

Тука веќе треба да ги засукате ракавите. Ли вели: „Запомнете, ова нема да е лесно и нема да се случи преку ноќ. Секако дека ќе се појават пречки. Запомнете дека здравата врска со парите е слична како врската меѓу здравата исхрана и вежбањето. Брзата диета никогаш не успева, но на долга патека може да ви го промени животниот стил. Ако еднаш погрешите, не се откажувајте. Започнете од почеток наредниот ден. Ако треба одете два чекори напред, еден назад, само НЕ СЕ ОТКАЖУВАЈТЕ!

пари во чинија

5. Верувајте во себе

Луѓето кои се склони кон анксиозност и депресија мора да го променат начинот на размислување. Правете две работи: замислувајте се како реална личност со голема самодоверба и сигурност во себе. Пробајте да го гледате светот преку очите на Ли. Слично е како на Аватар. Гледајте го светот од друга перспектива. Мислите ли дека неа нешто и' стои на патот? Не? Па зошто и кај вас не е така?

пари

6. Замислувајте го напредокот

Како во книгата „Тајната", замислувајте, визуелизирајте. Замислувајте сметки, чекови и самите ќе Ви се појавуваат. Тоа ќе Ве релаксира и ќе Ве тера да работите во таа насока. Замислете дека немате никакви проблеми со парите.

девојка замислува пари

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.