RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
АЈДЕ ДА СИ ИГРАМЕ
Четврток, 14 Април 2011
Слика
ПОСЕДУВАТЕ ЛИ ВОИНСТВЕН ГЕН?
Четврток, 04 Ноември 2010
Слика
МАШКО И ЖЕНСКО ПРОСТУВАЊЕ
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
СЕКС "НА ГЛАДНО"
Вторник, 15 Ноември 2011
Слика
4 ЧЕКОРИ ДО БЛАГОДАРНОСТА
Петок, 11 Ноември 2011
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012

„Ако единственото нешто што го поседувате е чекан, тогаш секој проблем ви се гледа како клинец“

Абрахам Маслов



НА РАБОТА БОЛНИ - БОЛНИ НА КВАДРАТ PDF Печати Е-пошта
(1 глас, просечно 4.00 од можни 5)
прочитано 2796 пати
Среда, 31 Август 2011 16:19

Еден нов проблем кој се врзува со работното место е склоноста, односно напорот што го прави менаџментот е да прави притисок врз вработените да работат и кога се болни.

маж болен на работа

Овој притисок што се прави врз вработениот додека е болен е наречен "презентаизам" и може да има долготрајни последици врз здравјето и продуктивноста, предупредува една статија објавена во British Medical Journal.

Социологот доктор Кевин Ду од Универзитетот Викторија во Нов Зеланд, смета дека податоците покажуваат дека за многумина, притисокот на работа во состојба на болест е напнат, и потребен е многу голем напор за да се спрече влошувањето на здравствената состојба на вработените.

Појавата да се работи во состојба на болест е честа кај одредени професии, особено кај оние кои вклучуваат грижа и едукација, а е особено висока кај оние кои имаат поголема одговорност за грижата на пациентот, пишува тој.

девојка болна на работа

Исто така, вработените кои немаат поддршка и чија работа се акумулира додека се тие отсутни, многу често се жртви на презентаизам. Моменталниот економски пад и стравот од отпуштање се особено значајни фактори за појавата и растот на презентаизмот.

Во Америка, интензивната побарувачка за подобрена продуктивност, тимската работа каде што се поставени високи очекувања, ограничените слободни денови, високите барања на работното место, ниското ниво на сатисфакција од работата, стравот од отпуштање и многу други фактори се главните грижи на вработените кои го зголемуваат притисокот врз нивната работа.

Според Ду, одредени медицински состојби како што се депресијата и мигрената се поврзани со презентаизмот затоа што не се сметаат за легитимни причини за отсуство.

колеги се натпреваруваат

Доказите покажуваат дека презентаизмот ја зголемува појавата на болести како што се болки во мускулите, мачнината, депресијата и сериозните коронарни заболувања. Исто така, предизвикува умор, што понатаму предизвикува уште повеќе притисок.

Презентаизмот во последно време се шири како инфекција, затоа се преземаат соодветни мерки, но Ду вели дека не се преземаат исти мерки за спречување на презентаизмот во сите професии.

„Презентаизмот мораме да го сфатиме сериозно ако сакаме да го задржеме здравјето и продуктивноста на работното место," – вели тој.

болна девојка се јавува на работа

„Презентаизмот е комплексен феномен и потребен е пристап од различни перспективи, како на пример преку културата на работното место, политиката на работното место како и од самите здравствени лица."

Тој смета дека тим од повозрасни лица може да служи како пример за другите работници и да им дозволува доволно долг период на опоравување.

Работниците со лошо здравје треба да примаат посебна нега за да го одбегнат презентазимот, додава тој.

„Менаџерите и докторите треба да бидат постојано свесни за податоците дека можеби презентаизмот има позитивни ефекти во краток период, но лошо влијае врз вработените на долг рок," – вели Ду.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.