RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
СЕ ЗА КУЧИЊАТА
Понеделник, 29 Ноември 2010
Слика
ВЕШТАЧКИ МОЗОК
Среда, 30 Ноември 2011
Слика
ВЕДСКА КУЛТУРА
Среда, 03 Август 2011
Слика
ЛУЃЕ "ВО ВРЕМЕТО" И "НИЗ ВРЕМЕТО "
Понеделник, 05 Декември 2011
Слика
МАЈМУНСКИ КУКЛИ
Четврток, 03 Февруари 2011
Слика
СЕКСОТ ПРОДАВА...АКО СТЕ МАЖ
Сабота, 25 Декември 2010
Слика
МУЗИКА И КАРАКТЕР
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
ПСИХОЛОГИЈА НА ПРОСТУВАЊЕТО
Сабота, 26 Јануари 2013
Слика
УБАВИНА ЗА ПОДОБРА ПРОЦЕНКА
Понеделник, 28 Февруари 2011

Разумот е како некоја јавна тајна која може да стане позната на секого во секое време; тоа е она тивко место каде што секој може да влезе преку својата мисла.

Карл Јасперс



ТЕСТОВИТЕ И ВИСТИНСКИТЕ РЕЗУЛТАТИ PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 5490 пати
Понеделник, 29 Август 2011 15:14

Сите луѓе прават тест за квалификации, за да може да се направи проценка колку тие луѓе се соодветни за работното место. Во последните години, луѓето кои ги критикуваат овие тестови велат дека овие тестови не се релевантни, затоа што сите луѓе на почеток се однесуваат исто. Едно ново истражување покажува дека ова не е точно – колку е повисок резултатот на тестот, луѓето стануваат подобри во понатамошната работа.

тест

Но некои критичари велат дека на крај, овие тестови немаат голема важност. На пример, Малком Гладвел смета дека тестовите не можат да ги истакнат најдобрите. Други сметаат дека избирањето луѓе на кои ќе им биде доделена стипендија затоа што имале најдобри резултати на тестот нема никаква смисла, и би било попаметно кога овие стипендии би се доделувале на случајни луѓе кои биле во првата третина од скалата.

Многу други истражувања покажаа дека тестот за квалификации е особено корисен за тоа како луѓето ќе се покажат во натамошната работа, вели Пол Сакет од Универзитетот во Минесота. „Постојат истражувања што ја потврдуваат познатата шема – оние кои се добри на тестовите, остануваат добри и во работата," – вели Сакет.

девојче со највисоки оценки

Сакет и неговите колеги анализираа 4 големи истражувања направени врз луѓе кои правеле вакви тестови. Во првото истражување беа вклучени 150 000 луѓе. Во друго истражување, беа разгледувани резултати од кандидати за силите на армијата, а тие биле повеќе од 5 000 луѓе. Останатите две биле направени врз ученици од средни училишта и колеџи.

Колку биле подобри резултатите, толку биле подобри испитаниците. Тоа се покажа дека важи за сите испитаници на врвот на скалата. „Тие што се на врвот на листата не се викаат најдобри за џабе," – вели Сакет. „Ако ги рангирате студентите кои правеле тест за да добијат стипендија, не може да му дадете предност на некого со 98 поени пред некого со 99 поени. Секако дека не можете. Резултатите покажуваат дека колку се подобри со резултатите, луѓето понатаму добро се покажуваат и при извршувањето на задачата."

резултати од тест

Се разбира, останува и оној познат став дека некои поминуваат лошо на тестови, а се многу добри во работата. Но, во целина, вели Сакет, ако сите делови од тестот се значајни, нели оној кој има 100 поени се смета подобар во споредба со оној кој има 80 или 50 поени?

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.