RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ЦЕНАТА НА ИСКРЕНАТА НАСМЕВКА
Среда, 21 Септември 2011
Слика
ХРАНА ЗА ПОМНЕЊЕ
Среда, 07 Декември 2011
Слика
ПОТЕКЛОТО НА ИНТЕЛИГЕНЦИЈАТА
Среда, 05 Декември 2012
Слика
СО СЕКС ДО ЉУБОВ
Сабота, 11 Декември 2010
Слика
СРЕЌНА МАЈКА - СРЕЌЕН АДОЛЕСЦЕНТ
Среда, 07 Септември 2011
Слика
БЕЗ МНОГУ ШАРЕНИЛО
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
ШТО Е СПОРТСКА ПСИХОЛОГИЈА?
Среда, 02 Ноември 2011
Слика
ТЕРАПИЈА СО ЗБОРУВАЊЕ
Четврток, 03 Март 2011

„ Незрелата љубов вели: 'Те сакам затоа што ми требаш';

Зрелата љубов вели: 'Ми требаш затоа што те сакам'. “

Ерих Фром



5 ПСИХОЛОШКИ СОВЕТИ ДА ДОБИЕТЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ PDF Печати Е-пошта
(1 глас, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 5657 пати
Вторник, 16 Август 2011 16:14

За да добиете повеќе пари не треба само да штедите. Се работи за тоа како ќе го програмирате вашиот мозок и вашиот став, и само тоа може да направи голема разлика кога парите се во прашање...и еве ви неколку корисни совети.

пари

Пред да го промените вашиот живот, мора да го промените вашиот ум, односно да се решите што сакате и да го разбудите мозокот. Како и да гледате на тоа, првиот чекор кон повеќе пари е да го промените начинот на кој размислувате.

5 психолошки совети да добиете повеќе пари

1. Научете каков е вашиот карактер кога парите се во прашање. Немате доволно пари за да ги платите сметките, да инвестирате или пак да заштедите пари? Ако имате негативен став за вас и вашата работа со парите е првата пречка. За да научите како добро да работите со парите, научете каков е вашиот карактер кога станува збор за пари – и тоа анализирајте какви сте биле уште во детството. На пример, жените трошат премногу пари поради некои нивни недостатоци од детството за кои не се ни свесни. Ако знаете каков е вашиот карактер, ќе научите да се контролирате со прекумерното купување.

човек со чек

2. Користете го вашиот карактер за да добиете повеќе пари. Полесно е да се ослободите од навиката да трошите многу пари кога знаете што ви треба и на што треба да работите. На пример, некои жени сакаат да инвестираат со акции, додека пак други мора да најдат начин да престанат да трошат пари кога се во депресија. Некои жени треба да се фокусираат на домашниот буџет, додека пак други немаат такви грижи и можат да трошат колку што сакаат. За да знаете правилно да ги трошите парите, бидете свои. Можете парите да им ги доверите на вашиот партнер од доверба, на некој член од семејството или пак на финансиски советник.

3. Изберете двајца или тројца “ментори”. Кому му се восхитувате за парите што ги имаат и за начинот на кој ги трошат? Изберете барем двајца такви ментори (жени кои се финансиски успешни). Поминетет некое време со нив. Изберете некого со кого ќе можете да се сретнете во живо или пак ќе можете да контактирате преку интернет.

заработување пари

4. Размислувајте разумно за сопствените финансиски успеси и падови. За да добиете доволно пари и да уживате во вашата финансиска независност, треба да се справите со долгови, приходи и сметки без да се оддалечите од вашиот план да успеете. Наместо да дозволите една сметка за поправка на автомобилот да ве оттргне од патот, останете фокусирани на мислата колку пријатно ќе се чувствувате кога ќе бидете финансиски сигурни. Бидете благодарни за вашиот автомобил и за способноста да знаете да возите. Тоа е доволно разумно.

5. Изградете си слика за парите што сакате да ги имате. Што за вас значи “доволно пари”? Доволно за да ви ја исплатат хипотеката, или пак доволно за да можете да си изградите летна куќа на езеро? Можеби сакате да започнете сопствен бизнис или да го платите долгот со помала камата. Користете го законот за привлекување: изградете си слика за тоа колку пари сакате да имате и фокусирајте се на таа слика. Ако зборувате за вашата цел, полесно е да ја визуелизирате и да ја реализирате.

пари

Самата финансиска независност и безбедност не е само постигнување на финансиските цели. Да имате доволно пари за да уживате значи да изградите подобра врска со парите преку разумно размислување.

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.