RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ЖИВОТ ИЛИ СМРТ
Четврток, 15 Декември 2011
Слика
СВЕСНИ БЕБИЊА
Понеделник, 18 Јули 2011
Слика
8 НАЧИНИ ДА СЕ РАСПОЛОЖИТЕ НАУТРО
Понеделник, 17 Октомври 2011
Слика
10 ГРЕШКИ ВО ЉУБОВНАТА ВРСКА
Четврток, 29 Септември 2011
Слика
НЕВРОБИОЛОШКИ ОСНОВИ НА ОСАМЕНОСТА
Понеделник, 05 Ноември 2012

„Цивилизацијата започна кога за прв пат некој гневен човек фрли збор наместо камен“

Зигмунд Фројд



БОРБА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ PDF Печати Е-пошта
(1 глас, просечно 4.00 од можни 5)
прочитано 3141 пати
Среда, 04 Мај 2011 15:10

Кога невработените се жалат дека водат тешка борба за повторно да се пробијат на пазарот на труд, верувајте им.

невработен маж

Преку низа на експерименти, истражувачите од УЦЛА и државниот универзитет на Њу Јорк - Стони Брук открија дека невработените американци се соочуваат со дискриминација која не е поврзана со нвините вештини или со условите на напуштање на претходните работни места.

“Бевме изненадени кога откривме дека невработени апликанти се перцепираат како понекомпетентни, потопли и полсени за ангажирање отколку вработените индивидуи,” вели водечкиот истражувач Џефри Хо, докторант на човечки ресурси и организационо однесување на Школата Андерсон за менаџмент на УЦЛА. “Исто така, изненадени бевме од тоа колку малку се земаат во предвид условите на напуштање на претходните работни места. Кандидатите за работа кои изјавија дека доброволно го напуштиле работното место се соочија со истата стигма како и оние кои изјавија дека биле отпуштени.”

Со посебен акцент врз сихолошкото влијание на невработеноста, конференцијата, “Повторно поврзување со работата: Последиците од долгорочната невработеност и изгледите за отворање на нови работни места,” ќе ги собере Хо и 31 други истражувачи на трудот и невработеноста.

оглас

“За наше знаење, ова е прва студија која ја испитува психолошката стигма за невработеноста,” вели Маргарет Ших, коавтор на студијата со Хо и помошник професор за човечки ресурси и организационо однесување на УЦЛА. “Откривме дека индивидуите се склони да создаваат негативни асоцијации за оние кои се невработени, што често води до неправедна дискриминација.”

На истражувачите долго им е познато постоењето на предрасуди за невработените, велат авторите на студијата, во која е вклучен и Тод Л. Питински, помошник професор за технологија и општество на Стони Брук, како и Даниел Волтерс, студент на постдипломски студии на УЦЛА Анедерсон.

Всушност, економистите открија дека колку подолго индивидуите остануваат невработени, толку помали се нивните шанси за да најдат работа. Но, досега ситуацијата се припишуваше на легитимната загриженост околу работните вештини на невработените лица или недостатокот на истрајност во барањето на работа.

отпуштање

“Економистите имаа тенденција да ја поврзуваат долготрајната невработеност со можноста за пропаѓање на вештините или обесхрабрување, или пак перцепцијата на работодавачот за пропаѓањето на вештините,” вели Ших. “Но, откривме дкеа кога нема доказ дека вештинтие детеорирале, невработени апликанти за работа сеуште се соочуваат со неповолност. Стигмата може да помогне во објаснувањето зошто невработените имаат систематски помали шанси за враќање на работа.”

За низата на студии, Хо, Ших и нивните колеги ангажираа случајна примерок на американци од Интернет и ги проценија како фиктивни кандидати за работа. истражувачите открија дека кога учесниците во студијата го проценуваа истиот доказ за апликантот за работното место, невработениот апликант беше во неповолна ситуација во споредба со вработените апликанти.

Во една студија, Хо и Ших претставија учесници во студијата со исто фиктивно резиме. На половина од учесниците им беше наведено дека резиме припаѓа на вработена личност, а на другата половина дека и припаѓа а личност која нема работа. Потоа, истражувачите ги замолија учесницните да го рангираат работникот според  квалитетите кои според психолошко истражување се покажаа како најважни во формирањето на поаскуваната импресија на индивидуата.

пред интервју

Иако сите учесници го гледаа потполно истото резиме, “невработеното” резиме го перцепираа како да има припаѓа на некој кој е понекомпетентен, топол и проактивен отколку “вработеното” резиме. Како резултат на тоа, учесниците изјавија дека тие тие би биле понезаинтересирани да ја интервјуираат или вработат личноста која е без работа во споредба со вработената личност.

Хо и Ших ги добија истите резултати кога на учесниците им беше претставено кратко видео од интервју за работа, побогат извор на информации за наводниот кандидат за работното место. Учесниците кои веруваа дека кандидатот за работа е вработен го перцепираа интервјуто како поимпресивно отколку учесниците кои вервуваат дкеа кандидатот за работното место е невработен.

Исто така, истражувачите открија дека обезбедувањето на различни причини за невработеноста не ја олсени стигмата. Немаше разлика во тоа длаи апликантот за работа беше невработен бидејќи доброволно си заминал или пак беше отпуштен. Само кога губењето на работата не беше поврзано со индивидуата - како банкротирање на работодавачот - не постоеше неповолност за невработеното лице.

Движејќи се напред, тимот планира да истражува која е, ако постои, улогата на состојбата на економијата во психолошката стигма на невработените. Тие исто така планираат со примерок на професионалци за човечки ресурси да откријат дали и тие ги делат истите предрасуди како и општата јавност.

интервју за работа

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.