RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ЕМОЦИИТЕ СЕ ВРОДЕНИ, А НЕ НАУЧЕНИ
Вторник, 02 Ноември 2010
Слика
УНИВЕРЗАЛНА ЉУБОВ
Сабота, 08 Јануари 2011
Слика
ЛИЦЕ НА АГРЕСИЈАТА
Сабота, 15 Јануари 2011
Слика
ДАЛИ СТЕ ДОСАДНИ?
Четврток, 13 Октомври 2011
Слика
ШТО Е ТОЧНО ДЕЖА ВУ?
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
ЉУБОВ И ПОТСВЕСТ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
АГРЕСИЈАТА КАЈ ЖЕНИТЕ Е ГЕНЕТСКА
Вторник, 09 Ноември 2010

Никогаш не сме толку беспомошни како кога сме заљубени.

Зигмунд Фројд



БЕЗ СЕКСУАЛНИ ШЕГИ НА РАБОТА PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 2726 пати
Среда, 10 Ноември 2010 18:27

Иако на некоја "мрсна шега" може да се насмеат сите на работното место, таа веројатно ќе го наруши моралот.

 

мрсна шега

Тоа е еден заклучок од новото истражување објавено во "Журнал за Применета Психологија" чии ко-автори се истражувачите од Ротман Училиштето за Менаџмент при Универзитетот во Торонто и Саудер Училиштето за Менаџмент при Универзитетот на Британска Колумбија.

Авторите на студијата ги набљудуваа ефектите од однесувањето со сексуална конотација на работното место како "мрсни шеги", алузии, дискусии за сексот и флертови. Најпрвин испитаа дали мажите и жените воопшто добија нешто позитивно од ваквото однесување, како уживање и социјална поврзаност.

флерт на работа

Научниците открија дека некои вработени уживаа во ваквото однесување на работното место – 25% од оние кои му беа изложени го окарактеризираа како ласкаво и забавно додека половина се изјаснија како неутрални. Но дури и оние кои уживаа беа склони кон повлекување од работа, се чувствуваа помалку ценето и имаа депресивни симптоми повеќе од оние кои беа изложени малку или воопшто на вакво однесување. Резултатите беа откриени меѓу мажи и жени кои работат во производството, социјалните услуги и на универзитетите.

"Му пристапивме на истражувањето со отворен ум," вели проф. Џенифер Бердал од  Ротман Училиштето, ко-автор на студијата со проф. Карл Аквино при Саудер Училиштето. "Мислевме дека можеби ова однесување е позитивна работа за вработените кои уживаат во него. И тогаш откривме дека не е."

депресија


Проф. Бердал сугерира дека наодите од студијата треба да се третираат како мудар совет за вработените и работодавците да се избегне впуштање во односи со сексуална конотација на работното место.

"Во нашата култура, сексуалноста има конотации на доминација, подреденост и ранливост," изјави таа. "Често доминантното однесување се користи како средство за да се направи некој понизен или засрамен. Зошто тоа да се случува на работното место?"

засраменост


Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.