RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
КАКВА БОЈА Е БУКВАТА М?
Четврток, 28 Јули 2011
Слика
ХИСТЕРИЧНА ДЕПРЕСИЈА
Понеделник, 23 Јануари 2012
Слика
ЧУДНИ МОЗОЧНИ ФЕНОМЕНИ
Недела, 23 Јануари 2011
Слика
ИНТИМЕН ГОВОР НА ТЕЛОТО
Четврток, 11 Август 2011
Слика
ТИН ФЕЈСБУК ДЕПРЕСИЈА
Вторник, 19 Април 2011
Слика
ЗАВИСНИЦИТЕ - НАЈДОБРИ ЛИДЕРИ
Среда, 02 Ноември 2011
Слика
СОНОВИ КОИ СЕ ПОВТОРУВААТ
Понеделник, 18 Јули 2011

„Кој гледа нанадвор, сонува. Кој гледа навнатре, се буди“

Карл Јунг



ВИЕ И ВАШИОТ ОФИС PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 2914 пати
Понеделник, 17 Јануари 2011 01:00

Вашата канцеларија оддава какви сте како личност повеќе одошто можете да претпоставите.

жена во канцеларија

Доколку долго време минувате на бирото во вашата канцеларија, сосема логично е дека ќе се обидете да го "персонализирате", односно да му дадете ваш личен печат. Исто како што вашиот говор на телото и облеката која ја носите оставаат одреден впечаток врз луѓето, така и канцеларијата, односно работниот простор зборува многу за вас. Според експертите, сите детали како растенија, книги, уметнички слики пренесуваат потсвесни информации за вашата ефикасност, социјабилност и компетентност. "Се што се наоѓа во вашата канцеларија испраќа одредена порака, без оглед дали вие тоа го сакате или не," вели Лиза Мери Лучиони, професор по комуникологија на Универзитетот во Синсинати, САД.

Па, да видиме што прво помислуваат луѓето кога ќе влезат во вашата канцеларија!

 

1) Слики од вашите хобија насекаде

Впечаток: Повеќе сакате да одите на риболов, скијање, нуркање и да се занимавате со било каква активност во природата, отколку да работите

Според Барбара Пахтер, експерт за бизнис етикеција и автор на книгата "Нови правила на работното место", граничната линија помеѓу изложување на своите хобија и оставање впечаток дека цел ден мечтаете за скијање или нуркање, е навистина тенка. "Слики од вашето хоби се добар повод за почетен разговор, но ако ги имате премногу, луѓето ќе стекнат впечаток дека по цел ден мислите само на нив и ја мразите својата работа."

риболов

2) Фотографии од вашето семејство, сад со бонбони, удобна столица за гостите и клиентите

Впечаток: Позитивна и екстровертна атмосфера, канцеларија во која можат да се задржат.

"Нештата како отворена врата, сад со бонбони, удобна столица и фотографии од вашите најблиски (во никој случај слики на објекти), ќе придонесат кај луѓето да се создаде чувство на позитивна и опуштена атмосфера, каде што ќе моѓат да влезат и да се задржат," вели Сем Гослинг, професор по психологија на Универзитетот во Тексас.

сад со бонбони

3) Непостоење на гостинска столица, гостинска столица прекреиена со најразлични документи, бирото е оддалечено од гостите, минимална или никаква декорација на канцеларискиот простор

Впечаток: Студена, интровертна атмосфера. Во ваков вид на канцеларија се влегува само ако мора, при што истата што побрзо се напушта.

"Дури и ако во вашата канцеларија имате слики, но од објекти, а не луѓе, останатите добиваат потсвесен сигнал дека сте интровертни и не сакате многу да се задржуваат во ваша близина," вели Гослинг.

студена канцеларија

4) На ѕидовите се закачени дипломи и признанија. На полиците имате награди, ваши слики со важни личности, исечоци од списанија во кои вие сте главната тема. На бирото стои плочка со вашето име, презиме и титула.

Впечаток: Барате почит.

"Плочките со име оставаат силен впечаток. Доколку на плочката е наведено само вашето име, луѓето ќе претпостават дека сте непосредни и пријателски расположени. Ако пак на неа стои и вашата титула, тоа сигнализира дека сакате да бидете почитувани поради вашите професионални достигнувања," наведува Лучиони.

канцеларија за почит

5) Документи во кутии, никакви декорации, книги, растенија, слики, ниту пак плочка со име

Впечаток: Штотуку ве вработиле, отпуштиле, или пак планирате да дадете отказ наскоро.

документи

6) Несредени документи и расфрлени хартии на сите страни, полуизедени крофни и флеки од кафе на тепихот

Впечаток: Со ваква личност не доаѓаат во предвид никакви бизнис преговори!

Експертите се сложуваат дека малку што може да ви ја наруши сериозната репутација во бизнис круговите како неуредна канцеларија. "Во несредена канцеларија тешко се функционира, и луѓето претпоставуваат дека вашиот канцелариски хаос се рефлектира во секој сегмент од вашата работа (па и во идните потенцијални проекти со нив)," тврди Пахтер.

канцелариски хаос

7) Смешни постери, лепенки на фиоките, играчки

Впечаток: Работата воопшто не ја сфаќате сериозно.

Воопшто нема потреба да ви објаснуваме зошто ова не е добро, нели? Веројатно последно нешто што сакате е врз потенцијалните клиенти и соработници да оставите впечаток дека не работите во канцеларија, туку во игротека.

играчки во офис

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.