RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ПАРИ И СРЕЌА
Вторник, 22 Март 2011
Слика
ГЕЈ ПИНВИНИ ПОСВОИЛЕ ПИЛЕ
Четврток, 02 Декември 2010
Слика
ЗОШТО СОНУВАМЕ?
Недела, 23 Јануари 2011
Слика
БИДЕТЕ ВРВЕН СПОРТИСТ
Понеделник, 02 Мај 2011
Слика
ПИШТОЛ ЗА ТЕСТОСТЕРОН
Среда, 20 Април 2011
Слика
СЕНКАТА
Среда, 06 Февруари 2013
Слика
ПЕТТЕ МЕНТОРИ НА ФРОЈД
Среда, 01 Февруари 2012

„Рационализацијата може да се дефинира како себезалажување со помош на разумот“

Карен Хорнај



БИЗНИС БЛЕФ PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 2707 пати
Среда, 12 Јануари 2011 01:00

Блефирањето не е исплатливо само за коцкарите, туку и за бизнисмените. Дознајте како!

Изабел Мерсије

Дали е можно покерашките правила да ги искористите за напредок во кариерата? Изабел Мерсије, позната под прекарот "Безмилосна", најдобро пласирана жена на Светското првенство во покер кое се одржа во 2005 година, реши да го искористи своето знаење одговарајќи на ова прашање.

"Безмилосната" ви нуди пет "покер стратегии" кои можете да ги примените во работата.

Вложувам се

Луѓето кои ја спроведуваат оваа тактика, се подготвени на високи ризици – како во покерот, така и во приватниот живот. Играјќи покер, луѓето обично вложуваат се кога ќе забележат дека имаат добри карти. Во вистинскиот живот, односно во работата, понекогаш е потребно да ризикувате, но само ако сметате дека вашата одлука ќе биде навистина исправна. Ако ризикот кој сте го преземале бил исплатлив, тогаш и вашата кариера ќе тргне по нагорна линија.

се или ништо

И се прилагодувам на ситуацијата

Дури и врвните покераши никогаш својата одлука не ја донесуваат случајно, туку седат и набљудуваат како останатите играат и врз основа на тоа носат заклучоци за тоа каква тактика ќе преземат. Овој начин на размислување ви дава можност да промислите добро за одлуките поврзани со работата. Согледајте ги постапките на најдобрите и најлошите соработници во фирмата. Ако  лошите професионални постапки на вашите колеги ги корегирате и предложите свои, подобри решенија, со сигурност ќе напредувате во кариерата.

карти

Блефирам

Во покерот блефот се применува само кога верувате дека останатите можете да ги убедите дека имате подобри карти и на тој начин да ги натерате да се откажат од играта. Поинаку кажано, во бизнис светот блефирањето може да ви се исплати само ако проектот на кој работите има шанси да ја оствари замислената цел, но за да го остварите тоа, потребна ви е на пример поголема сума на парични средства.

блеф

Следам и кревам

Во некои игри со тактиката "следам и кревам" можете да дојдете до големи суми. Но, за да играте на тој начин, морате да имате искуство, да знаете да ја следите играта и начинот на кој играат останатите и да предвидите какви им се картите. Во бизнис светот тоа значи дека треба да имате способност во вистинско време да одлучите кога ќе го надмудрите на пример, вашиот бизнис партнер во донесувањето на некоја профитабилна одлука.

жена со карти

Имам самодоверба

Самодовербата е најважна карактеристика на играчите, натпреварувачите. Само ако навистина верувате дека ќе дојдете до целта, постои голема веројатност дека ќе победите. Така е и во бизнисот – успешните луѓе се самоуверени личности.

покераш

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.