RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
СО КОГО ОДИТЕ НА КИНО?
Четврток, 03 Март 2011
Слика
ОДМОР ЗА ДОБРО ЗДРАВЈЕ
Вторник, 07 Декември 2010
Слика
ПСЕВДОЦИЕЗА - ХИСТЕРИЧНА БРЕМЕНОСТ
Понеделник, 26 Декември 2011
Слика
ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ПО ЖЕЛБА
Вторник, 09 Август 2011
Слика
КАКО ДА СЕ ОСЛОБОДИТЕ ОД ВИНАТА?
Понеделник, 15 Август 2011
Слика
МЕРКАЊЕ ЗА НЕУСПЕХ
Понеделник, 28 Март 2011
Слика
КАКО ДА СЕ ЗБОГАТИТЕ
Четврток, 25 Ноември 2010
Слика
СРЕЌНА МАЈКА - СРЕЌЕН АДОЛЕСЦЕНТ
Среда, 07 Септември 2011

Луѓето се многу поморални отколку што си мислат и далеку понеморални отколку што можат да си замислат.

Зигмунд Фројд



10 ДЕЛОВНИ ГРЕВОВИ PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 3011 пати
Вторник, 04 Јануари 2011 23:04

Како да ги спречите сериозните грешки на работното место? Па, многу лесно, само избегнувајте ги следните десет деловни гревови.

канцелариска романса

Романса со надредениот

Ако сте се одлучиле да се впуштите во такво нешто мора да бидете подготвени дека работите наскоро ќе се искомплицираат. Поточно, најдобро е тоа да го избегнувате. Побарајте ја „љубовта” на некое друго место.

 

Бакнување со подредениот

Ова е речиси еднакво лошо како и романсата со надредениот, можеби дури и полошо, така што ви препорачуваме - откажете се од тоа.

канцелариски прибор

Канцеларискиот прибор не е ваш

Што и да мислите, моливите, блоковите и други  канцелариски работи и припаѓаат на фирмата и на работдавецот, а не вам. Поради таквите „мали” кражби можете да останете без работа.

 

Искористување на канцелариската опрема за сопствени цели

Верувале или не, тоа вклучува и приватни телефонски разговори, електронска пошта, користење на работното време за пишување на сопствени текстови, симнување филмови или забава од Интернет и слично.

 

Обвинување други за сопствените грешки

Многу е непријатно да се признае сопствената грешка, но е многу подобро да го направите тоа веднаш отколку подоцна да се извинувате зашто не сте го направиле тоа. Најлошата работа која можете да ја направите во таква ситуација е да обвините некој друг за вашите пропусти.

дрес код

Стил на облекување

Постои непишано правило кое вели „Не облекувајте се подобро од шефот/шефицата, но немојте ниту полошо”. Морате да бидете уредно облечени, без оглед на тоа колку откачено се облекуваат вашите надредени.

 

Ширење трачеви

Избегнувајте ги трачевите, па дури и ако нешто сте начуле, не морате тоа да го ширите понатаму. Тоа ќе биде подобро за вас.

лажна болест

Болни на работа

Некои од вашите колеги нема да ви бидат благодарни што ги изложувате на вируси, а и вашето шмркање и постојано кукање дека нешто ве боли, набрзо ќе почне да им оди на нерви. Меѓу другото наскоро и сами ќе зажалите што сте дошле.

 

Лажна болест

Доколку повремено земате по еден ден одмор за своето ментално здравје и за себе, тоа и не е некаков проблем.  Освен, ако тоа не ви се случува често. Зачестеното јавување на работа дека сте болни е неодговорно и не е чесно во однос на колегите кои ве заменуваат.

 

Не мора сите да ги знаат вашите проблеми

Ако семејните проблеми ви пречат во извршување на работата тоа би требало да го решите со шефот, а не да ги вплеткувате и колегите во тоа.

озборување

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.