RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
И-МЕЈЛОВИТЕ НЕ ЛАЖАТ (ТОЛКУ МНОГУ)
Понеделник, 01 Ноември 2010
Слика
НЕВЕРБАЛНА КОМУНИКАЦИЈА
Понеделник, 21 Март 2011
Слика
ЉУБОВ ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ
Сабота, 18 Декември 2010
Слика
КАКО ДА СЕ ОСЛОБОДИТЕ ОД ВИНАТА?
Понеделник, 15 Август 2011
Слика
ПРЕКРШЕНИ ВЕТУВАЊА
Понеделник, 20 Декември 2010
Слика
ЖЕНИТЕ САКААТ ГРУБ СЕКС
Среда, 14 Септември 2011
Слика
БИКИНИТО ЛОШО ЗА ДЕВОЈЧИЊАТА
Четврток, 21 Април 2011
Слика
ПСИХОЛОГИЈА НА ПОВРЕДЕНИ СПОРТИСТИ
Понеделник, 21 Ноември 2011
Слика
ИЗБОРЕТЕ СЕ СО ПАНИКАТА
Среда, 30 Март 2011
Слика
8 НАЧИНИ ДА СЕ РАСПОЛОЖИТЕ НАУТРО
Понеделник, 17 Октомври 2011

Разумот е како некоја јавна тајна која може да стане позната на секого во секое време; тоа е она тивко место каде што секој може да влезе преку својата мисла.

Карл Јасперс



НОВОГОДИШНИ ОДЛУКИ ЗА УСПЕХ PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 2590 пати
Недела, 02 Јануари 2011 22:38

Новата година започна, а вие се уште немате план за кариера? Прочитајте што ви советува "Форбс".

 

клуч за успех

Иако секојдневно размислуваме за нови деловни можности, почетокот на новата година е идеална можност да ја преиспитате вашата кариера. Списанието "Форбс" ви препорачува неколку неовогодишни сугестии за успешна кариера:

 

Дополнете ја вашата биографија

Дури и ако не планирате да барате работа или да ја смените постоечката, никогаш не знаете кога ќе ви затреба биографијата. Во секој случај направете резвизија, додадете ги најважните курсеви, обуки кои сте ги посетувале во последно време, како и новите вештини кои сте ги научиле.

Усовршете ги вашите вештини

Што ве попречува да напредувате? Дознајте кои вештини се клучни за вашата струка и усовршете го знаењето. Распрашајте се за можностите за дополнително образование во рамки на вашата фирма.

усовршување

Зголемете го бројот на деловни контакти

Добро развиената мрежа на деловни контакти е клучна за успешната кариера. Затоа, стапете во контакт со личностите кои работат во вашата бранша, но и со луѓето кои се занимаваат со некоја сосема поинаква професија. Зачленете се во стручни организации и одржувајте ги постоечките контакти.

Ставете ги целите на хартија

Забележувајте го секој нареден чекор на деловен план. Одредете колку време ќе ви биде потребно за ерализација на одредена цел, зададете си рокови и почитувајте ги. Исто така, јасно прецизирајте на кој начин планирате да го остварите замисленото.

прецизирање цели

 

Поделете го своето знаење

И вие не би биле каде што сте сега без поддршката од останатите, нели? Сега е време да возвратите за таа услуга. Бидете ментор, помогнете му не млад приправник да ја изгради својата кариера. Не заборавајте: Добрината секогаш се враќа со добрина.

 

Направете ревизија на досегашното

Направете равзија на вашиот досегашен пат до успехот. Анализирајте се што досега сте научиле, и колку сте задоволни со постигнатото. Единствено така ќе знаете дали ви е добро на сегашното работно место или треба да побарате нова работа.

деловни контакти

 

Балансот е клучен

Доколку се уште не стe научиле како да го избалансирате приватниот живот со професионалниот, сега е вистинско време да го сторите тоа. Златната средина е клучна во се, па така и во оваа сфера на животот. Не бидете роб на својата работа ниту човек без никаква визија за успех во животот.

баланс

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.