RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ОТКРИЕН ГЕНОТ НА СРЕЌА
Вторник, 06 Септември 2011
Слика
ОДМОР ЗА ДОБРО ЗДРАВЈЕ
Вторник, 07 Декември 2010
Слика
МРСНАТА ХРАНА СОЗДАВА ГЛАД
Петок, 03 Декември 2010
Слика
КАКО РАБОТИ МЕМОРИЈАТА?!
Четврток, 21 Јули 2011
Слика
СЕ ЗА КУЧИЊАТА
Понеделник, 29 Ноември 2010
Слика
ЛЕКОВИТИ ПРИЈАТЕЛИ
Петок, 08 Април 2011
Слика
СО ВЕЖБАЊЕ ДО ПОДОБАР СЕКС
Среда, 06 Април 2011
Слика
ШТО Е ЕРОТСКИ КАПИТАЛ?
Вторник, 08 Февруари 2011

„Рационализацијата може да се дефинира како себезалажување со помош на разумот“

Карен Хорнај



РАКУВАЊЕ ЗА УСПЕХ PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 3032 пати
Среда, 29 Декември 2010 01:00

Кој би рекол дека ракувањето може да биде една од клучните причини поради која сте ја добиле работата што ја сакате?

 

ракување

Ракувањето е почеток на нашето претставување. Со тоа оставаме прв впечаток за себеси, својот карактер и намерите поради кои сме тука. Ова правило важи во деловниот, но секако и во секојдневниот живот.

Прво на што морате да обрнете внимание е положбата на дланката. Можеме да кажеме дека постои доминантно и покорно ракување.

Доминантно ракување

Надмоќта се пренесува на начин што ја положувате раката така што вашата дланка е свртена надолу. Не е потребно да биде сосема надолу, но добро е да ја ставите во надолна позиција во споредба со личноста со која се ракувате. Тоа покажува дека сте кадарни да ја водите дискусијата и состанокот што следи. Едно истражување покажало дека 42 од 54 испитани менаџери се ракувале доминантно.

доминантно ракување

Како да го разоружате доминантниот стисок

Ако се ракувате со личност која настојува да ја нагласи својата доминација, станува тешко да му ја свртите раката. Во најдобар случај личноста нема да сфати што правите, но можно е да ве погледне со чудење, бидејќи сте предизвикале непријатност која не може да си ја објасни.

Затоа исчекорете со левата нога напред во интимниот простор на соговорникот (растојание помало од 46 цм). Потоа повлечете ја левата нога и прифатете го ракувањето. Оваа тактика ви овозможува неприметно да го свртите ракувањето.

жена се ракува

Покорно ракување

Ракувањето со свртена рака нагоре е израз на покорност. Тоа е посебно изразено кога сакате да и ја препуштите контролата на личноста со која се ракувате.  Затоа немојте да го издвојувате чинот на ракување од положбите на телото на соговорникот. Положбите кои следат по ракувањето, дополнително ќе ви докажат дали личноста е навистина покорна или не.

покорно ракување

Машки стисок

Кога се ракуват две доминантни личности, почнува симболична борба за доминација. Резултатот е стисок во кој двете дланки остануваат во иста положба и тоа ракување се нарекува рамноправно.

машки стисок

Ракување на политичарите

Ќе наведеме уште еден начин на ракување, политичарскиот начин на ракување, или стисокот со име “ракавица“. Набљудувајте ги политичарите како се ракуваат, каде многу често ќе приметите стисок во кој една рака влегува доминантно во просторот на другата личност а другата се приближува и ја опфаќа во „топол“ стисок.

Иницијаторот на ракувањето пробува да докаже дека е достојен за верба, чесен и пристапен. Но се заборава најважното, кога првпат ќе се ракувате на овој начин со некој непознат впечатокот, најчесто е спротивен. „Ракавицата“ применете ја само кај луѓе кои добро ги познавате.

Вежбајте и набљудувајте – пробајте да го прилагодите вашето ракување кон личноста и ситуацијата во која се наоѓате.

ракување ракавица

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.