RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ЕМОТИВНИ РИБИ
Сабота, 12 Март 2011
Слика
(НЕ)УСПЕШЕН ФЕЈСБУК
Сабота, 07 Мај 2011
Слика
НЕПОЖЕЛНИ ВОЛОНТЕРИ
Вторник, 22 Февруари 2011
Слика
НЕВРОБИОЛОШКИ ОСНОВИ НА ОСАМЕНОСТА
Понеделник, 05 Ноември 2012
Слика
СИМПТОМИ НА ПАНИЧНИОТ НАПАД
Петок, 26 Август 2011
Слика
НИКОЈ НЕ СЕ РАЃА УЧЕН
Четврток, 17 Март 2011
Слика
ПИШТОЛ ЗА ТЕСТОСТЕРОН
Среда, 20 Април 2011
Слика
ПЕТ БИЗНИС ГРЕШКИ
Среда, 29 Декември 2010

Постигнувањето во општеството се проценува со погрешно дефинираниот критериум според кој принудно сте ставени во позиција другите да ви определуваат колку сте успешни.

Алберт Бандура



ПЕТ БИЗНИС ГРЕШКИ PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 3073 пати
Среда, 29 Декември 2010 01:00

Планирате да започнете сопствен бизнис? Еве на што треба да внимавате, ако сакате да успеете.

започнување бизнис

Статистиката покажува дека најмалку една третина од новите мали компании пропаѓаат уште во првите две години од своето постоење, а нешто повеќе од половина во наредните пет години. Но не дозволувајте оваа статистика да влијае на вашите соништа кога еден ден и вие ќе посакате да отворите фирма. Еве неколку  совети кои грешки не би смееле да ги направите.

1. Недоволно пари

Најголемата пречка со која што се среќаваат претпријатијата е недоволниот капитал. Искуството покажало дека оптимално е да се има околу три пати поголем износ од оној за кој што мислите дека ќе ви биде потребен за почеток. Обезбедувањето на пари е неопходно, за да се решат многу нови елементи и непознати проблеми и за да не се откажете од вашиот сон уште на почетокот.

2. Сонувате мали сништа

Дури и ако се натпреварувате околу клиентите со посилни компании од вас, кои што имаат поголеми ресурси, тоа не морате да го покажувате. На клиентите не им е особено пријатно постојано да ги известувате дека сте мала фирма со ограничени ресурси. Размислете како својата големина да ја употребите како предност, посветете им се на клиентите специјализирано и со повеќе ентузијазам, бидете пофлексибилни. Запомнете, вие не сте мали - вие сте персонализирани.

конкуренција

3. Штедење на техника

Секако, купувањето на технички играчки е скап спорт. Но да им се даде на вработените шанса да користат лаптопи, Блек Бери или безжичен пренос и сл. е можност со која што би се постигнало многу повеќе за пократко време. Новата технологија помага и при комуникацијата со клиентите. На граница на иронија е фактот дека токму малите компании можат многу побрзо да ги применат најновите технологии, додека големите системи тешко се решаваат да се откажат од масивните и надминати технологии. Во овој случај да се биде мала фирма е предност.

лаптоп

4. Губење на фокусот

Секој претприемач мора да има визија за тоа каде се гледа себеси во иднина. Колку повеќе е фокусирана визијата , толку е поголема шансата фирмата да ја оствари својата цел. Визијата мора да биде трансформирана во специфични задачи со цел да се постигне саканиот резултат.

фокус

5. Потценување на значењето на продажбата

За почетниците во малите фирми е пресудно да се концентрираат на продажбата и приходите. Доколку продажбата расте, сметките ќе се плаќаат сами. Без оглед на тоа колку компанијата е мала, на истата и е потребен менаџер за продажба кој постојано би обезбедувал нови и нови работи. Мошне важно е тој да биде свесен дека секоја, и најгенијална идеја на крајот мора да се оствари - и да се продаде.

продажба

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.