RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
МОРАЛНИ ТАБЛЕТИ
Четврток, 28 Април 2011
Слика
НИКОЈ НЕ СЕ РАЃА УЧЕН
Четврток, 17 Март 2011
Слика
ПАРИ ЗА ЖИВОТНИ ЗАДОВОЛСТВА
Вторник, 21 Декември 2010
Слика
НЕАНДЕРТАЛЦИ ГУРМАНИ
Среда, 02 Февруари 2011
Слика
ЦРВЕНОТО Е СЕКСИ
Четврток, 27 Јануари 2011
Слика
ПЛАТА И СТРЕС
Сабота, 12 Март 2011
Слика
ДЕЦАТА И НИВНИТЕ ИГРАЧКИ
Среда, 05 Октомври 2011

Луѓето се многу поморални отколку што си мислат и далеку понеморални отколку што можат да си замислат.

Зигмунд Фројд



10 ОСОБИНИ НА УСПЕШЕН МАЖ PDF Печати Е-пошта
(1 глас, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 4943 пати
Вторник, 28 Декември 2010 00:05

Светот околу нас секојдневно се менува, но особините на успешниот маж се вонвременски и повеќе од очигледни.

успешен маж

Историјата нема милост кон мажите кои се откажуваат, наспроти оние кои се издвојуваат и заземаат посебно место – како индустриските гуруа, финансиските магнати и единствените уметници.  Препознајте ги нивните способности и согледајте го нивниот карактер. Тоа ќе ви биде добра појдовна точка.

 

1. Следете ја природната сила

Без оглед дали е во прашање работата или љубовта, вистинскиот бизнисмен е само човекот од акција. Донесување на тешки одлуки и реагирање во согласност со нив не е само одраз на зрелоста, туку и карактерна особина која со генерации наназад ја споделуваат успешните мажи. Особено на работното место, победниците се исклучиво луѓето од акција. Оние кои се успешни воглавно се оние кои не се пасивни. Дејствувањето по однапред осмислен план често може да биде ризично, но само исклучително успешните знаат дека се друго е несериозно.

Кога Бил Гејтс решил да го напушти Харвард за да започне самостоен бизнис со компјутери, сигурно бил мета на голем број критики. Но, од сегашна перспектива никој не би се посомневал во неговата одлука.

Бил Гејтс

2. Клучот е во самодовербата

За родените лидери, самодовербата е нешто сосема природно, како што е бојата на очите. Доколку не сте родени за лидер, морате да поработите на својата самодоверба. Тоа бара макотрпна работа и голема посветеност. Под ова не подразбираме да учествувате во тепачки или да се "борите" со останатите колеги на состаноците. Самодовербата е пред се вашата способност да бидете главни и одговорни.

Самодоверба е и вашата цврста верба дека сте во право, како и леснотијата да комуницирате со важни личности. Кога ќе го пронајдете својот ритам, го откривте клучот како да бидете победник. Не се работи само за тоа дали знаете или не кога да побарате благодарност, или да настапите кога сите останати се повлекуваат. Кога имате природна самодоверба, сите околности и сите ситуации се неважни. Вистинските лидери се одговорни во секој момент, и така им одговара – без оглед на тоа дали се наоѓаат на работа, на одмор или дома.

самодоверба

3. Бидете опкружени со најдобрите

Бидете во најдоброто можно опкружување. Тоа е добар и проверен стар рецепт за успех, кој не важи само кога се во прашање само работата или парите. Уметниците, спортистите и научниците секогаш се опкружени со одредени луѓе во чие друштво имаат можност да заблескаат. Политичарите исто така прибегнуваат кон оваа идеја.

Обама двопартиски го организираше својот кабинет. Во него се најдоа секретарот за одбрана на Буш, Роберт Гејтс, како и други членови од противничкиот табор. Тие се таму пред се заради своите способности и квалификации, а не поради припадноста кон некоја партија. Пријателството со луѓето со иста професија и од ист социјален круг е многу битно за вашиот пат кон успехот.

добар тим

4. Препознајте ги своите страсти и препуштете им се

Останете верни на страста и љубовта. Тоа е одлика на секој успешен маж. Стив Џобс не ја изгуби волјата кога беше отпуштен од "Епл", компанијата која ја кофинансираше во осумдесетите. Учете од еден од најдобрите бизнисмени во историјата. Веднаш по заминувањето, го основа анимацискиот гигант "Пиксар", а  потоа се проби на пазарот со проектот "Некст", софтверот кој подоцна стана MacOS X.  Кога "Епл" го постави Џобс за извршен директор, фирмата стана водечка компанија со своите иновации како ај-под, ај-мек и ај-тјунз. Мажот кој е воден од своите страсти никогаш не може да биде загрозен.

Стив Џобс

5. Земете парче од секој колач

Животот на секој успешен човек мора да биде добро обликуван. Потребно е да знаете да уживате во предностите на животот, освен доколку не планирате да се посветите на пишувањето на совршена песна, притоа воопшто не излегувајќи од собата. Таму некаде постојат ретки генијалци кои не ни помислуваат на општеството, но секој маж го цени својот успех врз основа на статусот, парите, работата, политичкото влијание или познавањето на уметноста.

Начитаноста, добрата информираност и познавањето на уметноста се природни за секој успешен маж. Така што, доколку не сте светски познат хирург или берзанско чудо, а би сакале да бидете на слично ниво, не е на одмет да дознатете што е толку прекрасно во врска со Сартр, уметничките институти или литературните списанија.

литература

6. Водете сметка за своите финансии

Не морате да бидете познати или богати како Ворен Бафет, но секој успешен маж мора да води сметка за своите финансии. Секој, почнувајќи од студентите гладни за пари, па се до најбогатите сто на листата на "Форбс", мора да знае дека стекнувањето на финансиска одговорност е еден од битните чекори кон успехот. Акумулацијата на капиталот не е желба на секој успешен човек, но парите се секако одлика на успехот. Парите претставуваат трговија на талентите, вештините и познавањата. Дури и иноваторите кои целиот свој живот го минале во сиромаштија, постхумно собираат пари кога светот ќе ја увиди нивната генијалност.

За оние кои не живеат како сиромашни уметници, финансиската стабилност е од исклучително значење. Оние кои имаат поголеми можности за инвестирање, веројатно знаат повеќе за постоечките пазари. Обратете се на финансиски советник. Нека ви помогне полека да започнете да ги контролирате своите пари.

финансии

7. Посветете се на менталното здравје и емотивната стабилност

Здравиот разум е основа во трката по успехот. Да немате контрола над себеси и своите чувства е погубно за успехот и пред се е нездраво. Во работата, доколку не можете да се дистанцирате од приватноста или емоционалните проблеми, вашите професионални достигнувања ќе бидат занемарливи. Доколку критиките ги сфаќате лично, или не умеете да ја прикриете возбудата, на пат сте да донесете одлуки кои можат да ви ја уништат кариерата.

Националниот институт за ментално здравје спроведе истражување кое покажа дека кај депресивните мажи ефикасноста на работа е помала за 30 отсто. Емоционалната благосостојба е исто така клучна за вашиот успех. Обидете се да примените лична терапија со некој кој ви е важен и бидете искрени кон себеси.

задоволен бизнисмен

8. Шпионски игри

Може да звучи манипулирачки, дури и злонамерно, но успешните мажи знаат дека треба да внимаваат во каква состојба се останатите успешни луѓе во нивната  околина. Да знаете кога е вистинскиот момент да склучите некој договор, и да препознаете кога клиентот сака да ја заклучите работата е исто толку важно како и да знаете да го водите својот живот. Знаењето како да се однесувате кон својата околина е во тесна врска со самодовербата. Земете пример од трговијата: оние кои најмногу продаваат, секако поседуваат информации за пазарот, присутни се и водат сметка за опкружувањето.

шпионски игри

9. Вложувајте во хуманоста

Сите успешни мажи вложуваат во филантропија и развој на цивилизацијата. Не е потребно да имате мултимилионска хуманитарна организација за да вашиот труд биде забележан. Воглавно луѓето кои општството ги смета за најхумани не се оние најбогатите или најумните, туку оние кои се грижат за светот на позитивен начин. Доколку парите не се вашето средство со кое ќе се истакнете, обидете се на некој друг начин. Светски познатите спортисти, уметници, научници се обраќаат кон светот на тој начин што не спомнуваат пари во нивните говори. Од друга страна пак, најуспешните знаат дека нивниот талент е единствен и не го делат со другите.

филантропија

10. Уживајте го животот

Оваа фраза има најголема тежина. Сакајте го тоа што го работите и уживајте во тоа, следете ги своите страсти. Најголемите филозофи и бизнисмени секогаш им остануваат верни на своите страсти и цели. Токму  тоа е она што ги прави успешни. Стив Џобс отсекогаш ги сакал компјутерите, Мајкл Џордан кошарката, Боб Дилан музиката а Ворен Бафет финансиите. Можеме да ги цениме нивните страсти. Пронајдете ги своите и претворете ги во успех!

Мајкл Џордан

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.