RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ЛЕКОВИ - ДА ИЛИ НЕ?
Среда, 20 Април 2011
Слика
ТЕОРИЈА ЗА ЖЕНИТЕ ВОЗАЧИ
Четврток, 08 Декември 2011
Слика
ЛЕКОВИТИ ПРИЈАТЕЛИ
Петок, 08 Април 2011
Слика
ЗОШТО ЛИДЕРИТЕ ПОТФРЛААТ
Петок, 12 Ноември 2010
Слика
ПАМЕТНИ РОБОТИ
Понеделник, 31 Јануари 2011
Слика
ШТО Е ДВОЈНА ДИЈАГНОЗА???
Понеделник, 19 Септември 2011
Слика
ЕСЕНСКО - ЗИМСКА ТАГА
Петок, 25 Ноември 2011
Слика
10 ДЕЛОВНИ ГРЕВОВИ
Вторник, 04 Јануари 2011
Слика
ПРВИОТ ВПЕЧАТОК СУДБОНОСЕН
Понеделник, 25 Јули 2011

Никогаш не сме толку беспомошни како кога сме заљубени.

Зигмунд Фројд



ФАТАЛНО УНАПРЕДУВАЊЕ PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 2992 пати
Петок, 24 Декември 2010 00:09

Истражувачите тврдат дека ефектите од унапредувањето би можеле да носат повеќе штета отколку корист.

корпорациски скалила

Долго време се сметаше дека унапредувањето дејствува позитивно - ја зголемува  самопочитта и го подобрува здравјето, како резултат на зголеменото чувство за контрола и себевреднување на работното место.

Но научниците од Велика Британија докажаа дека искачувањето на корпорациските скалила не само што не е добро, туку е и штетно за вашето ментално здравје.

Предводниците на синдикатите велат дека истражувањето ја поттикна потребата да се реши културата на долгочасовно работење која е развиена во Велика Британија.

стрес на работното место

Најновата студија, спроведена од страна на економисти и психолози истражувачи на Варвик Универзитетот, разгледуваше податоци од панел анкетата која ја спроведе "British Household" во периодот од 1991 до 2005 година.

Истражувањето опфаќа информации од многу животни аспекти, вклучувајќи ги работата, здравјето и други медицински информации.

Наодите содржат податоци за околу 1000 индивидуални унапредувања.

Истражувачите Крис Бојс и проф. Ендру Освалд не најдоа никаков доказ дека кај испитаниците со унапредувањето се подобрила или влошила  здравствената состојба.

Но затоа пак утврдија дека значително се зголемило менталното напрегање по искачувањето на корпорациското скалило.

жена под стрес

Во просек дошло до намалување на менталното здравје за 10% кај британската популација.

Истражувачите исто така открија дека по унапредувањето, за 20% се намалил бројот на посетите кај лекарите од страна на испитаниците.

Сепак, научниците велат дека намалените здравствени контроли не значат дека здравјето на луѓето се подобрило. Ова укажува дека зголеменото ниво на стрес ја ограничува слободата на вработените, што значи дека тие едноставно имаат помалку време да го посетат својот лекар.

Бојс изјави: "Да бидете унапредени на работното место не е така сјајно како што многумина замислуваат. Нашето истражување откри дека менталното здравје на менаџерите обично се влошува по унапредувањето, и тоа не е само краткотрајна промена."

посета на лекар

"Не постои никаква индикација дека здравјето на унапредените луѓе се подобрува, освен тоа што се намалуваат посетите кај матичниот лекар, што е нешто околу кое луѓето би требало да се загрижат, а не да прославуваат."

Мет Смит, шкотскиот секретар на Единството, изјави: "Нашата најголема грижа е културата на долгочасовно работење која е развиена. Од секого се очекува да ги одработи овие долги часови и постои притисок врз луѓето да ги извршат своите задачи во одреденото време."

"Тоа мора да се реши. Кога некој се унапредува, може да дојде до уште поголем притисок да работи подолго време."

прекувремена работа

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.