RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
МОЗОКОТ ПОСТОЈАНО РАБОТИ НА ПРОБЛЕМИТЕ
Понеделник, 18 Февруари 2013
Слика
ШТО Е ДВОЈНА ДИЈАГНОЗА???
Понеделник, 19 Септември 2011
Слика
ТРЕНИНГ ЗА УСПЕШНА ВРСКА
Четврток, 15 Септември 2011
Слика
ЖЕНИТЕ ПРАВАТ РАЗЛИКА!!!
Среда, 28 Септември 2011
Слика
НЕ Е ЗЛАТО СЕ ШТО СЈАЕ
Четврток, 18 Ноември 2010
Слика
КОШМАРИ
Понеделник, 08 Август 2011

„Рационализацијата може да се дефинира како себезалажување со помош на разумот“

Карен Хорнај



6 НАЈТЕШКИ ТИПОВИ ЛУЃЕ PDF Печати Е-пошта
(3 гласови, просечно 4.33 од можни 5)
прочитано 18774 пати
Среда, 15 Декември 2010 23:52

Ве излудуваат неподносливите соработници или колеги? Не очајувајте, постојат неколку решенија како да се справите со нив.

конфликт на работа

Проф. Др. Клеј Такер – Лед во својата книга "Psychological Self-Help" објаснува кои се шесте најтешки типови на луѓе и како да се справите со нив:

"Сите ние мораме секојдневно да се справуваме со напорни луѓе. Иако долунаваедениве карактеристики може да бидат претерани, можете да пронајдете дел од нив кај луѓето на вашето работно место, помеѓу вашите пријатели, па дури и кај саканата личност. Психолошките истражувања посочуваат на неколку начини како да се справите со тешки луѓе во вашиот живот, на пример непријателски расположени соработници или шефови, луѓе кои постојано се жалат, личности кои се сложуваат со се, сезнајковци, песимисти и влечковци.

 

1. Непријателски расположен соработник или шеф

Справувањето со непријателски расположени луѓе бара сила и такт. Со оглед на тоа дека личностите кои што знаат дека згрешиле имаат тенденција да бидат насилни и ратоборни, би требало најпрвин да се уверите дека не сте неправедни кон нив.

Исто така, би било паметно да им помогнете да ги задоволат своите потреби без да се засилува нивната агресивност или да се дискриминираат останатите за сметка на нив. Уште повеќе, избегнувајте интеракции со нив кои можат да поттикнат силни емоции или закани за насилство. Особено не се впуштајте во никакви дискусии со вашите лути "непријатели" кога пијат или кога се наоружани. Не велете и не правете ништо со што би ја зголемиле нивната лутина или пак нешто што би ве направило да изгледате исплашено, слабо и како "лесен плен".

Во повеќето случаи, одмаздувањето на агресивна личност е најлошо нешто кое што можете да го направите. Гадостите создаваат гадости. Непријателството ескалира. Може да бидат ефикасни и закани за казнување. Запомнете дека казнувањето е ефективно само доколку казнувачот набљудува – пазете се од  суптилна побуна.

лош шеф

Доколку можете да го пренасочите вниманието на агресивна личност кон некоја битна задача или кон мирна дискусија за ситуацијата, лутината би требало да се намали. Исто така, понудете му/и било какви информации кои би можеле да ја објаснат ситуацијата која го/ја вознемирила. Посочете на сличностите или заедничките интереси помеѓу него/неа и личноста на која се лутат (а тоа сте вие). Нека слушнат или видат смирени, рационални начини за надминување на разликите. Било што што би можело да го/ја натера да мисли на нешто друго ќе помогне.

Според Институтот за Иницијативи за Ментално Здравје има повеќе начини за смирување на лута личност: Намалете го тонот на гласот, смирете се, сфатете дека иритираната личност греши (доколку е вистина), или барем сфатете ги нејзините чувства без било какво осудување, замолете ја да ја објасни ситуацијата (можете внимателно да ги поправите грешките), сослушајте ги нејзините жалби без да прејдете во контранапад, објаснете ги вашите чувства со помош на необвинувачки искази, покажете дека се грижите но не дозволувајте насилство ("Сакам да го решам тоа со тебе, но ќе мора да повикам полиција доколку не можеш да се контролираш").

 

2. Личност која постојано се жали

Што со оние кои постојано кукаат? Тие постојано ги обвинуваат другите, и секогаш се сигурни што треба да се направи но се чини дека никогаш не се способни самите да ја исправат ситуацијата. Честопати имаат поента – постојат вистински проблеми - но нивното жалење не е ефективно (освен ако е со намера да се докаже дека накој друг е одговорен).

За да се справите со личности кои постојано се жалат, најпрвин е потребно да слушате и поставувате прашања со цел да се разјасни ситуацијата, дури и ако се чувствувате виновни или лажно обвинети. Постојат неколку работи кои не смеете да ги направите: Не ги прифаќајте обвинувањата, не се извинувајте (не веднаш) и немојте да станете премногу дефанзивни или да прејдете во контранапад бидејќи со тоа само ќе ги засилите нивните жалби.

жалење

Второ, додека дознавате факти, обидувајте се да го решите проблемот. Бидете сериозни и поддржувачки настроени. Осознајте ги фактите. Сослушајте ги жалбите до детали; нека останатите, вклучувајќи ја и личноста која се жали, се заангажираат да соберат што повеќе информации кои би можеле да доведат до решение. Прашајте што е погрешно, а воедно и: "Што би требало да се случи?". Доколку личноста е незадоволна од некој друг, а не од вас, би требало да прашате: "Му кажа ли нему/неа (личноста на која се жали)?" или "Можам ли да и/му кажам?" или "Можам ли да договорам средба со нив?" На крајот, испланирајте време кога ќе треба заеднички да донесете решенија за да ја разрешите ситуацијата...и направете го тоа.

 

3. Личност која се сложува со се

Што со личностите кои се супер фини и смешкајќи се сложуваат со вашите идеи се додека не дојде време да се стапи во акција, а тогаш се повлекуваат или исчезнуваат. Овој вид на луѓе бараат одобрување. Веројатно имаат научено, уште како деца, дека еден начин за да добијат "љубов" е така што ќе им кажуваат на луѓето (или се преправаат) дека навистина се грижат за нив и им се восхитуваат. Слично, личностите кои се сложуваат со се, често ќе ветуваат многу повеќе од она што можат да го исполнат: "Ќе го завршам извештајот денес" или "Би сакала да ти помогнам да расчистиш". Тие се експерти за мамење, па не се обидувајте да ги фалите премногу.

сложување

Наместо тоа, убедете ги дека се уште ќе ги сакате дури и кога ќе ви ја кажат вистината. Замолете ги да бидат искрени и овозможете им да бидат непосредни: "Кој дел од мојот план е добар но не е одличен како што би можел да биде?". Помогнете им да не даваат ветувања кои подоцна нема да ги исполнат: "Сигурен си дека ќе ги имаш парите дотогаш? А што велиш за две недели подоцна?" Нека видат дека сте подготвени за компромис заради тоа што знаете дека тие ќе бидат и повеќе од фер.

 

4. Сезнајко

Има два вида сезнајковци: Првиот е навистина способен, продуктивен, сигурен во себеси и вистински експерт, додека пак вториот е само делумно информирана личност која се преправа дека е стручњак. И двата вида можат да ви предизвикаат главоболки.

Вистинските експерти може да се однесуваат супериорно и да направат другите да се почувствуваат глупаво; можат да бидат тврдоглави и да немаат разбирање за туѓите мислења; често си се доволни самите на себеси, не им треба ничија помош и не ја ни посакуваат и не сакаат да се сменат. Доколку треба да се соочите со вистинскиот експерт како да сте му рамни, мора да си ја завршите домашната задача темелно; во спротивно, нема ни да се замараат со вас. Најпрвин, сослушајте ги и точно парафразирајте ги нивните поенти. Не ги напаѓајте нивните идеи, туку поставете прашања кои отвораат можност за алтернативи: "Ќе ми кажете ли повеќе?" или "Што мислите, какви ќе бидат резултатите за пет години?", "Веројатно тоа не е можен избор, но би можеле ли да го земеме во предвид...?". Потоа, покажете почите за неговата/нејзината способност но не се потценувајте. На крајот, доколку експертот не може да научи да прифати туѓи идеи, најпаметно ви е да ја прифатите подредената улога на негов/нејзин "помошник". Вистинските експерти заслужуваат почит.

експерт

Со личноста која сака да биде експерт е релативно лесно да се справите бидејќи тој/таа (за разлика од лажговците и измамниците) често не е ни свесна колку малку знае. Ваква личност може внимателно да се соочи со фактите. Направете го тоа со неа насамо. Помогнете и да го сочува образот. Едноставно само сака да и се восхитуваат.

 

5. Песимист

Уште едно оптоварување за секоја група е песимистот – личноста која секогаш вели: "Нема да успее" или "Се обидовме со тоа." Овие лути, огорчени луѓе имаат моќ да не повлечат надолу бидејќи ги будат сите наши длабоки сомнежи и разочарувања. Затоа, најпрво, избегнувајте да бидете вовлечени во нивната безнадежност. Не се расправајте со песимист; не понудувајте веднаш решенија за тешкотиите кои тој/таа веќе ги има предвидено.

песимист

Наместо тоа, давајте позитивни искази – покажувајќи дека промените се можни- и поттикнете ја групата заедно да смисли решенија за проблемот со што ќе се дојде до неколку можни алтернативи. Тогаш прашајте кој ќе биде најлошиот исход за секоја алтернатива (ова ќе му даде шанса на песимистот  да го каже своето мислење но вие можете да предвидите подобар исход со поконтруктивен пристап). Исто така, прашајте: "Што ќе се случи доколку ништо не сториме?" На крајот, прифатете ја помошта од сите но бидете подготвени да работите и сами бидејќи песимистот нема да учествува.

 

6. Влечко

Во секоја група постои влечко, личност која избегнува да донесе одлука поради стравот дека некој ќе биде несреќен заради тоа. За разлика од личноста која се сложува со се, влечкото навистина има желба да биде корисен. Па според тоа, помогнете му да расправа и да донесува одлуки. Обидете се да дознаете кои се неговите/нејзините вистински грижи (тој/ таа нема лесно да ви каже доколку мисли нешто негативно за вас). Не барајте да се вклучат во акција. Наместо тоа, помогнете му на влечкото да ги процени фактите и направи компромиси или развие алтернативни планови (и одлучи кои се приоритетни). Поддржете го во неговата одлука и нејзиното  ефективно спроведување."

влечко

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.