RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ПСИХОЛОГИЈА НА ЧЕКАЊЕТО
Понеделник, 22 Октомври 2012
Слика
ШИЗОФРЕНИ ШТИКЛИ
Вторник, 18 Јануари 2011
Слика
ОД ТРЕВКА ДО ПСИХОЗА
Среда, 16 Март 2011
Слика
КАСТРАЦИОНА АНКСИОЗНОСТ
Вторник, 19 Април 2011
Слика
"ПРОЧИТАЈТЕ" ГИ ТУЃИТЕ МИСЛИ
Четврток, 27 Октомври 2011
Слика
ВИЗИОНЕРСКО РАЗМИСЛУВАЊЕ
Понеделник, 01 Август 2011
Слика
ВРОДЕНА ПОПУЛАРНОСТ
Вторник, 21 Декември 2010

Луѓето се многу поморални отколку што си мислат и далеку понеморални отколку што можат да си замислат.

Зигмунд Фројд



ЧУВСТВОТО ДА СЕ БИДЕ ВО ПРАВО СОЗДАВА ЗАВИСНОСТ PDF Печати Е-пошта
(4 гласови, просечно 4.25 од можни 5)
прочитано 4016 пати
Понеделник, 29 Април 2013 18:33

Чувството кога сте во право може да ви делува како опојна дрога, а тоа значи дека лесно може да станете зависник и да посакувате да влегувате во расправии.

 детенце покажува мускул

Веројатно ви се случило и вам – седите на состанок од работа и се обидувате да го одбраните вашето мислење во врска со некој голем проект и наеднаш почнувате да се губите. Тонот на гласот ви се повишува, почнувате да убедувате некој од колегите и да го поправате неговиот став кон проблемот. Тој се спротивставува, а вие уште поупорно се трудите да ги убедите сите дека вие сте во право. Чувството што го имате е некако вон-телесно, а на своевиден начин и навистина е. Во однос на неврохемијата на чувството што го добивате, вашиот мозок како да е „издрогиран“.

расправија на состанок 

Улогата на кортизолот

Во ситуации кога сме под силен стрес, како и кога чувствуваме страв или недоверба, хормонот и невротрансмитер наречен кортизол го поплавува мозокот. Притоа, извршните функции што помагаат во напредниот мисловен процес како на пример оние за стратешко размислување, градење доверба или сочувствителност, се исклучуваат. Амигдалата, нашиот инстинктивен мозок, ја презема контролата. Самото тело прави хемиски избор за тоа како најдобро да се заштити – во овој случај, од чувството на срам и губењето на моќта поврзани со тоа да се нема право – а како резултат на тоа неможноста целосно да ги регулира емоциите и да го пополни празниот простор меѓу очекувањата и самата реалност. Во ваков случај, телото се препушта на една од четирите можни „вградени" реакции: борба(продолжување на расправијата), бегство(повлекување и криење зад групниот консензус), укочување(повлекување од ставот со молчење) или помирување(помирување со својот противник и признавање дека тој е во право).

 борба на лавови

Сите овие начини на реакција се штетни затоа што го спречуваат искреното и продуктивно споделување на информации и мислења. Но, изборот на борба како реакција е далеку најдеструктивен во однос на меѓучовечките релации на работното место. За жал, овој начин е и најчест.

Тоа што се случува делумно е резултат и на друг неврохемиски процес. Кога се расправате со некого и на крај победувате, мозокот се поплавува со два различни хормони: адреналин и допамин, кои прават да се чувствувате убаво, доминантно, па дури и непобедливо. Ова е чувство што секој би сакал што повеќе да му се повторува. Затоа, и наредниот пат кога ќе се најдете во иста ситуација, пак почнувате да се расправате. И така, постепено станувате зависни од чувството да се биде во право.

 расправија

Оваа појава е многу честа кај менаџерите и лидерите. Тие се исклучително добри во ситуациите кога треба да се изборат за својот став (за кој мора да се признае дека во најчест случај е и исправниот) но и воопшто не се свесни за пригушувачкиот ефект што нивното однесувањето го има врз луѓето околу нив. Ако некој силно се возбудува од чувството на доминантност, останатите се втурнати кон понизност, искусувајќи ги споменатите реакции на борба, бегство, молчење или помирување со што им се намалува желбата за соработка.

шефот дискутира со подредените 

Победете го чувството со помош на окситоцинот

За среќа, постои уште еден хормон кој може да направи да се чувствувате исто толку добро како и адреналинот, а тоа е окситоцинот. Се активира при секоја човечка врска и ја активира мрежата на извршните фунцкии во нашиот мозок, или пред-фронталниот кортекс, со тоа зголемувајќи ја нашата способноста за доверба и отвореност кон другите. Ако сте лидер, вашата цел би требало да биде да ја зголемите активноста на окситоцинот и кај вас и кај другите(барем во контекст на комуникацијата) и притоа да го избегнете активирањето на кортизолот и адреналинот.

состанок 

Еве ви неколку едноставни вежби кои може да ги направите на работа за да си помогнете себеси(а и на другите) што полесно да ја надминете зависноста од чувството да се биде во право:

  • Направете си правилник на однесување. Ако се спремате за напорен состанок, направете си правилник на однесување. Ангажирајте ги другите со идеја да ги напишат своите предлози за тоа како да се направи состанокот продуктивен при што секој би бил вклучен, а потоа овозможете сите да ги видат напишаните предлози. На пример, еден начин да се направи попродуктивен состанокот е да им дадете доволно време на колегите да го изразат сопственото мислење, но притоа потрудете се да не се мешате. Овие вежби ќе ја намалат вашата тенденција да навлегувате во шаблон на штетни дискусии. После состанокот, разгледајте го вашето и однесувањето на другите и размислете како уште повеќе да го подобрите на наредниот состанок.

     состанок

  • Слушајте со емпатија. Кога разговарате еден на еден, потрудете се помалку да зборувате а повеќе да слушате. Колку повеќе знаете за ставовите на другиот, толку повеќе ќе имате разбирање за нив. А кога ќе успеете да го направите тоа, истото ќе го добиете и од другите.
  • Планирајте го редоследот на говорење. Во ситуации кога знаете дека постои можност една личност да доминира во групата, создадете услови секој да може да си го каже своето. Побарајте од колегите да посочат за кого сметаат дека има важни информации, ставови и идеи кои вредат да се споделат. Направете список на луѓе и теми за кои треба да говорат и употребете го тоа како агенда на состанокот, дајте им збор на различни луѓе, стимулирајте го поставувањето отворени прашања и фаќајте забелешки за се што ќе ви се чини битно.

    зборување на состанок 

  • Поврзувањето и блискоста со другите ги намалува шансите за конфликт. Дури и оние најжестоките противници во салата за состаноци, дури и тие што најмногу сакаат да „се прават паметни“, можат да се оттарасаат од зависноста што ја создава чувството да се биде во право ако го стимулираат однесувањето што го активира окситоцинот наместо кортизолот.

штиклирано 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.