RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
СЕКС "НА ГЛАДНО"
Вторник, 15 Ноември 2011
Слика
ШТО Е ДЕПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА?
Вторник, 12 Април 2011
Слика
70-ГОДИШНИ ГЕНИЈАЛЦИ
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ГЕНЕТСКИ ПРОМИСКУИТЕТ
Понеделник, 11 Април 2011
Слика
ЕМОТИВНИ РЕКЛАМИ ЗА СКЕПТИЦИ
Понеделник, 13 Декември 2010
Слика
МОЗОКОТ СУДИ И КАЗНУВА
Среда, 19 Октомври 2011
Слика
ПОЗИТИВНО ПРОТИВ БОЛКА
Четврток, 03 Март 2011
Слика
КОЛКУ ТАЖНА Е ДЕПРЕСИЈАТА?
Среда, 21 Септември 2011

„Повеќето од сликите кои ги имаме за реалноста врз кои го базираме нашето однесување всушност се темелат на посакувани искуства“

Алберт Бандура



КАКО ДО ПОВЕЌЕ ВРЕМЕ И ЕНЕРГИЈА PDF Печати Е-пошта
(1 глас, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 6042 пати
Вторник, 31 Јули 2012 00:31

Колку пати сте си рекле: „Посакувам во денот да имаше повеќе часови за да можев се да дозавршам“. Еве неколку едноставни техники кои може да ги искористите за да дојдете до тоа преку потребно време и енергија.

загрижена жена

Имајте План (Поставете си Цели)

Исто како што на една успешна компанија и е потребен бизнис план, вам ви е потребен личен план за работа, тоа е добро осмислена шема која ќе ви помогне да ги организирате и полесно да се справите со вашите работни задачи и активности.

Планот мора да се состои од конкретни и мерливи цели, со точно определен временски распоред за нивно комплетирање. Како и да е, наместо да имате строги рокови кои може да направат да чувствувате притисок и стрес, подобра идеја е да се има флексибилност. На пример, ако идеална дата за завршување на некој извештај е 1ви август, вие може да го поставите 10ти август како реалистичен рок, а 15ти август како апсолутно последен рок.

планирање

Организирајте го вашиот работен ден

Развијте конзистентен работен дневен распоред и држете се до него! Развијте рутина на поставување на работни периоди во текот на секој ден за комплетирање на секоја од категориите со задачи (на пример, пишувајте наутро, состаноците обавувајте ги за време пред и по ручекот, а архивирајте навечер, итн.). Редовноста која ја нуди еден конзистентен распоред обезбедуваат временски периоди во кои со сигурност може да сметате дека секоја категорија задачи ќе биде завршена без да се имаат превиди.

управување со времето

Научете како да доверувате задачи ефективно

Научете кои задачи можат да бидат доверени некому а за кои мора да обезбедите лично внимание. Обидот се да завршите сами води до презафатеност, стрес и премореност со што никому не правите услуга.

делегирање

Не правете ја работата потешка отколку што е

Повеќето временски притисоци се самоиндуцирани. Си поставуваме нереално високи цели или стандарди за себеси и тогаш се чувствуваме како да требало повеќе да направиме за одреден временски период. Една работа мора да ја запаметите, а тоа е дека повеќето нешта се постигнуваат по принцип чекор по чекор. Со фокусирање на секој чекор, наместо на еден цел проект, ќе ги намалите чувствата дека ве проголтала големината на проектот.

 презафатеност

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.