RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ЗОШТО ЛИДЕРИТЕ ПОТФРЛААТ
Петок, 12 Ноември 2010
Слика
ВЕДСКА КУЛТУРА
Среда, 03 Август 2011
Слика
ГЕМ, СЕТ И МЕЧ ЗА СУДИЈАТА
Недела, 09 Јануари 2011
Слика
СЕРОТОНИНСКА ПРОЦЕНКА
Понеделник, 21 Март 2011
Слика
ГЕНЕТСКА ДЕПРЕСИЈА
Недела, 09 Јануари 2011
Слика
7 СОВЕТИ ЗА ВРСКИТЕ НА ДАЛЕЧИНА
Понеделник, 31 Октомври 2011
Слика
3 ГОДИНИ ЛОЈАЛНОСТ
Вторник, 19 Април 2011
Слика
ПАРАДОКС НА ИСКУШЕНИЕТО
Понеделник, 13 Декември 2010
Слика
МАЈКИ И ДЕТСКА СОЦИЈАЛНОСТ
Понеделник, 06 Декември 2010
Слика
КАКО ЗНАЕМЕ ДЕКА НАШЕТО ТЕЛО Е НАШЕ?
Понеделник, 03 Октомври 2011

Каде и да одам, гледам дека некој поет бил таму пред мене.

Зигмунд Фројд



ТИМСКИ ДУХ ПРОТИВ ДЕПРЕСИЈА PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 2791 пати
Среда, 01 Декември 2010 22:33

Лошиот тимски дух на работното место може да направи многу повеќе отколку да го намали работниот морал – тој може да ги направи луѓето депресивни.

депресивна жена

Ова го тврди нова студија објавена во списанието "Occupational and Environmental Medicine".

"Бидејќи депресивните пореметувања се главна причина за неспособноста за работа и голем број на заболувања, повеќе внимание би требало да им се посвети на психолошките фактори на работното место," изјави главниот автор др. Марџо Синоки од Финскиот Институт за Професионално Здравје во Турку.

Додека истражувачите проучуваа како социјалната поддршка и автономијата на работното место, како и работната безбедност, влијаат врз менталното и физичкото здравје на луѓето, малку се знае за тоа како тимската интеракција влијае врз здравјето, посочуваат Синоки и нејзините колеги.

работен тим

Како беше изведена студијата

Научниците најпрвин ја испитаа "тимската клима," или начинот на кој луѓето се чувствуваат во врска со квалитетот на комуникацијата во работното опкружување. Студијата беше спроведена врз репрезентативен примерок од 3347 Фински работници на возраст од 30 до 64 години.

Луѓето беа замолени да дадат пет оценки – од "Се согласувам во целост" до "Воопшто не се согласувам" – за своите работни опкружувања: "Охрабрувачка средина која прифаќа нови идеи", "Конзервативна средина со предрасуди", "Пријатна средина" и "Негативна средина со расправии и несогласувања".

конфликтна средина

Комбинирано Меѓународно Дијагностичко Интервју на Светската Здравствена Организација (СЗО) беше употребено со цел да се процени менталното здравје на испитаниците. Беа применети критериуми од Дијагностичкиот и Статистички Прирачник за Ментални Пореметувања (ДСП-IV) за да се дијагнотицираат ментални пореметувања.

Потоа субјектите беа поделени во три групи во зависност од нивните резултати на тестовите.

Кај луѓето кои работеа во лошо опкружување, кои се изјаснија дека нивната работна околина е негативна и полна со расправии, постоеше 61% поголема веројатност за депресија. Овие работници исто така беа подложени на зголемен ризик од анксиозност.

сложен тим

Нејасна е поврзаноста со депресијата

Сепак, штом истражувачите разјаснија колку контрола имаат луѓето врз своите работни места, оваа поврзаност на работното опкружување со депресијата исчезна.

Овој дел од студијата не можеше да одреди дали лошото работно опкружување предизвикува депресија или пак депресивните луѓе ја перцепираат својата работна околина на понегативен начин.

Вториот дел од студијата се обиде да ги постави во корелација работната клима и користењето на антидепресиви за наредните три години. Истражувачите открија дека кај субјектите со најлоша работна клима шансите за земење на антидепресивни средства беа поголеми дури за 53%.

канцелариска депресија

Ова докажува дека нехармонична работна средина може да предизвика депресија, забележа Синоки, но таа исто така вели дека е потребно да се извршат повеќе истражувања од оваа област за да се појасни врската помеѓу депресијата и работната околина.

Непријатно социјално опкружување на работното место може да влијае врз ризикот од депресија на тој начин што ќе го зголеми стресот. Тој пак од своја страна може да влијае врз факторите како што се пушењето, конзумацијата на алкохол или вежбањето, забележуваат истражувачите.

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.