RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ПРВИОТ СЕКС ГО МЕНУВА МОЗОКОТ
Понеделник, 12 Декември 2011
Слика
ДАЛИ ПИШУВАЊЕТО БЛОГ УСРЕЌУВА?
Вторник, 08 Ноември 2011
Слика
ЛАЖНА НАСМЕВКА
Четврток, 10 Март 2011
Слика
КРЕАТИВНОСТ ЗА ДРУГИТЕ
Понеделник, 14 Март 2011
Слика
6 НАЈТЕШКИ ТИПОВИ ЛУЃЕ
Среда, 15 Декември 2010
Слика
ЗОШТО ЛИДЕРИТЕ ПОТФРЛААТ
Петок, 12 Ноември 2010
Слика
ЕСТРОГЕН ЗА ДОБАР СЛУХ
Четврток, 16 Декември 2010
Слика
КОГА ПСИХОЛОЗИТЕ "ГРЕШАТ"
Сабота, 15 Октомври 2011

Луѓето се многу поморални отколку што си мислат и далеку понеморални отколку што можат да си замислат.

Зигмунд Фројд



НЕ Е КОЈ ГО ЗНАЕШ, ТУКУ ШТО ЗНАЕШ PDF Печати Е-пошта
(1 глас, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 9877 пати
Петок, 30 Март 2012 21:23

Дали вашиот професионален успех зависи од луѓето кои ги познавате или од талентот што го поседувате?

 Бизнис Свет

Конвенционалната бизнис „мудрост" вели дека во тој свет вашиот успех зависи од тоа кои луѓе ги познавате, односно социјалниот бекграунд и професионалната мрежа на познанства тежи повеќе отколку талентот кога се работи за успех во кариерата. Но, според истражувањата на Универзитетот во Тел Авив, имањето на вистинските врски може да ве однесе само на прагот на вратата кон успехот. Според професорот на факултетот за менаџмент, Јов Ганзах, вашиот иден успех зависи исклучиво од вас.

 бизнис фамилија

Кога еден наспроти друг како фактори ќе се исправат социо-економскиот бекграунд и интелигенцијата, се покажало дека интелигенцијата ќе ја добие битката. Имено, во истражувањата пронајдено е дека таа е многу подобар предиктор за успехот во идната кариера на некој човек.

пари во мозокот

Иако оние од поимашни фамилии стартувале на повисоки позиции во битката за подобра канцеларија а исто така и со поголеми почетни примања, истражувањата на професорот Ганзах покажале дека постои директна корелација помеѓу интелигенцијата и кривата на платеност во развојот на нечија кариера, дефинирана како стапка по која вработениот добива покачувања на платата.

 Крива на платеност

Професорот Ганзах вели дека овие наоди, објавени во списанието Интелигенција, упатуваат позитивна порака кон оние кои не можат да се потпрат на непотизам за нивната прва работа. „Вашата фамилија може да ви помогне да ја стартувате кариерата со одредена предност, но не може многу да стори за вашиот напредок. А кога еднаш ќе почнете да работите, може да одите каде што ве носат способностите," вели тој.

Непотизам 

IQ-то влијае врз платата

За цели на студијата, професорот Ганзах ги анализирал податоците од Националната Лонгитудинална Студија на Младината, изведена во периодот од 1979 до 2004 година опфаќајќи 12,868 американци. Учесниците поминале низ годишно или двогодишно интервју во врска со нивните унапредувања во работата и платите.

Од оваа група, тој ги елиминирал сите оние испитаници кои продолжиле на школување, сакајќи на тој начин да се осигура дека интелигенцијата и социо-економската подлога се единствени битни фактори во компарацијата.

график на испитувања 

Интелигенцијата била пресметувана преку скоровите кои секој испитаник ги имал на Квалификациониот Армиски Тест, а социо-економскиот бекграунд го пресметувал преку вредностите за образованието на родителите, фамилијарниот приход, и професионалниот статус на родителите.

Со следење на учесниците во период од 25 години, од почетокот до средината на нивните кариери, било можно да се дојде до прецизна слика за влијанието на секој фактор кој влијаел врз нивниот економски успех.

 млади луѓе во бизнис

Земајќи ја во предвид стапката на напредок во лакот на кариерата на секој испитаник, податоците покажале дека иако и двата фактори, интелигенцијата и социоекономската подлога, имаат влијание на влезното ниво на плата, само интелигенцијата имала влијание врз стапката на раст низ годините. Кога ќе се погледне на стапката на унапредувања пак, интелигенцијата исто така убедливо доминирала над социо-економската подлога во смисла на напредок во кариерата.

график на индикатори за варијабли

Карактерот и тимскиот дух може да играат улога

Едно од ограничувањата на оваа студија, како што и самиот Ганзах наведува, е дека не зема во предвид некои други возможно битни варијабли, како што се карактеристиките на личноста, социјалните вештини или пак способноста добро да се работи во група – сите тие, фактори кои може да влијаат врз напредокот.

 работен состанок

Идните истражувања може исто така да разгледуваат различни мерки на успех, како што е професионалниот успех или задоволството од работа, и да истражат дали овие резултати се однесуваат и на вработени со различни нивоа на образование, како на пример луѓе со диплома за високо образование.

 Долари во Мозок

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.