RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ДО ЧАШКАТА Е
Понеделник, 01 Октомври 2012
Слика
ДО 2030 СИТЕ ЌЕ БИДЕМЕ ТЕЛЕПАТИ
Четврток, 11 Ноември 2010
Слика
ТЕ ПРЕПОЗНАВ! НО, КАКО ГО НАПРАВИВ ТОА?
Понеделник, 16 Јануари 2012
Слика
ПРЕЦЕНЕТА СРЕЌА
Среда, 23 Март 2011
Слика
УБЕДЛИВ КОФЕИН
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ПРЕКОГНИТИВНИ СОНИШТА
Вторник, 12 Април 2011

„После занимавање со психологија речиси пола век, мојата страст за неа е поголема од било кога“

Филип Зимбардо



ПАРАНОРМАЛНА ПСИХОЛОГИЈА PDF Печати Е-пошта
(2 гласови, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 13495 пати
Понеделник, 19 Декември 2011 00:00

Иако постојат одредени стандарди и верувања во психологијата, погледите често може да се разликуваат, особено кога станува збор за парапсихолошките студии.

парафеномени

Севкупно, науката се држи до одреден научен протокол. Ова може да се разликува кога станува збор за парапсихолошка студија.

Паранормална студија

Една област со бројни школи на размислувања е вонтелесното искуство (ВТИ). Ова се случува кога изгледа како свеста, или како што ја сметаа повеќето луѓе за душа на личноста, го напушта телото, а потоа се враќа.

Клинички психолог кој не верува во паранормалното најверојатно ќе го побива секој вид на вакво искуство како некој вид на халуцинација, веројатно како резултат на некаква траума, или ќе го разгледува како сон.

рака во темнина

Психолог кој е обучен за паранормалното и парапсихологијата најверојатно ќе биде отворен за можноста дека нешто навистина паранормално се случува. Доказ кој може да го поддржи ова е кога индивидуата изгледа како астрално да патува до некоја локација, се враќа со информација и таа информација е валидна во ситуација кога “доживувачот” нормално не би бил посветен на информацијата.

Психолошки разлики

Дури и во полето на парапсихологијата, мислењето кои нудат објаснување на одредени паранормални настани се разликуваат. На пример, видовитите искуства. Гери Шварц од Универзитетот во Аризано е познат по неговата работа со медиумите. Врз основа на неговото истражување, тој тврди дека способностите за јасновидство навистина постојат.
Од другата страна пак, парапсихологот Сузан Блекмор, познат скептик во оваа област, верува дека таканареченото видовито искуство е само форма на илузија.

телепатија

 

Психолошки верувања

Со разните верувања во полето на психологијата, што да прават луѓето кои не се стручни во оваа тематика? Тоа е прашање кое допрва треба да биде одговорено. За жал, понекогаш се се сведува на системот на верувања на одреден психолог.

паранормално

Што е со индивидуата која тврди дека била киднапирана од вонземјани. Јасно е дека ова не е тема ни за парапсихолозите, па сепак поранешниот психијатар од Харвард д-р Џон Мек пронајде валидност во овие тврдења.

Психологијата се справува со прашањата на умот. Иако постојат одредени стандарди и протоколи за кои повеќето психолози ќе се сложат, има такви кои се поделени во ова поле, особено кога станува збор за било какви парапсихолошки студии. Прашањето кое останува е дали навистина се случува нешто паранормално, или тоа е само некој вид на трик, како халуцинација со која си игра умот.

гледање на далечина

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.