RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ЖИВОТИНСКИ ЕМОЦИИ
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ДВИЖЕЊЕТО НА ТЕЛОТО ДЕЛУВА НА СТАВОВИТЕ
Понеделник, 12 Септември 2011
Слика
ИЗБОРЕТЕ СЕ СО АНКСИОЗНОСТА
Вторник, 01 Февруари 2011
Слика
ЛУЃЕ, ЕМОЦИИ И КОМПЈУТЕРИ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
ЗОШТО СЕ БАКНУВАМЕ?
Четврток, 06 Октомври 2011
Слика
ХИЕНИТЕ НЕ СЕ СМЕАТ
Понеделник, 13 Декември 2010
Слика
БОЛНИ НА ПОЛНА МЕСЕЧИНА
Петок, 08 Април 2011
Слика
МЕМОРИСКИ КАРТИЧКИ ЗА МОЗОК
Понеделник, 11 Јули 2011

„Кој гледа нанадвор, сонува. Кој гледа навнатре, се буди“

Карл Јунг



ШЕСТОТО СЕТИЛО - НАУЧНО ДОКАЖАНО PDF Печати Е-пошта
(15 гласови, просечно 4.87 од можни 5)
прочитано 23688 пати
Четврток, 17 Ноември 2011 08:42

 Психичките феномени се контроверзни и секоја дискусија за паранормалното предизвикува дебата...

3 жени и кристална топка

Истражувањата од областа на парапсихологијата повеќе од еден век се обидуваат да користат научни методи со кои ќе ги објаснат мистериите на психата. Неодамнешниот развој на парапсихологијата и неврологијата открија нови знаци за начинот на кој ЕСП и другите психолошки способности се процесираат во мозокот.
Психичките способности и искуства се многу почести кај луѓето отколку што повеќето мислат, а вклучуваат спектар на наизглед неповрзани доживувања вклучувајќи претскажувања (соново или визии за иднината), телепатија (ум со ум комуникација), видовитост (примање на психички импресии од локација или објект), психокинеза, како и опседнатост, полтергејст, реинкарнациони сеќавања и бројни други паранормални настани. Психокинезата, психичкото лекување и полтергејст видовите на феномени се дел од проективната (или експресивна) пси, бидејќи изгледа како тие да вклучуваат одреден тип на сила или енергија која ја диригира човечкиот ум, во интеракција со надворешната средина.

телепатија

ЕСП, претскажувањата и одредени видови на опседнатост се дел од репцептивната пси, бидејќи тие вклучуваат примање на информации без помош на комуникацијата. Едно од најинтересните откритија во полето на парапсихологија е дека срединските фактори, особено магнетните и електромагнетните полиња, изгледа влијаат врз мозочната способност да продуцира психички ефекти како одговор на разните климатски или геолошки фактори.

сончева бура
Неколку нови студии покажаа дека проективните пси феномени, како психокинезата и полтергејст ефектите, се поактивни кога геомагнетското поле на земјата е повисоко, како што е за време на соларните магнетски бури. Рецептивните пси феномени како ЕСП и претскажувањата изгледа се инхибирани за време на високиот геомагнетизам, а покачени кога нивото на магнетното поле е најниско. Опседнатоста и другите видови на спонтани паранормални феномени како средби со НЛО, исто така изгледа преовладуваат во присуство на вештачки електромагнетни полиња со висок интензитет, како оние кои се создаваат под дејство на жиците со високонапонски електричен пренос и апаратите за домаќинство.

магнетно поле

Нашиот истражувачки тим ја измери невообичаената електромагнетна активност во многу “опседнати” локации низ годините. Овие наоди укажуваат дека зголемената магнетна или електромагнетна енергија на некој начин овозможува поттик за паранормални феномени за кои е потребно трошење на енергија. Овие исти енергетски полиња создаваат “електрицитет” кој ги уништува суптилните сигнали на ЕСП, правејќи го примањето потешко за рецептивните типови на пси. Но, што е со структурата или физиологијата на мозокот која ја овозможува пси рецепцијата? За среќа, науката овозможува одговори и за овие прашања.

медитација
Постои силен доказ кој го поддржува тврдењето дека двете хемисфери на мозокот имаат одвоено и свесно его. Постојат барем две личности кои опстојуваат во секој нормален човек. Секоја хемисфера на мозокот има самосвесна свесност и основа која ни дозволува да ги процесираме информациите и симболите. Што и да гледаме, чувствуваме, слушаме или допираме се канализира во овој систем кој ги апстрахира овие информации и го овозможува јазикот, концептуелизацијата и апстракциите.

хемисфери
Кога еден од овие центри е активен, невропсихолошките механизми активно ги инхибираат другите од изразување на своите психички содржини. Ова значи дека  “несвесното” секогаш размислува и е свесно, самосвесно и има потреба повремено да се изрази. Повеќето од нас се потпираат на процесирањето во левата хемисфера, центарот за вербална комуникација, логика и линеарно размислување. Но, психичките центри на мозокот изгледа се наоѓаат во десната хемисфера, делот од мозокот кој ги контролира нашите артистички, интуитивни и вештините за невербална комуникација.

телепатија
Corpus cаllosum е дел од мозокот кој се поврзува со двете хемисфери. Каj пациентите каj кои овој дел е оштетен, комуникацијата меѓу двете хемисфери продолжува, иако на пониско ниво на ефикасност. Ние не разбираме потполно како комуницираат двете ега, но оние што станале посвесни за другото его кое живее во нивниот мозок, го започнуваат духовното будење на нивните психички способности. Психичките алатки не се ништо повеќе од засилувачи. Тие ги засилуваат малите моторни сигнали. И многу малите сигнали се во толкав број колку што вашето “друго его” може да ги организира. Се верува дека луѓето кои ние ги нарекуваме “со посебни моќи” не мора да поседуваат поголеми психички способности од другите, но тие се едноставно поспособни да ја примат информацијата од несвесниот дел од мозокот, каде се процесира оваа психичка информација. Се разбира, секој има “Psi-Q” и како кај секој талент, некои луѓе имаат поголема природна способност од другите.

корпус калосум
Психолошкиот центар на мозокот е веројатно локализиран во темпоралниот лобус, особено во десниот. Тоа е дел од примитивниот емоционален дел од мозокот познат како лимбичен систем. И покрај Холивудската верзија на ЕСП каде луѓето кои се обидуваат да користат посебни способности се советуваат да се концентрираат, парапсихолозите долго време биле свесни дека емоционалното вклучување, а не концентрацијата или моќта на волјата, го подобрува психичкото функционирање. Посебните способности потекнуваат од попримитивниот лимбичен систем, не од интелектуалниот кортекс.

тестирање

Тестовите спроведени кај многу луѓе кои пријавиле чести психолошки искуства, или на оние кои живеат во “опседнати” куќи, укажуваат дека многу од нив имаат невообичаени својства во областа на темпоралниот лобус на мозокот. Интересно, темпоралниот лобус на мозокот е најосетлив на електрична и магнетна стимулација. Студиите спроведени од д-р Мајкл Персинџер и други укажуваат дека многу субјективни сензации поврзани со паранормалните доживувања може да се репродуцираат во лабараторија со примена на магнетни полиња во темпоралните лобуси. Овие ефекти се минливи и навидум безопасни, но резултираат со привремено зголемување на психичката свесност на субјектот.
Друго неодамнешно интересно откритие е тоа што човечкиот мозок содржи магнетит (железен оксид) кој го прави човечкиот мозок почувствителен на магнетните полиња на земјата. Долго познато беше дека птиците и други животни го користат магнетитот во нивниот мозок за да им помогне во навигацијата. Магнетитот е особено сконцентриран во пинеалната жлезда и темпоралните лобуси. Тоа е мала структура во центарот на мозокот, одговара на “третото око” кај Источните цивилизации, или шестата чакра. Оваа жлезда навистина е еден вид на атрофирано око и е осетлива на светло и други видови на електромагнетна радијација.

трето око
Можеби највозбудливото откритие од сите е дека мозокот продуцира невротрансмитер кој ја поттикнува пси. Низа на супстанции познати како Бета-карболини се секретираат од пинеалната жлезда. Оваа неврохемикалија се продуцира само навечер ( во период кога се јавуваат психичките искуства). Бета- карболините се класа на алкалоиди кои им беа познати на научниците веќе некое време, иако во мозокот беа откриени во последните две декади. Во 1940-тите години, Ричард Шултс, познатиот етноботанист од Харвард, донесе примероци од чудно растение од амазонските џунгли. Познато како Ајахуаска или “виното на визијата”, Bannisteropsis caapi се користи за да се направи халуциноген пијалок од шаманите во многу јужноамерикански племиња. Овој пијалок предизвикува состојба на транс во која се доживуваат визии од разни типови и за кои се верува дека во голема мера ги зголемуваат посебните психички способности. Оваа активна состојка во ова растение е Бета-карболин, хемиски многу слична на супстанција која се продуцира во нашиот мозок навечер. Оваа супстанца првенствено беше нарекувана телепатин поради нејзините својства кои ја поттикнуваат пси.

екстрасензорна перцепција
Дуалистичкиот модел на човековата психа предлага дека човековото размислување, емоции и однесување се резултат на интеракции помеѓу физичкиот мозок и нефизичката свесност. Бидејќи парапсихолозите продолжуваат да ги студираат врските помеѓу овие две функционални единици, започнува да се јавува ново разбирање на психичките феномени и еден ден може да доведат до способност за предизвикување на ЕСП или психокинеза по желба. Дали ќе одлучиме да ја искористиме оваа страшна моќ за корист или штета на светот, останува да се види.

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.