RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ПСИХОЛОГИЈА НА ТЕНИСОТ
Петок, 25 Март 2011
Слика
ПРВИОТ СЕКС ГО МЕНУВА МОЗОКОТ
Понеделник, 12 Декември 2011
Слика
ПСИХОЛОГИЈА НА ТРОШЕЊЕТО И ШТЕДЕЊЕТО
Понеделник, 28 Октомври 2013
Слика
АЛКОХОЛОТ ДОБАР ЗА МЕМОРИЈАТА?!
Вторник, 09 Август 2011
Слика
ПСИХОЛОГИЈА НА "ЗАДНИОТ ВЛЕЗ"
Среда, 14 Декември 2011
Слика
ПОЗИТИВНА ПСИХОЛОГИЈА
Понеделник, 28 Март 2011

Каде и да одам, гледам дека некој поет бил таму пред мене.

Зигмунд Фројд



АВТОХИПНОЗА PDF Печати Е-пошта
(3 гласови, просечно 4.67 од можни 5)
прочитано 12182 пати
Среда, 17 Август 2011 14:52

Ако знаете да практикувате антихипноза ќе можете да се здобиете со поголема контрола врз вашиот живот и ќе можете да се справите со вашите зависности и фобии.

хипноза

За да ги дознаете придобивките од автохипнозата не мора да знаете како таа функционира, но можете да прочитате неколку битни информации. Само-хипнозата е термин на западот кој се однесува на источното античко практикување на трансценденталната медитација, односно хипнозата метод за достигнување на потсвесноста и моќ да се влијае врз неа и врз некои наши длабоко вкоренети однесувања како што се на пример пушењето и прејадувањето.
Практикувањето само-хипноза не е тешко, но бара постојано вежбање затоа што станува збор за постојан процес. Позитивната страна е дека вежбањето води кон подобро здравје и самодоверба.

часовник за хипноза

Што е мезмеризам?

Зборот “хипноза” е изведен од терминот “невро-хипноза” или “спиење на нервите” и е измислен од шкотскиот хирург Џејмс Брејд околу 1841 година. Брејд цела теорија ја основа врз теоријата на Франц Мезмер (според неговото име се добива и терминот “мезмеризам”), меѓутоа нивните теории се различни кога станува збор за самата процедура.

Франц Мезмер
Мезмер верувал дека постои магнетна сила која преовладувала во универзумот и влијаела врз човечкото здравје. Тој сметал дека ефектот на хипнозата може да се предизвика преку фокусирана визуелна концентрација. Еве зошто се користат рачните часовници.
Сосема спротивно на популарното мислење дека хипнозата наликува на несвесен сон – современите истражувања велат дека постои будна состојба кога вниманието е фокусирано но свесноста е намалена. Овие податоци изгледаа интересни за следбениците на невро-лингвистичкото програмирање.

круг за хипноза

Улогата на десната страна на мозокот во процесот на хипноза

Кај научниците постои дебата за тоа дали хипнозата навистина функционира. Науката не може да објасни што е хипнозата и како функционира. Со хипнозата се менува состојбата на свесност на таков начин што левата, аналитичка страна на мозокот е исклучена, додека пак десната, не-аналитичка страна станува почувствителна. Се зголемува свесната контрола на мозокот и се буди несвесниот ум. Бидејќи потсвесниот ум се наоѓа подлабоко и е поинстинктивна сила отколку свесниот ум, ова е делот на мозокот каде се менуваат однесувањата на пациентот.

масовна хипноза
Авто-сугестијата им помага на многу луѓе да направат позитивни промени за себе. Поминаа деновите кога хипнозата се сметала за метод со кој може да се контролира умот; при една сеанса со хипнотерапија, пациентот секогаш има контрола и не постои начин на кој може да е присилен да направи нешто против своја волја.
Генерално е прифатено дека всушност секоја хипноза е само-хипноза. Хипнотизерот само ни помага да стигнеме до таа состојба. Некои велат дека хипнотерапијата не не’ присилува да правиме некои работи туку напротив, ни дава моќ.

око хипнотизирано

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.