RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ПОСЕДУВАТЕ ЛИ ВОИНСТВЕН ГЕН?
Четврток, 04 Ноември 2010
Слика
ДЕПРЕСИЈА И ИНТЕЛЕКТ
Понеделник, 11 Април 2011
Слика
ОПАСНОСТА ОД КОНТРОЛИРАЧКИ ЛИЧНОСТИ
Понеделник, 14 Јануари 2013
Слика
ВИСТИНСКИТЕ СПОРТИСТИ ПЛАЧАТ
Четврток, 06 Октомври 2011
Слика
ПОТРАГА ПО СОВРШЕНСТВО
Петок, 18 Март 2011
Слика
СИНДРОМ НА РОДИТЕЛСКА ОДБИВНОСТ
Вторник, 18 Октомври 2011
Слика
ОД ПОГРЕБ ДО ОПШТЕСТВО
Четврток, 03 Февруари 2011
Слика
ЗОШТО СМЕ СИТЕ ЛУДИ
Вторник, 23 Ноември 2010

Несреќата најдобро се дефинира како разлика помеѓу нашите таленти и нашите очекувања.

Едвард де Боно



ПРЕКОГНИТИВНИ СОНИШТА PDF Печати Е-пошта
(3 гласови, просечно 4.67 од можни 5)
прочитано 11952 пати
Вторник, 12 Април 2011 00:00

Науката смета дека некои предвивдувачки соништа не треба да се занемаруваат.


маж сонува

Професорот Ричард Вајсман вели дека треба да се даваат психолошки објаснувања за некои предвидувачки соништа. Сепак, некои парапсихолози сметаат дека прекогницијата е вистински феномен – заедно со телепатијата, јасните мисли и останатите паранормални феномен.

Вајсман објаснува дека теоријата на “случајност” се употребува за да се објаснат прекогнитивните соништа. Сонуваме многу повеќе отколку што мислиме, вели тој, со тоа генерираме многу слики. Повеќето од нив ги забораваме, а на некои се потсетуваме ако видеме нешто што ќе не наврати на сонот, и со тоа веруваме дека “постои некоја магија која ни ја предвидува иднината.” Во реалноста, станува збор за владеење на законите за веројатност.

сонување

Соновите кои предвидуваат убиства, несреќи и замјотреси можат да се резултат на личната вознемиреност, вели Вајсман. Ако не се сетиме на сонот пред да се случи настанот, оние што го сонувале мислат дека можеле да го протолкуваат подобро сонот и да го сменат текот на настаните.

Понекогаш, луѓето го паметат сонот пред да се случи настанот, меѓутоа и ова може да е само случајност. Вајсман вели: „Не е ни чудо ако ги занемаруваме некои соништа затоа што изгледаат премногу нереално“

Ставот на Вајсман е премногу субјективен исто како и самиот феномен што сака да го објасни. Кога соништата се поклопуваат со вистински настани со бројни детали – како што често се случува – статистичката веројатност не е баш корисна.

прекогнитивен сон

Еден ваков случај за кој се пишуваше во еден бестселер беше случката за човек кој сонувал дека ќе сретне жена што ќе носи блуза со пруги, ќе ја сретне во градина и ќе мисли дека е германски шпиун. Два дена подоцна, овој сонувач влегува во еден хотел каде му кажуваат дека во хотелот престојува жена за која се мисли дека е шпиун. Тој ја забележува жената во градината а и облеката што таа ја носи е иста како таа од сонот. Ваквите податоци – кога сонот останува во меморијата и потоа истото се случува во реалноста е навистина предвидување и не може да се смета само за анегдота.

сон

Во 60-тите години на минатиот век, беа направени експерименти во лабораторијата за спиење во медицинскиот центар во Њујорк. Некои од истражувањата се фокусираа на прекогницијата, каде луѓето ги објаснувале соништата пред да ја видат сликата што била селектирана. Пет од осум експерименти беа успешни, а два беа многу блиску до целта.

Вајсмен може да најде начин да ги побие овие експериментални факти и методи. Секако дека овој феномен со прегокнитивните соништа не е докажан, меѓутоа, научниците се’ повеќе и повеќе наоѓаат релевантни податоци и цврсти докази што треба сериозно да се разгледаат.

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.