RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
И МАЖИТЕ МОЖАТ ДА ДОЈАТ?!?
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
3 ГОДИНИ ЛОЈАЛНОСТ
Вторник, 19 Април 2011
Слика
СКАПО ИЛИ ЕФТИНО ВИНО - НЕМА РАЗЛИКА!
Понеделник, 15 Август 2011
Слика
IQ И EQ ТИПОВИ
Понеделник, 24 Септември 2012
Слика
БРАКОТ И ПРОСТУВАЊЕТО
Среда, 30 Март 2011
Слика
БИДЕТЕ ЗАФАТЕНИ
Четврток, 17 Февруари 2011
Слика
6 МАШКИ ЗАБЛУДИ ЗА СЕКСОТ
Понеделник, 21 Ноември 2011
Слика
ДЛАБИНСКА ПСИХОЛОГИЈА
Вторник, 29 Јануари 2013
Слика
ФИЛМСКО ВЛИЈАНИЕ
Вторник, 22 Февруари 2011

Има еден  многу чуден парадокс, дури кога ќе се прифатам себеси за таков каков што сум, дури тогаш можам да се променам.

Карл Роџерс



ШТО Е СВЕСНОСТ? PDF Печати Е-пошта
(3 гласови, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 10886 пати
Петок, 01 Април 2011 00:00

Човечката свесност е бесконечна како огромниот простор во соларниот систем.

медитација

Што и да постои во неа е помоќно отколку интерпланетарниот простор. И покрај тоа, за жал, мисловно зачудувачки е тоа што сме потполно несвесни за ова божествено богатство кое постои во нашата внатрешност.

Атомот е суптилната форма на космосот. Неговата централен дел e сонце на нашиот универзум. Електроните кружат околу јадрото (сонцето) исто како што планетите кружат околу сонцето во нашиот соларен систем. Како што бесконечниот простор постои надвор од периферијата на сончевиот систем, така постои голем простор во атомот. Помеѓу разните сончеви системи во космосот постои и оптимален простор кој ги дели еден од друг. Слично на тоа, постојат бројни разлики во централниот регион на сите атоми. Иако надворешно изгледаат идентично, забележани се внатрешни разлики. На пример, во ураниумот постојат 92 електрони, додека во јаглеродот има само 6 електрони.

сончев систем

Секое човечко суштество може да биде слично на целиот космос. Неговата душа е како сонцето во чија близина кружат атоми и планети. Атомите, бактериите и вирусите  пронајдени во човечкото тело емитуваат посебен вид на електрицитет. Поради влијанието на овој електрицитет, органите како мозокот и слично, функционираат правилно. Разновидни движења се забележуваат во атомите. Тие имаа недостаток на капацитет да размислуваат или да доживеат било што. Но, човечкиот електрицитет наречен прана (животна/ витална сила) го манифестира капацитетот на размислување и така животот преминува во постоење.

животна сила прана

Познато е дека околу поларниот регион на планетата Земја избувнуваат бури. Тие емитуваат нестабилна светлина наречена Аурора Бореалис. Од своја страна, поларниот регион привлекува радијации, светлина и други влијанија од другите планети во нашата галаксија. Влијанието на Земјата се пренесува до другите планети во универзумот. За поларниот регион се вели дека е точката на контакт со остатокот од космосот. Сегашното постоење на нашата земја зависи од интерпланетарните радијации кои поминуваат преку поларниот регион. Настрана од ова, сегашното позиционирање на другите планети е такво какво што е како резултат на разните непрекинати активни радијации во поларниот регион на земјата. Ако поради некоја причина дојде до застој во оваа размена, животот на наата планета ќе престане да постои. Заедно со ова и промената во хиерархијата и позиционирањето на планетите ќе доведе до хаос во сегашните активности на сончевиот систем. Мало движење во мала област има прилично голем придонес во кружната активност на земјата и останатите планети. Колку повеќе размислуваме за овој факт, толку повеќе неговата мистериозност луцидно ќе се расплетува.

аурора бореалис

Внатрешната свест на човекот, исто така е слично фокусирана област на божествена енергија. Во неа постојат безгранични познати и непознати потенцијали како посакувана моќ, емоционална моќ, моќ за расудување, моќ на привлекување, моќ на одбивање итн. Доколку тие се активираат оптимално, доколку се научиме да ги искористиме правилно, можеме да ја доживееме манифестацијата на сите космички сили. Човечката свест е бесконечна како огромниот простор во сончевиот систем. Што и да постои во неа е помоќно од интерпланетарниот простор. Но, за жал и покрај сето ова зачудувачки е тоа што сме потполно несвесни за ова божествено богатство кое престојува во нашето внатрешно суштество. Доколку сме доволно способни да воспоставиме врска со изворот на неограничената енергија која е сродна со гигантски океан, можеме да станеме неограничен извор на божествена енергија.

божествена енергија

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.