RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ЗОШТО НАВРЕДУВАТЕ?
Четврток, 10 Март 2011
Слика
10 ОСОБИНИ НА УСПЕШЕН МАЖ
Вторник, 28 Декември 2010
Слика
ТЕРОРИСТИТЕ НЕ СЕ ЛОШИ ЛУЃЕ
Среда, 10 Август 2011
Слика
АВТОРИТАРНА ЛИЧНОСТ
Четврток, 21 Февруари 2013
Слика
ПСИХОЛОГИЈА НА СОНОТ
Понеделник, 18 Април 2011
Слика
МЕРКАЊЕ ЗА НЕУСПЕХ
Понеделник, 28 Март 2011
Слика
АГРЕСИЈАТА КАЈ ЖЕНИТЕ Е ГЕНЕТСКА
Вторник, 09 Ноември 2010

Постигнувањето во општеството се проценува со погрешно дефинираниот критериум според кој принудно сте ставени во позиција другите да ви определуваат колку сте успешни.

Алберт Бандура



ВЕРУВАТЕ ЛИ ВО РЕИНКАРНАЦИЈА? PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 9187 пати
Четврток, 03 Февруари 2011 01:00

Понекогаш се прашуваме: Зошто сме тука? Од каде сме дојдени? Што се случува кога ќе умреме?


скали

Циклусите на спиење, сонување и  будење многу наликуваат на циклусите на смрт, меѓусостојба и преродба. Кога сме во длабок сон, на другите им наликуваме на мртви луѓе. Кога конечено ќе се разбудиме, си ја враќаме нормалната меморија и ментална контрола, сонот исчезнува и ние продолжуваме да живееме во свесна состојба. Некои велат дека циклусот на смртта е сличен – умирањето можеби е многу слично на длабокиот сон.

Реинкарнацијата е верување според кое, кога човек умира, тој се преродува во друго тело. Луѓето имаат различни ставови за реинкарнацијата – еден од нив е дека не секогаш луѓето се враќаат во човечка форма. Некој можеби бил пајак во претходниот живот, некој можеби во следниот ќе биде морков или папагал, па затоа, во иднина, внимавајте што правите.

пеперутка

Има монаси кои медитираат за да ја постигнат најсовршената состојба на нирвана со цел да одбегнат реинкарнација. Според некои верници, човекот во овој живот треба да живее безгрешно за во следниот повторно да се врати во човечка форма. Има и луѓе кои, со помош на хипноза, можат да се вратат во претходниот живот и да се сетат на некои настани за да ги пронајдат корените на нивните проблеми во сегашниот живот.

Преку кармата, реинкарнацијата може да ни помогне да сфатиме зошто добри работи им се случуваат на лоши луѓе и обратно. Можно ли е да сме казнети за нешто што сме го направиле во претходниот живот? Многу од нас доживеале дежа-ву, што се објаснува како сеќавање од некој претходен живот. Сонот пак, се објаснува како патување на душата.

Сите одговори лежат во нас самите. Сепак, и кога сме свесни за ова, не знаеме како да ги разбереме. Можеби е добро да го сфаќаме секој настан само како обичен настан, а не да го карактеризираме како добар или лош. Вака можеби ќе научиме да ги гледаме само позитивните страни во се.

реинкарнација

Како да се вратиме во претходниот живот?

Оваа состојба се постигнува со помош на хипноза која може да не врати во еден или повеќе претходни животи кои се поврзани со нашите моментални проблеми. Исто така, ни помага подобро да ги сфатиме излузиите на животот и да се ослободиме од претходните животи кои имаат влијание врз моменталниот живот. Целта на овој процес е да се најдеме во состојба која ќе не доближи до скриените сеќавања на нашата потсвест на овој и сите претходни наши животи. Меѓутоа, за да биде успешна оваа регресија, личноста мора да верува во реинкарнација и така, за време на сеансата, можеби ќе добие некои пост-хипнотички знаци од минатото.

Преку овој процес, луѓето успеале да излечат болести како астма, алергии и главоболки. Некои се одлучуваат на овој чекор за да се ослободат од физички или емоционални болки. Други пак, со овој процес го намалуваат стравот од смртта и се обидуваат да си ги објаснат нивните чудни соништа.

хипноза

Хипнозата се покажа како добра техника за истражување на претходните животи и патување во минатото во една изменета психолошка состојба, со кое луѓето учат подобро да ги разберат внатрешните доживувања преку анализирање на различните нивоа на свесност кои, во нормални услови, не се достапни за нашата свест. Во секој случај, хипнозата не е единствен начин да се соберат податоци од нашиот претходен живот кои ќе ни помогнат да се откриеме себеси.

Ако хипнозата успее да ослободи од вина и блокирани емоции, тогаш човек може да стане господар на својата судбина.

регресија

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.