RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
СЕКСУАЛНА ЗАВИСНОСТ
Сабота, 05 Мај 2012
Слика
КОЛКУ ЈАЗИЦИ ЗНАЕТЕ?
Четврток, 02 Декември 2010
Слика
МОЗОК ЗА ДРУЖЕЉУБИВОСТ
Четврток, 17 Март 2011
Слика
СПИЕЊЕ И МЕМОРИЈА
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
ХАЛО ЕФЕКТ
Недела, 14 Април 2013
Слика
МАЈКИТЕ НА БЛИЗНАЦИТЕ ЖИВЕАТ ПОДОЛГО
Понеделник, 12 Септември 2011

Несреќата најдобро се дефинира како разлика помеѓу нашите таленти и нашите очекувања.

Едвард де Боно



КАКО УСПЕВА МАГИЈАТА? PDF Печати Е-пошта
(3 гласови, просечно 4.00 од можни 5)
прочитано 12507 пати
Среда, 08 Декември 2010 00:29

Маѓионичарите добро ги познаваат сите слабости на публиката и вешто го користат тоа. Но како успеаваат да не измамат?

трик

Во една студија научниците се обидуваат да откријат како маѓионичарите манипулираат со нас. Ова истражување има за цел да дознае како всушност функционира нашиот ум.

Голем дел од сознанијата кои научниците ги имаат за тоа како работи човечкиот визуелен систем потекнуваат од истражувањата на нашата подложност на оптички илузии.

"Се чинеше разумно да ги набљудуваме маѓионичарите со цел да ги унапредиме нашите знаења за човековото сознание, со оглед на тоа дека маѓионичарите знаеја како функционираат одредени психолошки принципи стотици години наназад," изјави истражувачот и когнитивен психолог Густав Кун од Дурхам Универзитетот во Англија, кој во изминативе децении се занимавал и со магија.

"Маѓионичарите навистина ја имаат таа способност да ги извртат вашите перцепции, да ги натераат луѓето да перцепираат работи кои никогаш не се случиле, исто како визуелна илузија," додаде тој.

Густав Кун

Истражувачите го набљудуваа магичниот трик наречен "Топчето кое исчезнува", при кој топчето исчезнува додека е сеуште во воздухот. Тоа се прави така што маѓионичарот всушност блефира дека го фрлил нагоре, а всушност цело време тоа се наоѓа во неговата рака.

Кун се сними себеси како изведува две верзии од илузијата. Во "про-илузионистички" настроената верзија, при лажното замавнување нагоре, неговиот поглед и главата го следат замисленото топче кое лета во воздухот. Во "анти-илузионистичката" верзија, неговите очи се вперени кон раката со која го крие топчето.

Отприлика две третини од волонтерите кои ја гледаа  про-илузионистичката  верзија тврдеа дека топчето летнало високо нагоре. "Често тврдеа дека некој на врвот од екранот го фатил топчето," изјави Кун за LiveScience. За споредба, само една третина од оние кои ја гледаа анти-илузионистичката верзија изјавија дека ја искусиле таа илузија.

трик со гулаби

Кун и неговите колеги ги мереа очните движења на волонтерите за време на експериментот. Изненадувачки, открија дека кога луѓето веруваа дека го виделе исчезнувањето на топчето, повеќето од нив тврдеа дека цело време го набљудувале истото. Вистината е дека повеќе гледаа во лицето на маѓионичарот, мислејќи дека од него ќе откријат каде се наоѓа топчето.

"И покрај тоа што луѓето тврдеа дека го гледаа топчето, откривме дека долго време гледаа во лицето. Иако нивните движења на очите не можеа да бидат изиграни во врска со тоа каде се наоѓа топчето, нивната перцепција беше измамена. Тоа открива колку се важни социјалните стереотипи," изјави Кун.

трик со карти

"Како што го набљудуваме светот, имаме впечаток дека сето она што го гледаме околу нас е реалност. Ова ни говори дека начинот на кој го гледаме светот е под многу поголемо влијание од страна на тоа како го перцепираме и каков посакуваме да биде, отколку од тоа каков навистина е," додава Кун. "И покрај тоа што топчето цело време беше во раката, причината поради која луѓето го видоа дека лета нагоре е затоа што тие очекуваа да го видат тоа. Верувањата за тоа што би требало да се случи превземаат контрола врз реалната визуелна информација."

Во иднина научниците планираат да истражат како други магични трикови успеваат да го изманипулираат мозокот. Кун и неговите колеги ги објавија своите наоди во списанието "Current Biology ".

маѓионичар

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.