RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
5 ПРИЧИНИ ЗА НЕУСПЕХ
Понеделник, 29 Октомври 2012
Слика
БОЛЕСТ ВО НАСЛЕДСТВО
Вторник, 16 Ноември 2010
Слика
НЕГОВИОТ ПОДАРОК И ВИЕ
Вторник, 04 Јануари 2011
Слика
СЕКСОТ ПРОДАВА...АКО СТЕ МАЖ
Сабота, 25 Декември 2010
Слика
ТРКА ПРОТИВ ДЕПРЕСИЈАТА
Среда, 30 Ноември 2011
Слика
САМО НЕ ПАРИТЕ
Вторник, 08 Февруари 2011
Слика
СТОКХОЛМСКИ СИНДРОМ
Понеделник, 25 Април 2011

„ Незрелата љубов вели: 'Те сакам затоа што ми требаш';

Зрелата љубов вели: 'Ми требаш затоа што те сакам'. “

Ерих Фром



ВОЈНИЧКО РОБОТСКА ЉУБОВ PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 2178 пати
Понеделник, 29 Ноември 2010 23:43

Војниците отсекогаш зборуваа за поврзаноста која се јавува помеѓу нив за време на борбите и како се збратимуваат со своите соборци – дури и кога тие се метални.

војник и робот

Денес илјадници роботи се борат рамо до рамо со луѓето на фронтовите. Притоа тие сцени наликуваат на оние од "Терминатор" филмовите. Но во реалниот свет не е се како во филмот "Terminator Salvation", каде роботите и луѓето се лути противници. Напротив, односот помеѓу нив е многу посложен и тој додава некои нови моменти во психологијата на војната.

"Една од психолошки интересните работи е тоа што овие системи (роботите) не се создадени за интимност, а сепак гледаме како луѓето имаат интимни врски со нив," вели Питер Сингер, водечки аналитичар за одбрана при Институцијата Брукинс и автор на "Wired for War: The Robotics Revolution and Conflict in the 21st Century".

Сингер потенцира многубројни примери каде што луѓето војници чувствуваат силна приврзаност кон нивните роботи – особено во тимовите за демонтирање на експлозиви каде што Packbots и Talon роботите се изложени на најголем ризик при демонтирањето.

Еден војник од ваков тим со солзи во очите го однесе својот робот на поправка и запраша дали "ќе може да го поправат Скуби-Ду." И покрај уверувањата дека ќе добие нов робот, војникот беше непоколеблив. Го сакаше само Скуби-Ду.

робот

Робот во рацете

Вооружените сили на САД гледаат на роботите како на неуморни војници кои влеваат страв кај непријателите, и притоа воопшто не се колебаат да побараат инспирација од "Терминатор".

"Еден научник изјави дека се обидувал да го направи Ловецот-Убиец од "Терминатор,"" изјави Сингер за LiveScience.

Сингер и останатите експерти укажуваат дека војниците роботи исто така можат да побудат и љубов кај нивните соборци луѓето, како претходно спомнатиот Скуби-Ду.

"Звучи глупаво, но морате да запомните дека тој (војникот) поминал низ психолошки најужасното искуство: војната," вели Сингер. "А таа машина го спасила безброј пати."

Понекогаш таквата приврзаност доведува до тоа војниците да ги ризикуваат своите животи за да ги спасат роботите, на сличен начин како што тие нив ги спасуваат. Сингер се сеќава на уште една случка со војник од одделот за деактивација на експлозиви кој претрчал 164 стапки низ рафален оган само за да дојде до роботот кој бил онеспособен во акција. Неколку тимови дури и ги унапредија своите роботи, давајќи им ја наградата Пурпурно Срце за воени заслуги. На некои роботи дури им беше овозможен и воен погреб.

Оваа приврзаност кон роботите има своја основа делумно во човечкиот мозок, поконкретно во системот на таканаречени неврони-огледала. Овој систем се активира секојпат кога ќе видиме дека некој прави исто што и ние (во овој случај тоа е борењето), забележува Сингер. Системот помага да се создаде основа за емпатија, но исо така може да ги наведе луѓето да проектираат личности и емоции врз предмети.

робот спасува војник

Поглед кон небото

Зголемениот број на борбени роботи исто така го смени односот на луѓето кон војната, особено откако САД испрати повеќе од 12 000 копнени роботи и повеќе од 7000 беспилотни летала во регионите како Ирак и Авганистан.

Вооружените беспилотни летала се покажаа како ефикасни. Тие можат да го прелетуваат теренот со часови се додека не се покаже потенцијалната мета, и потоа врз неа исрфлаат проектили. За сето тоа време со леталата управуваат оператори кои се наоѓаат илјадници милји далеку, во Невада.

Ваквиот начин на војување изгледа нереален, со оглед на тоа што операторите ги координираат нападите преку онлајн чет и ги гледаат своите мети како мали инфрацрвени фигурички кои се движат наоколу. Голем број медиуми ја пренесоа приказната за 19-годишен оператор на вакво летало, кој ги стекнал своите вештини играјќи на "Xbox" со цел да стане врвен оператор или можеби инструктор.

робот и војник

Ова наведе некои членови на вооружените сили на САД да ги презираат операторите на беспилотни летала бидејќи тие не ги споделуваат ризиците низ кои минуваат пилотите, и уште повеќе, војниците на теренот, дознава Сингер. Еден офицер од Специјалните Операции беше бесен со години заради тоа што погрешен извештај за временските прилики го спречил операторот да ја поддржи својата единица во Авганистан. Неговиот презир за операторите беше толкав што тој изрази поголема почит кон Абу Мусаб Ал-Заркави – водачот и мозокот зад непријателските линии.

Сепак, Сингер вели дека операторите кои се свесни дека се во прашање човечки животи, и кои се гордеат со својата улога помагаат да се деморализира непријателот. И вооружените сили на САД со сигурност многу инвестираа во роботите како борбени средства на иднината.

Кога Сингер запраша еден офицер од Воздушните Сили на САД како тој го доживува психолошкото влијание кое беспилотните летала го имаат врз непријателот, офицерот ги спореди војниците на Ал Каеда и Талибанците со човечкото движење на отпорот прикажано во "Терминатор" филмовите. И тие како и луѓето во филмот се кријат во нивните бункери и пештери со цел да го избегнат технолошкиот напад.

робот во акција

Како да се борите со робот

Постојаното надгледување од небото започна да ги нервира вониците кои се наоѓаат на земјата. Њујорк Тајмс во март извести дека некои Пакистанци се откажале од пиење на ледениот чај Липтон поради стравот дека чајните ќесички ќе служат како локатори за беспилотните летала. А Лос Анџелес Тајмс забележа дека шестомесечните напади на беспилотните летала "Предатор" внесоа немир во Ал-Каеда, така што редовите на милитантите започнаа да се прочистуваат.

Сепак, Сингер и останатите укажуваат дека употребата на роботи може да ги направи САД да изгледаат слаби и кукавички во очите на Блискоисточните култури и воопшто насекаде низ светот. Луѓето од овие култури гледаат моќна нација која води далечна војна со најразвиена технологија но одбива да ги ризикува своите трупи, и тие стануваат уште повеќе предизвикувачки.

"Едната страна смета дека најважно е војниците да им се вратат на своите семејства," забележува Сингер. "За другата страна пак, самиот чин на умирање е скоро единствена цел."

Сингер разговараше со двајца бунтовници за потребите на книгата, и тие ја потврдија технолошката супериорност на Американските беспилотни летала и роботите. Но тие исто така изјавија дека не беа воопшто исплашени – едниот од нив кој бил инжињер изјавил дека едвај чека да се пресмета со робот.

борба против робот

Претходните обиди за потпирање исклучиво врз технологијата и воздушните сили не се покажаа особено ефикасни на подолготрајни патеки, изјави Даглас Пајфер, истражувач на Воздушниот Воен Колеџ при воздушната база Максвел  во Алабама.

"Нема сомнение дека роботите и другите борбени механизми ќе ги обесхрабрат нашите противници и ќе ги минимизираат нашите загуби," објави Пајфер во натпис за списанието "Small Wars Journal". "Но да се обложуваме дека најновата револуционерна технологија на волшебен начин ќе го порази и натера непријателот на спогодување не е баш паметен потег."

На модерните бојни полиња, Ирачките бунтовници започнаа да ги уништуваат роботите од тимовите за демонтирање експлозиви а воедно и да ги заробуваат за да ги искористат за свои потреби, објасни Сингер во својата книга. Таков беше примерот со скејтборд на далечинско управување наполнет со експлозиви кој се движеше брзо како да го носи ветерот.

Погодете кој ги има Терминаторите

"Не мораме да бидеме во 2018 година со Скајнет и терминаторите околу нас, за да овие војни дилеми ги земеме во предвид," изјави Сингер. "Тие се веќе тука."

Воените сили на САД и останатите земји рапидно испраќаат огромен број роботи на море, копно и во воздух. Затоа не е ни чудо што експертите цитирани во "Wired for War" не можеа да се воздржат, а да не го споредат ова со "Терминатор". Тие предупредија дека САД ризикуваат да бидат перцепирани како злата империја од "Војната на ѕвездите", доколку пред тоа не бидат споредени со бездушниот Скајнет и неговата армија на немилосрдни роботи терминатори.

И покрај сето ова, истражувачите на роботи и воените сили не претстануваат да црпат инспирација од научната фантастика и "Терминатор" филмовите. Сингер имаше прилика да присуствува на презентацијата на Енергетски Автономниот Тактички Робот (ЕАТР) – долготраен робот кој има можност да ја обновува својата енергија од "трева, скршени стакла, намештај, мртви тела," според исказот на еден научник.

"Навистина се надевам дека Скајнет нема да дознае за овој систем," изјави Сингер.

Терминатор

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.