RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ЛИЧНОСНИ ТИПОВИ А Б Ц Д
Понеделник, 30 Септември 2013
Слика
ЕСТРОГЕН ЗА ДОБАР СЛУХ
Четврток, 16 Декември 2010
Слика
ЗОШТО ТОЛКУ ПАРФЕМ?
Четврток, 16 Декември 2010
Слика
НОВ ЛЕК ЗА ДЕПРЕСИЈА
Понеделник, 12 Декември 2011
Слика
БИНГО ЗА СИРОМАСИ
Сабота, 18 Декември 2010
Слика
НА ДРУГАТА СТРАНА
Петок, 13 Јануари 2012
Слика
ШТО НЕ ПРАВИ НАЈСРЕЌНИ?
Понеделник, 28 Ноември 2011
Слика
ОД ШТО СЕ НАПРАВЕНИ СОНИШТАТА?
Петок, 07 Декември 2012

Разумот е како некоја јавна тајна која може да стане позната на секого во секое време; тоа е она тивко место каде што секој може да влезе преку својата мисла.

Карл Јасперс



7 ФЕЈСБУК ЕФЕКТИВНИ НАВИКИ PDF Печати Е-пошта
(3 гласови, просечно 4.67 од можни 5)
прочитано 9437 пати
Вторник, 01 Ноември 2011 00:00

Краток опис на психологијата на Фејсбук во 7 точки...

фејсбук лајк

Сакале или не, Фејсбук е насекаде и ќе продолжи да биде насекаде особено сега кога филмот кој ја опишува неговата генеза - Социјални мрежи - ќе се прикажува низ светот во наредните неколку месеци. За полесно разбирање, следуваат 7 совети кои се базираат на истражувања за целосната доминација на Фејсбук. Доколку не го користите, тие би требало барем да ви помогнат да се запознаете со конверзациите околу Фејсбук преку релевантните забелешки од психолошкото истражување.

фејсбук

1. Додадете помеѓу 100 и 300 пријатели.

Не изгледа добро доколку имате премногу или премалку Фејсбук пријатели.

Се претпоставува дека човековиот мозок може да одржи врска со 150 луѓе и Тонг (2008) откри дека социјалната привлечност на Фејсбукерите е највисока околу оваа бројка. Доколку имате многу над 300 или под 100 пријатели започнува да опаѓа и социјалната привлечност.

фејсбук чат

2. Прифаќајте атрактивни пријатели

Осигурајте се дека вашите пријатели или луѓето кои постираат на вашиот 'ѕид' имаат добар изглед. Волтер (2008) откри дека атрактивните пријатели ја зголемија перцепираната атрактивност на профилите на учесниците.

фејсбук тинејџери

3. Разберете ги 7-те мотивации

Доколку имате потреба да привлечете повеќе луѓе како Фејсбук пријатели, добро е да се разбере неговата атрактивност.

Џонсон (2008) откри 7 основни мотивации за користење на Фејсбук: поврзување со стари или далечни пријатели, социјално пратење (набљудување што прават пријателите, без да се разговара со нив), среќавање на луѓе кои сме ги запознале офлајн, гледање на виртуелни луѓе, ажурирање на статус и содржини.

Цукерберг

4. Не дозволувајте партнерот да користи Фејсбук

Муиз (2009) откри дека учесниците кои поминуваат повеќе време на Фејсбук се пољубоморни на нивните партнери. Тоа веројатно се случува бидејќи тие откриваат работи за нивниот партнер - кого познаваат и низ што поминале - што, во деновите пред социјалните мрежи, било премолчено.

Затоа, не дозволувајте вашиот партнер да го гледа вашиот Фејсбук профил. Освен доколку сакате да го направите љубоморен. Во секој случај, продолжете.

 фејсбук лајк

5. Чувајте својата приватност

Приватноста е голема, контроверзна тема на Фејсбук бидејќи профилите на многу луѓе споделуваат многу информации.

Носко (2010) откри дека младите, слободни луѓе се особено склони да споделуваат интимни информации за себеси. Но, според Бојд (2010), младите луѓе сега повеќе ги користат прилагодувањата за приватноста отколку пред една година, што значи пораката се пренесува.

Сте слушнале порано и ќе слушнете повторно: внимавајте што кажувате за себе онлајн, никогаш не знаете кој ги користи информациите.

агресивен маж на фејсбук

6. Прикажете го вашето вистинско јас

Интересно е тоа што често можете да им верувате на Фејсбук профилите. Бек (2010) откри дека Фејсбук профилите генерално го рефлектираат вистинското наспроти идеалното Јас на сопственикот.

Корисниците на Фејсбук можеби не ги познаваат лично сите свои фејсбук пријатели, но веројатно им се допаѓаат истите филмови, книги или бендови.

шокирани жени на фејсбук

7. Користете го Фејсбук за да дојдете до работа

Во денешно време често се оддалечуваме од родните краишта и старите пријатели, лесно е да се изгуби контакт со луѓето кои може да ни дадат поддршка во животот. Фејсбук доаѓа на помош.

Елисон (2008) откри дека корисниците на Фејсбук имаа повисоки нивоа на 'социјален капитал'. Со други зборови: луѓето ги користат своите Фејсбук контакти за да добијат работа или други можности. Видете, Фејсбукерите не сурфаат само по сликите на луѓето кои ги познаваат и луѓето кои би сакале да ги запознаат, тие градат социјален капитал.

Барем, тоа е изговорот кој можеме да го користиме од сега.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.