RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ОД ВАС ЗАВИСИ
Понеделник, 22 Ноември 2010
Слика
ШТО Е "НОРМАЛНО"?
Недела, 13 Ноември 2011
Слика
НЕПРИЈАТНА ВИСТИНА ЗА СЕКСОТ
Петок, 18 Ноември 2011
Слика
ДВОЈНИОТ ЖИВОТ НА ЖЕНИТЕ
Понеделник, 21 Март 2011
Слика
ЖЕЛБА ЗА БЕСМРТНОСТ
Петок, 22 Април 2011
Слика
БИОЛОГИЈА НА ЗАБОРАВАЊЕТО
Понеделник, 14 Мај 2012
Слика
КАКО ДА ГИ "ЧИТАТЕ" ЛУЃЕТО
Понеделник, 26 Септември 2011

Постигнувањето во општеството се проценува со погрешно дефинираниот критериум според кој принудно сте ставени во позиција другите да ви определуваат колку сте успешни.

Алберт Бандура



НАСИЛНИТЕ ИГРИ ГИ УНИШТУВААТ ЕМОЦИИТЕ PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 3883 пати
Недела, 30 Октомври 2011 16:58

После претерано насилни настани, игрите со пукање се ставаат на испитување...

сцена од игра

Во Норвешка, неколку игри со пукање во прво лице исчезнаа од пазарот некое време после убиствата. Дали интензивните борби прикажани на рамен екран резултираат и со агресивно однесување во вистинскиот живот? Истражувачите од Универзитетот во Бон открија обрасци на мозочна активност кај тешките гејмери која се разликуваа од оние кај лицата кои не играа.

човек игра

Поврзаноста на игрите со пукање "во прво лице" со насилството постојано се разгледува. Учесниците се внесуваат во улогата на стрелец кој се бори со своите противници во воени ситуации користејќи разни оружја. Се смета дека норвешкиот убиец интензивно учествувал во такви светови пред да убие десетици луѓе во округот на владата во Осло и на островот Утоја. После стрелачката активност во Ерфурт, Емсдетен и Винхеден, дебатата дали насилните игри го намалуваат прагот на инхибиција и резултираат со насилно однесување беше одново активирана.

агресивен маж

Психолозите, епилептологистите и неуролозите од Универзитетот во Бон го студираат ефектот на сликите од игрите со пукање и други емотивно исполнети слики врз активноста на мозокот на гејмерите. "Во споредба со луѓето кои се воздржуваат од вакви игри, тие покажуваат разлики во начинот на контрола на емоциите," изјавува водечкиот автор д-р Кристијан Монтаг од Институтот за психологија на Универзитетот во Бон.

дете со џојстик

Претерано играње на насилни игри од околу 15 часа неделно

21 субјект на возраст од 20 до 30 години играа стрелачки игри во прво лице во просек речиси 15 часа неделно. За време на студијата, има беше покажан стандардизиран каталог од фотографии кои сигурно предизвикуваат емоции во човековиот мозок, користејќи видео наочари. Истовремено, истражувачите ги снимаа реакциите во нивните мозоци користејќи еден од мозочните скенери во Центарот за живот и мозок при Универзитетот во Бон. Сликите вклучуваа фотографии кои се користат во насилните игри, но и слики од несреќи и жртви на катастрофи. "Овој микс од слики ни помогна да го пренесеме субјектот и во светот на фиктивниот стрелец во прво лице со кого се запознати и да предизвикаме емоции преку реални слики," објаснува д-р Монтаг. Овој каталог од слики им беше покажан и на контролна група од 19 лица кои немаа искуство со насилни видео игри.

возрасен игра плеј стејшн

Кога субјектите ги разгледаа реалните, негативни слики, се појави значително зголемена активност во нивните амигдала. Оваа област на мозокот е силно поврзана со процесирањето на негативните емоции. "Изненадувачки, амигдалата на субјектите како и на контролната група беа слично стимулирани," изјавува Монтаг. "Тоа покажува дека двете групи реагираа на сликите со слично силни емоции." Но, левите медијално-фронтални лобуси беа јасно помалку активирани кај корисниците на насилни игри отколку кај контролните субјекти.

сцена од игра

Ова е мозочната структура која луѓето ја користат да го котролираат својот страв или агресија. "Стрелците во прво лице не реагираат толку силно на реалните, негативни слики бидејќи тие се навикната на нив од нивните дневни комјутерски активности," заклучи Монтаг. "Може да се каже дека тие се понечувствителни во споредба со контролната група." Од друга страна, процесирајќи ги сликите од компјутерските игри, стрелците во прво лице покажаа поголема активност во мозочните области поврзани со сеќавањето и работната меморија отколку членовите на контролната група. "Тоа укажува дека гејмерите се ставаат себеси во видео играта додека има се покажуваат сликите од компјутерските игри и бараа потенцијална стратегија за да најдат решение за покажаниот статус на играта," вели д-р Монтаг.

девојка игра

Насилните игри како причина за промена на мозочната активност

Едно прашање кое се појави за време на интерпретирањето на резултатите е дали корисниците покажаа променета мозочна активност поради игрите или дали тие беа потолерантни кон насилството од самиот почеток и како последица на тоа, преферираа игри со стрелци во прво лице. Истражувачите од Универзитетот во Бон беа во можност да предложат одговор на ова прашање врз основа на фактот дека зедоа во предвид разни карактеристики на личноста како страв, агресивност, бесчувствителност или емоционална стабилност. "Немаше разлика помеѓу субјектите и контролната група во таа област" изјавува д-р Монтаг. "Ова укажува дека насилните игри се причина за разликата во процесирањето на информацијата во мозокот."

купување игра

Од резултатите, д-р Монтаг заклучи дека емоционалното десензитивирање не се јавува само додека се играат компјутерски игри. "Конечно имавме можност да ја откриеме и намалената контрола на емоциите кај стрелците во прво лице за реалните сликите," вели тој. Затоа тој смета дека овие реакции не се лимитирани само на виртуелните светови. Иако постојат многу студии за видео игрите и агресивното однесување, има изненадувачки малку студии за нивниот ефект врз мозокот. "Нашите резултати овозможуваат индикации дека претераното користење на игри со стрелци во прво лице доаѓа заедно со своите проблеми," вели д-р Монтаг. "Но, ќе ни бидат потребни дополнителни студии да се фрли светло на поврзаноста помеѓу насилните игри, мозочната активност и актуелното однесување."

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.