RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ГЕНЕТСКА ДЕПРЕСИЈА
Недела, 09 Јануари 2011
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
ИЗБОРЕТЕ СЕ СО ПАНИКАТА
Среда, 30 Март 2011
Слика
КОМПЈУТЕРСКА УБАВИНА
Петок, 17 Декември 2010
Слика
10 ПРАВИЛА ЗА СРЕЌНА ВРСКА
Петок, 14 Јануари 2011
Слика
СТАРОСТ - ГРДОСТ
Петок, 15 Јули 2011

„После занимавање со психологија речиси пола век, мојата страст за неа е поголема од било кога“

Филип Зимбардо



ВИСТИНАТА ЗА ИНТЕРНЕТ ЗАВИСНОСТА PDF Печати Е-пошта
(2 гласови, просечно 4.50 од можни 5)
прочитано 6234 пати
Четврток, 29 Септември 2011 15:03

Вистината за зависноста и влијанието на интернетот врз вашиот живот...

интернет

Хилари Кеш се враќа дома од работа и пред неа се појавуваат 2 можности за пополнување на времето: да излезе во градината и да ги негува цвеќињата, или едноставно да седне пред компјутер.

На цвеќињата навистина им е потребна нега. Од друга страна, компјутерот може да почека, посекако таа ја заврши нејзината задача за денот.

И покрај се', Кеш седнува пред компјутер и се чувствува како да ја привлекува некаков магнет. Можеби и' стигнал меил од некоја пријателка, можеби има нешто интересно на Твитер, или пак некој постирал нови слики на Фејсбук.

интернет

„Мене навистина ми е тешко да се одделам од компјутерот," – вели Кеш. „Тешко ми е да си речам: Тргни се од компјутерот – оди да ги навадиш цвеќињата."

Дали менува нешто ако седне на копјутер или ги навади цвеќињата? Да, менува многу работи, велат експертите. Експертите велат дека животот на интернет предизвикува појава на таканаречен "мозок-пуканка" – мозок кој е премногу навикнат на постојана стимулација предизвикана од вршењето електронски задачи со што се губиме во животот надвор од интернетот, каде работите "пукаат" многу побавно отколку на интернет.

работа во градината

Смартфон повеќе од сопственото дете

Леви, професор на Универзитетот во Вашингтон, ја раскажува приказната кога држел предавање во некоја фирма за информатика. На ручекот после предавањето, еден вработен му кажал како претходната ноќ неговата сопруга побарала од него да ја избања нивната ќерка. Наместо да ужива во времето поминато со своето дете, тој го потрошил времето на телефон, праќал и примал пораки. Не морал да работи, но имал потреба да го користи телефонот, и тоа било големо искушение за него, иако знаел дека детето го чека во бањата.

смартфон

„Навистина е чудно," – цели Кеш, советувач кој организира терапии за луѓе кои сакаат да се откажат од нивните телефони и останати забавни предмети. „Не можеме само да стоиме и да чекаме автобус, и штета што е така, затоа што и на нашиот мозок му е потребен одмор и време за обработка на податоците."

Клифорд Нас, психолог на Стенфорд, вели дека истражувањата покажуваат дека работата на интернет прави да забораваме да ги читаме човечките емоции. Кога на зависниците од интернет им беа покажани фотографии со слики од луѓе, ним им беше тешко да ја одредат емоцијата која луѓето на сликите ја изразуваат.

татко со две дечиња

Кога им читал приказни, имаа проблем со пронаоѓањето на емоциите на луѓето во приказните.

„Човечката интеракција е научена вештина, а тие не ја користат доволно често," – вели тој.

Влијанието на технологијата врз мозокот

Човечкиот мозок е така направен што веднаш бара благодарност, брзина и непредвидливост во технологијата, вели Кеш.

„Никогаш не можам да претпоставам што ќе има ново на Твитер. Од каде да знам кој ми пратил меил? Од каде да знам каде ќе ме однесе наредниот клик на глувчето? Што ме чека?" – вели Кеш. „А точно знам што ме чека во градината."

емаил

Доктор Нора Волков, директор на Националниот Институт за зависност од дроги, признава дека и таа тешко одолева на предизвиците што и' ги нуди нејзиниот мобилен телефон. „Кога сум на одмор, постојано проверувам се' иако не морам," – вели таа. „Или пак, ќе излезам на прошетка со сопругот, и не можам да се контролирам, проверувам пошта. Чувствувам вина, но сепак го правам тоа."

Таа објаснува дека постојаната стимулација може да ги акривира клетките на допаминот во пределот за задоволство на мозокот.

твитер

Со текот на времето, и со доволната употреба на интернетот, структурата на нашиот мозок се менува и физички, покажува едно ново истражување. Истражувачи од Кина направиле снимки со магнетна резонанца на мозокот на 28 студенти кои поминувале околу 10 часа на интернет.

Во споредба со оние кои минувале помалку од 2 часа на интернет преку денот, овие студенти имале помалку сива маса која е главниот носач на мисловниот процес во мозокот.

Како да се справите со проблемот

Постојат луѓе кои лесно се префрлуваат од виртуелниот во реалниот свет. Ако не сте еден од нив, еве неколку совети:

девојка на компјутер

1. Забележувајте колку време поминувате на интернет

Запишувајте колку часа минувате на интернет, и како ги користите, предлага Леви. Обрнете внимание како се чувствувате додека стоите пред компјутер.

„Сите што пробаа, имаа што да сфатат." – вели тој. „Многу често луѓето се приклучуваат на интернет кога им е досадно или кога се нервозни."

фејсбук

2. Поставете си граници

Одредете си време – на пример, 2 часа за да одговарате на меилови, да променете нешто на профилот на Фејсбук, предлага Кеш. После тоа, исклучете го компјутерот, телефонот и правете нешто во реалниот свет.

3. Зјапајте низ прозорец

Две минути гледајте низ прозорецот. Ова служи како добар тренинг да го забавите мозокот.

гледање низ прозорец

4. Дозволете си слободно време

Психологот Роберт Лихи предлага дека треба да си најдете слободно време. „На пример, јас нема да проверувам пораки помеѓу 6 и 9 навечер," – вели тој. Лихи, директор на Американскиот Институт за когнитивна терапија, предлага да се наградувате самите себеси за секој час поминат во реалниот свет.

5. Јавете им се на пријателите

Наместо да им праќате пораки, јавете им се на телефон. „Јавете им се на пријателите и излегувајте со нив барем 3 часа на ден, затоа што тоа ќе ве оттргне од компјутерот."

пријатели во кафуле

6. Тестирајте се

Според Центарот за зависност од технологија, имате вистински проблем ако вашите најблиски се загрижени затоа што поминувате премногу време на интернет. Тие Ви нудат тестови со кои може да одредите во која фаза сте.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.