RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
САМОУБИСТВОТО КАЈ МАЛИТЕ ДЕЦА
Понеделник, 17 Октомври 2011
Слика
ЖЕНИТЕ И АЛКОХОЛОТ
Четврток, 24 Февруари 2011
Слика
ХИПЕРСОМНИЈА
Вторник, 20 Декември 2011
Слика
ВИСТИНСКА ПРИКАЗНА ЗА ПРИВЛЕЧНОСТА
Понеделник, 03 Октомври 2011
Слика
ЗОШТО СТЕ СЕУШТЕ СИНГЛ?
Среда, 07 Септември 2011
Слика
ИДЕНТИТЕТ И КРЕАТИВНОСТ
Четврток, 28 Април 2011
Слика
ТЕОРИИ ЗА ЛЕВИЧАРИТЕ
Четврток, 06 Октомври 2011
Слика
ШТО Е СВЕСНОСТ?
Петок, 01 Април 2011
Слика
ПЛАЦЕБО ЕФЕКТОТ ЛЕКУВА!
Четврток, 03 Ноември 2011

„Цивилизацијата започна кога за прв пат некој гневен човек фрли збор наместо камен“

Зигмунд Фројд



ДЕПРЕСИВЕН ФЕЈСБУК PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 3091 пати
Понеделник, 07 Февруари 2011 22:22

Претераното користење на Фејсбук и другите социјални сајтови може да ве одведе до депресија.

Фејсбук

Новата студија на психолозите од Универзитетот во Лидс пружа уверливи докази дека онлајн разговорите и сајтовите за социјално вмрежување може да имаат серизоно влијание врз психичкото здравје, а понекогаш и да водат од умерена до тешка депресија кај корисниците.

“Интернетот сега има огромно влијание врз современиот живот, но бенефициите од него се пропратени и со одредени недостатоци,” вели лидерот на студијата, д-р Катриона Морисон. “Додека многумина од нас го користат Интернетот за да платат сметки, за купување или праќање мејлови, има мал дел од популацијата на кој му е тешко да контролира колку време поминува онлајн, до точката кога тоа почнува да ги попречува нивните секојдневни активности.”

Фејсбук тинејџерка

Студијата на Морисон, објавена во списанието Psychopathology, е првата која ја разгледува врската помеѓу зависноста од Интернет и депресијата. Нејзините наоди се базираат на анализите на степенот на депресија и навиките на Интернет кај 1319 луѓе на возраст од 16-51.

Според Морисон, порнографијата и онлајн игрите кај корисниците на сајтовите за социјално вмрежување индицираа поголема застапеност на умерена, односно тешка  депресија, отколку кај другите корисници. “Нашето истражување укажува дека претераното користење на Интернет е поврзано со депресија, но она што не го знаеме е што доаѓа прво - дали депресивните луѓе се навлечени на Интернетот или Интернетот ја предизвикува депресијата? Она што е јасно е дека за мала подгрупа на луѓе претераното користење на Интернет може да биде предупредувачки сигнал за депресивните тенденции,” додаде таа.

око

Еден од наодите на Морисон беше тоа дека за младите луѓе е поверојатно да бидат Интернет зависници во споредба со средовечните корисници, а просечната возраст на оваа зависничка група е 21 година. Таа ја наведува серијата на самоубиства меѓу тинејџерите во Велшкиот град Бриџенд во 2008 година и се запрашува до кој степен сајтовите за социјално вмрежување може да придонесат за депресивните мисли кај ранливите тинејџери.

“Ова истражување го засилува јавното шпекулирање дека приврзаноста кон сајтовите кои служат за да го заменат нормалното социјално функционирање може да биде поврзана со психолошките пореметувања како депресија и зависност,” заклучува Морисон. “Сега треба да размислиме за пошироки социјални импликации на оваа поврзаност.”

депресивен тинејџер

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.