RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
СУБ-РЕКЛАМИ
Четврток, 23 Декември 2010
Слика
МЕЃУСЕБНА ИНХИБИЦИЈА
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
ШТО Е ЕМОЦИОНАЛНО НАПУШТАЊЕ?
Четврток, 25 Октомври 2012
Слика
АВТОХИПНОЗА
Среда, 17 Август 2011
Слика
ЉУБОВТА Е ПОМОЌНА ОД СЕКСОТ
Понеделник, 08 Ноември 2010
Слика
ТИПОВИ КАРАКТЕРИ
Среда, 30 Март 2011
Слика
БОЛЕН ВАЛЕНТАЈН
Понеделник, 14 Февруари 2011

„Цивилизацијата започна кога за прв пат некој гневен човек фрли збор наместо камен“

Зигмунд Фројд



ИГРИЦИ ЗА ДОБРИ ОДЛУКИ PDF Печати Е-пошта
(1 глас, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 2743 пати
Четврток, 27 Јануари 2011 01:00

Компјутерска игра за подобро донесување на одлуки...дали е можно такво нешто? Ова не е фикција, туку реалност.

игра

Истражувачите го навестија развојот на прототип на комјутерска игра која ќе го помогне во подобрувањето на способноста за донесување одлуки во сите аспекти од животот.

Поддржан од Советот за инженерски и физичко-научни истражувања, тим од Универзитетот Квинс во Белфаст, Ирска, откри прототип на компјутерска игра која ќе  може да се употреби од страна на производителите на комерцијални игри и како алатка за обучување или учење преку интернет за сите видови професионалци, а воедно и за  целата јавност.

Воедно, некои од прототипните својства би можеле да бидат инкорпорирани во веќе постоечките комјутерски игри со стратешки елементи.

Научниот тим кој работеше на проектот истражуваше дали луѓето можат да се обучат да носат подобри одлуки така што ќе ја подобрат својата способност да ги препознаат и преиспитаат сопствените мислења и предрасуди и точно да ја одредат својата несигурност  во веројатниот исход од одлуката.

нерешителност

На пример, доцните за воз. Дали ќе стигнете навреме доколку трчате? Или резултат ќе биде стресот поради неуспешен обид?

За да ги зголемите шансите за донесување на вистинската одлука, ќе треба да ги земете во предвид сите информации кои ви се достапни (кои може да се менуваат од минута во минута). Но, исто така помага ако, користејќи ги овие информации, се обидете да направите проценка на вашите шанси, која ќе биде поточна доколку ја земете во предвид вашата склоност да интерпретирате такви информации, врз основа на претходните искуства. Можеби знаете дали сте склони да бидете повеќе или помалку сигурни во слични ситуации.

дете игра

На истиот начин, играта прототип (достапна за секого на worldofuncertainty.org) ги учи луѓето да ја земат во предвид својата несигурност и да научат од искуството кога се соочени со сличен избор.

“Тоа е првиот онлајн квиз дизајниран да им овозможи на луѓето да пресметаат колку се сигурни во своите одговори и да постигнат поголеми резултати доколку не ја игнорираат својата несигурност туку реалистички да и пријдат,” вели Дејвид Њуман, доктор по филолошки науки, кој го води овој проект.

“Без разлика дали изборите со кои се соочуваме се едноставни или сложени, поголемата свесност за нашата несигурност и предрасуди, може да го подобри квалитетот на донесување одлуки. Веруваме дека постои вистински потенцијал кај луѓето за стекнување на таа свесност преку компјутерските игри.”

Во иднина, игрите од овој тип би можеле да се користат за едукативни и забавни цели од страна на носителите на одлуки од јавниот и приватниот сектор, како и приватните индивидуи со цел подобрување на нивните способности за донесување на одлуки.

двојка игра игрички

Преку 500 луѓе од општата популација , како и студенти од Институтот за технологија од Квинс и Дундалк, веќе го испробаа овој прототип.

Резултатите моментално се обработуваат за да се утврди степенот до кој тие научија да носат подобри одлуки.

“Играта која ја развивме е истражувачка алатка која ни овозможува да откриеме многу повеќе за мисловните процеси и психолошките механизми кои се вклучени при донесување одлуки,” вели Жилдиз Табилди Казај, постдипломец со потекло од Киргистан, клучен член во проектниот тим.

дилема

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.