RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ШТО Е ТЕЛЕПАТИЈА?
Сабота, 12 Февруари 2011
Слика
ЛУЃЕ, ЕМОЦИИ И КОМПЈУТЕРИ
Понеделник, 25 Април 2011
Слика
ВЕРУВАТЕ ЛИ ВО РЕИНКАРНАЦИЈА?
Четврток, 03 Февруари 2011
Слика
ВИЗИОНЕРСКО РАЗМИСЛУВАЊЕ
Понеделник, 01 Август 2011
Слика
ХАБИТУАЦИЈА
Вторник, 23 Април 2013
Слика
ЗОШТО ТОЛКУ ПАРФЕМ?
Четврток, 16 Декември 2010
Слика
ПОРНО ЗАВИСНИЦИ
Сабота, 08 Октомври 2011

„Се што не иритира кај другите може да не одведе кон подобро разбирање на себеси.“

Карл Густав Јунг



ЕМОТИВЕН РОБОТ PDF Печати Е-пошта
(1 глас, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 2339 пати
Недела, 23 Јануари 2011 00:11

Истражувачи од Сан Диего научиле робот со ликот на Ајнштајн да се смее и да се лути.

робот Ајнштајн

Еден хипер-реалистичен, ајншштајновски робот на Универзитетот во Калифорнија сам научил да се смее и да прави различни гримаси. Истражувачите од Сан Диего со помош на машина “го приспособиле” роботот да прави реални изрази на лицето.

„Колку што знаеме, никој досега не користел машина за да научи еден робот да прави реални изрази на лице“ – вели Тингфен Ву, студент на докторски студии на Универзитетот во Сан Диего, Калифорнија на отсекот за компјутерско инженерство, кој го претстави овој изум на Меѓународната конференција за развој и знаење.

Лицата на роботите изгледаат се пореално а и бројот на вештачки мускули што ги контролираат е се поголем. Во прилог на ова, истражувачите од универзитетот во Сан Диего од лабораторијата за машинско перцепирање ги анализираа лицето и главата на нивниот Ајнштајн робот со цел да најдат начин како да го автоматизираат процесот со кој ќе можат да ги научат роботите да прават природни изрази на лицето.

робот и жици

Главата на роботот има околу 30 лицеви мускули, и секој од нив се придвижува преку серво мотор што се поврзува со мускулот преку жица. Денес професионалец мора рачно да ги програмира овие видови на реалистични роботи, така што серво моторите  ќе работат на вистинските комбинации со кои добиваат специфичен израз на лицето. Со цел да пронајдат начин да го автоматизираат овој процес, истражувачите учат за развојната психологија и за машините.

Стручњаците по развојна психологија сметаат дека децата учат да ги контролираат движењата преку систематски истражувачки движења. На пример, почнуваат да гугаат за да научат да зборуваат. Со тек на време, овие движења исчезнуваат бидејќи децата веќе научиле да го контролираат телото и да посегнуваат по предметите.

„Истава идеја ја искористивме за да ги научиме роботите да прават реални гримаси“ – вели Хавиер Мовелан, автор на трудот презентиран на конференцијата во 2009 година и директор на лабораторијата за машинска перцепција на Универзитетот на Калифорнија што се наоѓа во калифорнискиот Институт за телекомуникации и информатичка технологија.

емоции

Иако нивните прелиминарни резултати ветуваат, истражувачите велат дека некои од гримасите сеуште им изгледаат чудно. Една можна варијанта е дека нивниот модел можеби е премногу едноставен за да се опише заедничката интеракција на мускулите на лицето со кожата.

За почеток, истражувачите од Сан Диего направија главата на роботот со ликот на Ајнштајн да се врти во сите насоки – овој процес е наречен “клатење со телото.” Во овој период, роботот можеше да се види во огледало и да ги анализира своите гримаси со помош на софтвер за детекција на гримаси направен на Универзитетот во Сан Диего, Калифорнија и наречен CERT (Computer Expression Recognition Toolbox). Овој софтвер ги дава потребните податоци со што машината за учење креира алогаритми кои ги организираат изразите на лицето и моторите на мускулите.

профил

Откако роботот ќе ја сфати врската меѓу гримасите и потребните мускулни движења за нив, тој прави изрази за кои не бил програмиран.

Така на пример, роботот научил да ги спушта веѓите за што е потребно да ги спои веѓите и да ги подзатвори очните капаци за окото да не е толку отворено.

„За време на експериментот, еден од серво моторите прегоре бидејќи не беше добро конфигуриран. Моравме да продолжиме без серво моторот. Откривме дека моделот научи автоматски да надоместува за прегорениот мотор преку активирање на останатите мотори.“ – напишаа авторите во трудот што беше презентиран на Меѓународната конференција за развој и знаење.

серво мотор

„Моментално работиме на модел што ќе создава попрецизни гримаси и на систематскиот начин за ефективно истражување на просторот на моделот,“ – вели Ву, студентот на докторските студии за компјутерски науки. Ву исто така истакнува дека моделот на “клатење на телото” што тој и неговите колеги го презентираа во трудот можеби и не е најефикасниот начин за да се анализира моделот на лицето.

Иако целта беше првенствено да се реши инженерскиот проблем за тоа како да се хармонизираат изразите на лицето со мускулните мотори, истражувачите велат дека со овој вид на работа можат да се објасни и како луѓето учат и ги развиваат изразите на лицето.

Ајнштајн

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.