RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
МИТОВИ ЗА ЧОВЕЧКИОТ МОЗОК
Сабота, 22 Октомври 2011
Слика
6 МИТОВИ ЗА АНОРЕКСИЈАТА
Вторник, 27 Декември 2011
Слика
ЛИЦЕ НА АГРЕСИЈАТА
Сабота, 15 Јануари 2011
Слика
ЗАБРАНЕТО СОЦИЈАЛНО ОДНЕСУВАЊЕ
Вторник, 06 Септември 2011
Слика
ПЛАЦЕБО ЕФЕКТОТ ЛЕКУВА!
Четврток, 03 Ноември 2011

Ако не ги изразите своите оригинални идеи, ако не го слушате сопственото битие, вие сте се издале себеси.

Роло Меј



УЧИТЕЛКА РОБОТ PDF Печати Е-пошта
(1 глас, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 3110 пати
Среда, 19 Јануари 2011 18:08

Светот навистина го живее 21-от век. Како поинаку да се објасни фактот што во Кореја наставниците се роботи?

робот во училница

Атмосферата во училницата во јужнокорејскиот град Даегу е типично школска.  Учениците седат зад своите клупи и слушаат предавање. Сепак во оваа глетка има нешто необично. Наместо човек од крв и месо, зад катедрата е наставник од пластика и метал.

Engkey, бел робот со јајцевидна форма, создаден од Корејскиот Институт за Наука и Технологија, веќе започна да предава како наставник во 21 основно училиште во корејскиот град Даегу.

Engkey може да се движи низ предавалната и да им се обраќа на учениците. Воедно, може да чита книги и да танцува на музика, мрдајќи ги рацете и нозете. Роботите се високи околу еден метар, имаат дисплеи место лица, каде што се прикажува лицето на вистинскиот наставник кој што управува во него вон училницата, а може да биде дури и во Австралија. Камери ги детектираат изразите на лицата на учителите и ги прикажуваат на аватарот. „Добро образовани, искусни учители од Филипини работат за далеку помали плати од нивните колеги било каде на Земјата, дури и од Јужна Кореја“ - изјави Сагонг Сеонг-Дае, научник од институтот.

учителка робот

Ким Ми-Јонг од одборот за образование на градот Даегу вели: „На децата им се допаѓаат роботите, бидејќи се слатки и интересни. Но постои заинтересираност и кај повозрасни луѓе кои мислат дека би чувствувале помалку трема ако учат од робот наместо од вистинска личност.“

Ким вели дека постои план за испраќање на неколку роботи во руралните региони во Јужна Кореја кои странските учители ги избегнуваат. Таа додала дека роботите се сè уште во тест фаза, но дека сериозно се размислува за нивно вработување на долгорочен план ако научниците ги надградат и ги направат поедноставни за оперирање и поевтини. „Кога има роботи во училницата, учениците поактивно учествуваат во наставата, особено срамежливите ученици кои се плашат да зборуваат во присуство на вистински учител“ додава Ким.

робот и деца

Роботите моментално се во фаза на тестирање, но би можеле наскоро да работат и полно работно време. Не им е потребно осигурување, не постои можност да се разболат или да ја напуштат работата поради ниска плата.

Што би кажале на ова нашите просветни работници?

наставник робот

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.