RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
10 НАЈДЕСТРУКТИВНИ ОДНЕСУВАЊА 1 ДЕЛ
Четврток, 17 Февруари 2011
Слика
АВАТАР ВО ЖИВО
Вторник, 01 Март 2011
Слика
IQ И EQ ТИПОВИ
Понеделник, 24 Септември 2012
Слика
БИДЕТЕ ФИНИ
Вторник, 01 Март 2011
Слика
ТРОШЕЊЕ ЗА ПРЕСТИЖ
Понеделник, 31 Јануари 2011
Слика
ШИЗОФРЕНИ ШТИКЛИ
Вторник, 18 Јануари 2011
Слика
ДЕПРЕСИВЕН ФЕЈСБУК
Понеделник, 07 Февруари 2011

„После занимавање со психологија речиси пола век, мојата страст за неа е поголема од било кога“

Филип Зимбардо



СЕКС СО РОБОТ PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 2245 пати
Вторник, 11 Јануари 2011 23:04

Сте посакале ли некогаш да имате секс со робот? Најдоцна до 2050 година ќе имате шанса да си ја остварите  желбата.

Дејвид Леви

Најпознатиот стручњак за роботи и вештачка интелигенција Дејвид Леви тврди дека за 40-тина година сексот со роботи ќе биде нормална работа и дека поради тоа ќе се поттикне создавање на многу поквалитетно општество. Не е далеку денот кога луѓето ќе бидат пријатели со роботите, ќе може да имаат со нив секс, романтична врска, па дури и да стапуваат во брак.

Размислувањата и ставовите на научникот се изнесени во неговата книга - "Секс со роботи: Еволуција на односот човек - робот".

Леви оваа теза ја темели врз фактот дека роботиката е во голем развој односно дека вештачката интелегенција незапирливо се развива, додека луѓето истовремено го менуваат својот став кон бракот.

Тој вели дека лесно може да се забележи промената во човековите чувства доколку се земе во предвид дека луѓето во минатото покажувале поголем интерес кон други луѓе, но сега тоа место го заземаат домашните миленици па дури и роботите кученца.

флерт со робот


"Овој тренд ќе продолжи и ќе дојдеме во ситуација во која луѓето ќе започнат да се вљубуваат во софистицирани роботи кои нема многу да се разликуваат од обичниот човек", тврди Леви.

Тој исто така нагласува дека општествените ставови кон различните облици на сексуални склоности стануваат по либерални, што е доста битен факт дека ширењето на оваа појава со тек на време ќе прерасне во легитимни љубовни врски помеѓу припадник на човековиот род и вештачката интелегенција. 

жена и робот

Во книгата, меѓу останатото, Леви тврди дека за помалку од 50 години ќе биде многу тешко да препознаете робот од човек, а во фактот дека ќе се користат сексуални услуги на производите со вештачка интелигенција тој не гледа ништо лошо. И денес се користат вибратори, кои се механички направи, а во Кореја владее вистинска манија по женски сајбер-кукли кои се користат за секс (проституцијата не е легализирана во оваа земја).

Девојки, расположени сте за романса? Леви предвидува дека до 2025 година ќе се создаде робот кој ќе биде емоционално подостапен отколку било кој од  просечните мажи!

секс со робот

"Секс со роботи ќе користат најмногу осамените, грдите и социјално неприлагодените луѓе. Општеството тогаш ќе биде посреќно место за живеење, бидејќи на таквите поединци им се дава алтернатива и нема да имаат потреба да нанесуваат болка на другите луѓе. Во тоа нема ништо лошо. И самиот би сакал да го испробам сексот со робот, но јас сум среќно оженет", заклучува Леви.

романса со робот

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.