RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали го лажете ликот во огледалото?
 
 
 
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ПСЕВДОЦИЕЗА - ХИСТЕРИЧНА БРЕМЕНОСТ
Понеделник, 26 Декември 2011
Слика
МАРИХУАНАТА ГО МЕНУВА МОЗОКОТ
Вторник, 01 Ноември 2011
Слика
СОНУВАЊЕТО ГИ НАМАЛУВА ТРАУМИТЕ
Вторник, 06 Декември 2011
Слика
ВЕЖБАЊЕ ПРОТИВ НЕРВОЗА
Петок, 08 Април 2011
Слика
ТИМСКИ ДУХ ПРОТИВ ДЕПРЕСИЈА
Среда, 01 Декември 2010
Слика
ЖЕЛБА ЗА БЕСМРТНОСТ
Петок, 22 Април 2011

„Повеќето од сликите кои ги имаме за реалноста врз кои го базираме нашето однесување всушност се темелат на посакувани искуства“

Алберт Бандура



РОБОКОПТЕР САМ УЧИ ДА ЛЕТА PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 2466 пати
Среда, 15 Декември 2010 00:23

Нов систем на вештачка интелигенција му овозможува на робот-хеликоптер самиот да учи да лета.

робот хеликоптер

Сето тоа го учи гледајќи ги другите хеликоптери што прават. Резултатот е автономен хеликоптер кој може да изведе цел дијапазон трикови низ воздухот потполно сам, велат неговите творци.

Тие се "најтешките воздушни акробатски маневри кои досега ги има изведено хеликоптер контролиран од страна на компјутер," изјави Ендрју Енџи, професор на Стенфорд Универзитетот кој го предводеше истражувањето на дипломираните студенти Питер Абел, Адам Коутс, Тимоти Хантер и Морган Квигли.

Роботот не користи софтвер за да го контролира летањето, туку учи набљудувајќи експерт, и притоа односот е од видот "ученик-ментор". Радио-контролниот пилот Герет Оку оперира со модел на хеликоптер од 4 стапки кој ја има улогата на експерт.

"Герет може да работи со било кој хеликоптер, дури и со некој што никогаш порано го нема видено, и да се впушти во неверојатни воздушни акробации. Прашањето кое отсекогаш сме си го поставувале е: Зошто компјутерите не можат да направат такво нешто?" вели Коутс.

Изгледа дека можат.

Хеликоптерот кој е управуван од вештачка интелигенција, е најнов модел кој покрај својот нов "мозок", може да изведува превртувања, нагли свртувања, лупинзи, вртења во место со пируети и друго. Тој дури може да изведе и "тик ток", при кој хеликоптерот, додека е поставен право нагоре, започнува да се ниша од една на друга страна, како да е клатно на ѕиден часовник кој е поставен надолу.

научен тим

"Мислам дека опсегот на маневри кои може да ги изведе е најширок досега" во самоуправувачката хеликоптерска област, изјави Ерик Ферон, професор по аеронаутика и астронаутика на Џорџија Тек Универзитетот кој има работено на вакви самоуправувачки хеликоптери додека беше на МИТ. "Но она што е поимпресивно е технологијата која е основа на целата оваа работа. На еден начин, машината се учи сама преку набљудување на стручен пилот во лет. Ова е неверојатно."

Хеликоптерите не се лесни за контролирање. Потребно е постојано залагање со цел да се одржи хеликоптерот стабилен.

"Хеликоптерот не сака да лета," вели Оку. "Тој секогаш сака само да се преврти и удри во нешто."

Ученикот-хеликоптер е опремен со додатни инструменти, како мерачи на забрзувањето и жироскопи па се до магнетометри, кои со помош на Земјиното магнетно поле одредуваат во кој правец е насочен хеликоптерот.

Во иднина, вакво летало може да се покаже корисно при пребарување на заталкани мини во земјите погодени со војна или пак при обележување на критичните точки каде што беснеат шумски пожари.

робот хеликоптер лета

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.